Сицилија: Еден загинат и осуммина исчезнати во неколку урнати згради, предизвикани од експлозија на гас


Италија–  Најмалку едно лице загина откако поради истекување на гас дојде до експлозија што предизвика уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи, јавува ДПА. Едно тело беше извлечено од урнатините, додека две жени се спасени, а уште осум лица се водат како исчезнати, соопшти единицата за цивилна заштита на Сицилија […]

Ла Долче Вита – Ориент Експрес лансира 6 нови луксузни возови низ Италија и пошироко


Италија- Сите на бродот! Има половина дузина луксузни нови возови за спиење подготвени за пругите низ Италија. Познатиот, век стар железнички сервис Ориент Експрес, управуван од француската угостителска група Акор, штотуку објави дека во 2023 година лансира шест раскошни локомотиви кои ќе ги водат патниците низ земјата во форма на чизма и пошироко. Соодветно именуваните […]

Странците тешко добиваат работни дозволи во Македонија


Инвеститорите од странство, кои што работат во Македонија се жалат на проблемот со добивањето неопходните дозволи за работа. Тие минуваат низ исклучително тешки процедури и тоа повеќепати е посочено од нивна страна, истакна денес претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. На прес конференцијата со италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео тие […]

Милано привремено забранува работа на компании за изнајмување електрични тротинети


Италија – Миланo одлучи да ја забрани работата на компаниите за изнајмување електрични тротинети се додека не се утврдат јасни правила за употреба на тоа превозно средство. Одредбата   предвидува дека ел/тротинети можат да се управуваат во Италија само во пешачки зони, на пешачки и велосипедски патеки и во области каде што брзината е ограничена на 30 […]

Италија поради руското ембарго загубила една милијарда евра за пет години


Италија- Поради руското ембарго, воведено како одговор на европските санкции поради кризата во Украина, извозот на италијанските прехранбени производи за пет години забележал загуба од една милијарда долари, објави најголемиот земјоделско-прехранбен синдикат Колдирети. Синдикатот ја објави таа бројка по повод пет годишнината од ембаргото кое рускиот претседател Владимир Путин го воведе на 7 август 2014 […]

Во Италија запленет хашиш во вредност од 50 милиони евра


Италија- Италијанската полиција во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра. Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме. Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран. Ова […]

Јувентус осми пат по ред шампион на Италија


Осма сезона по ред, екипата на Јувентус го освои Скудетото и ја продолжи доминацијата во италијанскиот фудбал во последнава деценија. Печат на новата шампионска титула Јувентус стави вечерва со триумфот над Фиорентина во 33.коло на Серија А по кое торинскиот клуб има недостижна предност пред втроропласираниот Наполи. Вкупно, Јувентус има 35 шампионски трофеи (со исклучок […]

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може […]

(Видео) Македонци држеле сонародници како робови во Италија


Петмина Македонци и еден Бугарин се yaпceни во Северна Италија поради фaлcификyвaњe на документи и потикнување нeлeгaлнa мигpaциja, во aкциjaтa „Сонце“, информираат италијанските медиуми. Станува збор за семејство од градот Алба, кое ангажирало сезонски работници од Македонија за работа на лозови насади, на кои им фaлcификyвaлe бугaрски лични карти, но им ги зaдpжyвaлe нивните пасоши […]

Италијанските власти запленија брод со 49 мигранти


Италијанските власти наредија запленување на бродот Маре Џонио со 49 мигранти, кој вчера пристигна на пристаништето на островот Лампедуза. Бродот Маре Џонио, на невладината организација Медитеране, во понеделникот спаси 49 мигранти од гумен чамец, на 78 километри од либискиот брег. Против екипажот на бродот, обвинителите започнаа истрага поради можно поттикнување на илегална миграција. -Во Италија […]

Италија пресече: Нема вакцина, нема училиште


Децата во Италија кои не можат да докажат дека се вакцинирани, од денеска нема да можат да посетуваат училишна настава, се додека не се вакцинираат, јави Би-Би-Си. Родителите на невакцинираните деца на возраст меѓу шест и 16 години, доколку сепак ги испратат децата во училиште, ќе треба да платат казна до 500 евра, бидејќи ним […]

