Во Италија втор ден од референдумското изјаснување за реформи во судството


Во Италија денеска е вториот ден од референдумското изјаснување на граѓаните за реформа на судскиот систем, јавуваат италијанските медиуми. Гласачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 15 часот. Според Министерството за внатрешни работи, вчера на првиот ден од изјаснувањето на референдумот излезноста изнесувала 46 проценти. Реформата ја поддржуваат владејачката десничарската […]

Македонската заедница од Италија со комеморација за жртвите од Кочани и уште една хуманитарна акција


Македонската заедница во Пиемонте, Италија, кои во изминатава година веќе собрале 40.000 евра за донации за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја одбележаа годишнината од смртта на 63 млади луѓе. „Во неделата вечер организиравме мала, но многу значајна комеморација, на која оддадовме почит на жртвите и покажавме дека тие не се заборавени. […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Тиренското Море покрај Италија


 Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Тиренското Море покрај западниот брег на Италија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГИЗ). Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар го процени земјотресот со јачина од 5,9 степени. Земјотресот се случил на длабочина од 377 километри и 43 километри југозападно од Неапол, град со околу 959.000 жители. Нема веднаш […]

Италијанските доктори на уште еден 24-часовен протест


 Во Италија денеска се одржува уште еден национален 24-часовен штрајк, објави АНСА. Штрајкот е свикан од голем број национални синдикати и предизвика проблеми во областа на образованието и здравството и во другите јавни и приватни сектори. Транспортниот сектор е поштеден од штрајкот. Штрајкувачите бараат подобри услови за работа и пристојни плати во различни сектори. Штрајкот […]

Дојава за бомба во седиштето на владејачката италијанска партија „Браќа на Италија“


Во зградата на улицата Виа дела Скрофа во Рим, каде што се наоѓаат седиштето на владејачката партија „Браќа на Италија“, канцелариите на Фондацијата Национален сојуз и редакцијата на весникот „Секоло д’Италија“, денеска е пријавено дека е поставена бомба, по што зградата е евакуирана, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Полициски екипи ја пребаруваат зградата, со помош […]

Прочуениот италијански Лак на вљубените се урна во морето на Денот на вљубените


  Познатиот лак од морски карпи во Сант’Андреа во Мелендуњо, Пуља, Италија, популарно познат како Лак на вљубените, се урна на Денот на вљубените по силните бури и обилни дождови што ја зафатија јужна Италија. Камениот лак, еден од најпознатите природни обележја на јадранскиот брег, го доби своето име бидејќи служеше како позадина за предлози […]

Италија ја заострува миграциската политика


Премиерката на Италија, Џорџа Мелони го одобри предлог-законот за поморска блокада односно спречување на бродовите со мигранти да пристигнат во Италија. Предвидено е и построг пристап за хуманитарните спасувачки бродови, поригорозни казни за шверцерите со луѓе и планови за забрзана репатријација. Италија ќе може да забрани влез на бродовите во нејзините територијални води во период […]

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија


Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив.   Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице. Во овој регион во сила е предупредување од трето […]

Повеќе од 95.000 жени во Италија се жртви на генитално осакатување


 Над 95.000 жени во Италија се жртви на генитално осакатување (FGM), изјавија денеска активистките кои се обидуваат да го ослободат светот од овој феномен по повод Меѓународниот ден против генитално осакатување на жените, објави италијанската новинска агенција Анса. Овој растечки феномен во Европа, тесно поврзан со присуството на млади мигранти од регионите со висок ризик, […]

Италијански град паѓа во бездна: Лизгање на земјиштето откри огромни размери на игнорирање на проблемот


Додека лизгањето на земјиштето што буквално го преполови градот Нишеми се шири, политичарите се обвинуваат едни со други за тоа кој требало да реагира. Сицилијанците тврдат дека неодамна добиле средства за рехабилитација и дека нивниот поранешен гувернер и сегашен министер не повлекле пари од NPOO Лизгањето на земјиштето долго четири километри што речиси го преполови […]

На југот на Италија прогласена вонредна состојба по минатонеделната дводневна бура


