(Видео) Пороен дожд во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег. Градовите отсечени


Обилниот снег и дожд ги затворија патиштата и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во југозападна Швајцарија, соопштија властите, додека дождот предизвикува проблеми и во северна Италија. Претставник за туризам рече дека Зермат, популарен алпски ски-центар на југот на земјата на границата со Италија, е отсечен. Телевизиската станица СРФ објави дека во регионот паднале 55 […]

Две студентки убиени во Италија, телото на едната е пронајдено во куфер


По убиството на две студентки, во Италија има повик за „културен бунт“. Со нивното убиство, бројот на убиени жени во оваа земја од почетокот на оваа година се зголеми на 11. Сара Кампанела (22), студентка по биомедицина, на 31 март попладнето била избодена со нож на автобуска постојка во сицилијанскиот град Месина и починала додека […]

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија


Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца. Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од […]

Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години


Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат. Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години. Италија има најстаро население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, […]

Во Италија по 40 години се враќаат на нуклеарните централи


 Владата на Италија донесе одлука за враќање на нуклеарната енергија речиси по 40 години откако беше забранета на референдум. Законот мора да биде одобрен од Парламентот. – Владата одобри уште една важна мерка за обезбедување чиста, сигурна, евтина енергија која може да гарантира енергетска безбедност и стратешка независност, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по владината […]

Евростат: Италија има најстаро население во Европа, просечната возраст е 48,7 години


 Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во земјата е 48,7 години, соопшти денеска Евростат. Во соопштението се наведува дека ова е за четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година. Се истакнува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за […]

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција


Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица. Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и […]

Италија има план земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ пред 2030


  Министерот за надворешни работи Италија, Антонио Тајани, предложи поедноставување на процесот за пристапување кон ЕУ, особено на земјите кандидати од Западен Балкан. Во сржта на тој план е зајакнување на постепената интеграција и подобрување на стратешката комуникација. Планот е претставен пред претставниците на ЕУ и балканските министри на вчерашниот состанок на групата „Пријатели на […]

Италија не ја потпиша декларацијата за осуда на американските санкции кон Меѓународниот кривичен суд


Италија не ја потпишала заедничка декларација на земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во која се критикува одлуката на САД за воведување санкции кон судот, јави Анса. Меѓу 97-те земји-членки кои ја потпишаа декларацијата се Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија. Во декларацијата се наведува дека санкциите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп „сериозно […]

Штрајкови низ Италија во петок


Во петок се очекуваат сериозни нарушувања во сообраќајот во Италија бидејќи се најавени неколку штрајкови кои ќе ги погодат возачите, патниците и аеродромските служби, но и студентите. Италијанските медиуми го нарекоа денот Црн петок, бидејќи се планираат низа синдикални акции низ целата земја со барање за повисоки плати, продолжување на договорите и подобри услови за […]

Италијанската економија е на климави нозе


Буџетот на Италија за 2025 година предвидува намалување на фискалниот дефицит на 3,3 отсто од БДП од очекуваните 3,8 отсто од БДП во 2024 година, со даночни намалувања за групите со низок и среден приход. Европските правила налагаат буџетскиот дефицит на членките на ЕУ да не може да надмине три отсто од нивниот БДП, а […]

Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија


Организациите на мафијата заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење „Демоскопика“ и објавено денеска. Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони аџии кои се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки […]

Генерален штрајк во Италија заради владиниот буџет


 Генералниот штрајк во Италија денеска доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз, затворање на некои училишта и ограничувања на здравствените услуги во знак на протест против буџетските планови на владата. Најголемиот синдикат CGIL се противи на намалување на социјалните бенефиции, јавните услуги и инвестициите, а синдикатот UIL бара инвестиции во безбедноста на работниците […]

Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот


Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот. Во финалето во Малага, „азурите“ ја совладаа Холандија со 2:0 и им ја ускратија можноста на „лалињата“ да го освојат трофејот за прв пат во историјата. Матео Беретини им донесе водство на Италијанците со убедливата победа од 6:4, 6:2 над Ботик ван де Зандшулп. […]

Италијанците изборија финале во Дејвис купот, таму ги чека Холандија


Бранителот на титулата во Дејвис купот, Италијанците, обезбедија пласман во финалето на овогодинешното издание на најпрестижното екипно тениско натпреварување, чие финале се игра во Малага. Во полуфиналето ги совладаа минатогодишните финалисти Австралија. Првиот бод за Италија го донесе Матео Беретини кој по два часа и 43 минути игра го совлада Танаси Кокинакис со резултат 6:7 […]

Во Италија од почетокот на годинава убиени се 99 жени, повеќе од една третина од нив постари од 65 години


Во Италија од 1 јануари до 18 ноември годинава се убиени 99 жени, се наведува во извештајот на Институтот за економски и социјални истражувања „Еурес“. Во извештајот се наведува дека повеќе од една третина од овие жени, 37 отсто, имале над 65 години и дека во повеќето случаи тие биле убиени од брачниот другар или […]

Имигрантите кои престојуваат во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија


Имигрантите кои престојуваат во кампот во Ѓадер ќе мора да се вратат во Италија, откако денеска судот во Рим одлучил случајот да го испрати до Судот на правдата на ЕУ. – Одделот за имиграција на судот во Рим  денеска одлучи да го упати до Европскиот суд на правдата прашањето за имигрантите, кои според договорот Италија-Албанија […]

Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија


Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил. На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре. Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот […]

Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно


 Над осум милиони евра буџетот на Рим ќе го чини ангажирањето на вкупно 295 карабинери и италијански полицајци, кои ќе бидат вработени во прифатните центри за имигранти во Албанија, во Ѓадр и Шнѓин. Новинската агенција „Ла Пресе“ јавува дека офицерите кои доаѓаат од Италија ќе престојуваат во еднокреветни соби во два луксузни хотели, во крајбрежната […]

Италија го прогласи за нелегално барањето сурогат мајка во странство


Италијанскиот парламент им забрани на брачните двојки да патуваат во странство за да добијат дете преку сурогат мајчинство, потег за кој се залага партијата на премиерката Џорџа Мелони, а активистите велат дека законот ги таргетира истополовите партнери. Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони спроведува многу конзервативна социјална агенда, настојувајќи да го промовира она […]