(Фото): Традиционалната борба со портокали во Италија


Еден од најнеобичните италијански фестивали, Борбата со портокали собра илјадници луѓе во малиот град на северозападот на земјата, на масовна овошна борба. Фестивалот што трае три дена во градчето Ивреа, Пиедмонт се одржува секоја година од 1808 година, па во 2019 година се одржа по 211 пат. Голема толпа луѓе се собраа во градот на […]

(Видео) Ветрот во Италија убива


Оркански ветрови туркаа дрвја и ѕидови во Италија и предизвикаа најмалку три смртни случаи. Ветрови со орканска јачина погодија и голем дел од хрватското крајбрежје, каде оштетени се возила, скршени се прозорци и нарушен е сообраќајот. Хрватската метеоролошка служба јави дека налетите на ветар во Сплит достигнале до 191 км/ч. Италијанската новинската агенција Анса јави […]

Интервју со Рафаеле Кантоне: Специјалните обвинителства се за краток рок


Корупцијата се одразува негативно на најсиромашните, а ги фаворизира најелитните слоеви во општеството – порача вчера Рафаеле Кантоне, претседател на италијанската Национална управа за антикорупција (АNAC). Во интервју за „Независен весник“ тој ги изнесе своите ставови за непотизмот што деновиве е актуелна тема во Македонија, за потребата од специјално обвинителство, за (не)оправданоста на амнестијата и […]

ЕУ до Италија: Го сакате ли тој тунел под Алпите или не?


Европската комисија ја повика Италија што поскоро да се изјасни дали планира да го заврши железничкиот премин кон Франција, кој поминува под Алпите. Се работи за проект кој предизвика поделба меѓу коалиционите партии во италијанската влада. Портпаролот на Европската комисија, на конференција за новинари, рече дека објаснувањето од Рим треба да стигне следните денови, со […]

Во Италија од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра


Италија– Италијанската полиција соопшти дека на автопат во јужна Италија од блиндирано возило се украдени 2,3 милиони евра. Крадците користеле ровокопачи за да го отворат блиндираното возило кое ги превезувало парите. Возилото, кое од Бари пренесувало пари за пензии кон поштите, крадците го стопирале на патот со два шлепера, а потоа користеле два ровокопачи како […]

Италија: Во клубот имало повеќе гости од дозволеното


Бројот на посетители во ноќниот клуб во италијанскиот град Кориналдо, каде во стампедо загинаа шест лица, бил над максимално дозволените, согласно пропишаните безбедносни стандарди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Матео Салвини. – Инспекторите веруваат дека во клубот имало повеќе луѓе од дозволеното. Неприфатливо е некој да загина на 14-годишна возраст, истакна Салвини. Тој додаде дека […]

Место забава – трагедија во Италија: Во стампедо загинаа најмалку шест лица


Во панична турканица во италијански ноќен клуб, загинаа пет малолетници и една жена. Повредени се над 100 лица, меѓу кои 12 се во тешка здравствена состојба. Италијанската пожарникарска служба на Твитер објави дека причината за паника веројатно е прскање на средство за иритација. Осум лица се уапсени денеска поради сомневање дека прскале со гас-солзавец. Според истрагата, […]

Невреме во Италија: Петмина загинати


Четири лица загинаа при свлечиште, предизвикано од поројните дождови во регионот Калабрија, во јужниот дел на Италија, додека еден маж загина во пристаништето Катандзоро откако едрилицата му била однесена од силните ветрови. Поројните дождови и силните ветрови што ја зафатија денеска Италија се очекува утре да се интензивираат уште повеќе. Во повеќе региони во земјата […]

Џенова на Пандев нема да игра против Милан


По огромната трагедија во Џенова, поврзана со уривањето на мостот „Понте Моранди“, Италијанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи средбите меѓу Сампдорија – Фиорентина и Милан – Џенова, закажани за в недела. Двата клуба од Џенова се обратија кон одговорните органи на италијанскиот фудбал, за да побараат одложување на двете средби во знак на сочувство со […]