 Италијанската влада вчера прогласи вонредна состојба за јужните региони што минатата недела беа погодени од силна бура, ветувајќи брза финансиска помош за обнова на патиштата и бизнисите погодени од лошото време. Долготрајните дождови, силните ветрови и бранови високи до девет метри два дена ги погодија Сицилија, Сардинија и Калабрија, по што властите проценија дека штетата […]

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија


Зимското невреме предизвика сериозни штети на италијанскиот брег и на медитеранските острови, а властите денеска проценија дека само на Сицилија штетите изнесуваат 740 милиони евра. Високи бранови, силни удари на ветер и обилен дожд предизвикаа штети и на Сардинија, додека на копнениот дел од земјата најтешко е погоден регионот Калабрија на југот. Невремето „Хари“, кое […]

Два земјотресa ја погодија Италија


Два силни земјотреси денес го погодија регионот Емилија-Ромања во Италија, со јачина од 4,3 и 4,1 степени според Рихтеровата скала. Потресите беа почувствувани дури до Тоскана.   Во Емилија-Ромања, првиот земјотрес беше почувствуван во 9:27 часот наутро, со јачина од 4,3 степени, со епицентар во Русија (Равена) и длабочина од 22,9 километри. Вториот земјотрес се […]

Несреќа на жичарница во Италија: Четири лица повредени, 100 спасени со хеликоптер


Најмалку четири лица се повредени, а 100 мораа да бидат спасени со хеликоптер вчера по несреќата на жичарницата на планина во северозападна Италија, соопштија локалните власти. Несреќата се случила кога две кабини се судриле со две станици на жичарницата во близина на селото Макуњага во регионот Пиемонт, соопшти италијанската противпожарна служба. Тројца патници во горната […]

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година


Италија ќе продолжи да обезбедува воена помош за Украина следната година, откако десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони денеска усвои декрет со кој се овластува продолжување на испораките на оружје и воена опрема за Киев, објави ДПА. Италија се смета за еден од најдоверливите партнери на Украина во рамките на НАТО. Одлуката за продолжување на […]

Српскиот претседател Вучиќ обвинет дека бил дел од „снајперското сафари“ за убиства во Сараево


  Претседателот на Србија е обвинет за вмешаност во „сафари снајпер“ во Сараево за време на босанската војна, во која богати странци наводно платиле големи суми пари за да пукаат во цивили. Се тврди дека Александар Вучиќ бил присутен на една од воените позиции над градот од каде што се вели дека странците платиле за […]

Научна фантастика за Италија: Им треба чудо против Норвешка за директно да одат на Светското првенство


Четирикратниот светски шампион, италијанската фудбалска репрезентација е во многу тешка позиција кога станува збор за квалификациите за Светското првенство следната година. Ве потсетуваме дека Италијанците ги пропуштија последните две Светски првенства, во Русија и Катар, и евентуално трето неприсуство на големо натпреварување би било еднакво на катастрофа. За да освојат директно пласман, „аѕурите“ би морале […]

Рама: Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да


На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот премиер Еди Рама и неговата италијанска колешка, Џорџа Мелони, не изостана прашањето околу камповите за мигрантите во Албанија, кои требаше да бидат транспортирани од Италија. На прашањето на италијанскиот новинар, на телевизијата РАИ 3 дали се кае за договорот за бегалскиот камп, кој се чека веќе две години […]

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво


Италија може да загуби околу 20 проценти од своите плажи до 2050 година, а дури 40 проценти до крајот на векот, поради порастот на нивото на морето поврзан со климатската криза, како и поради поплави и ерозија на земјиштето, се наведува во новиот извештај на Италијанското географско друштво „Потопени предели“. Според извештајот, најзагрозени подрачја се […]

Највисокиот суд во Италија ја блокира екстрадицијата на Украинецот осомничен за Северен тек


Највисокиот суд во Италија ја запре екстрадицијата во Германија на наводниот украински организатор на нападите врз гасоводот Северен тек, изјави денеска адвокатот на осомничениот за ДПА. Касациониот суд во Рим неочекувано ја поништи одлуката на понискиот суд. Случајот сега ќе биде вратен на друг суд, кој ќе донесе нова одлука. Осомничениот, Серхиј К., беше уапсен […]