Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги


Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација. Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за […]

Владата на Драги пред колапс, Италија на работ


  РИМ – Владејачката коалиција на италијанскиот премиер Марио Драги е во ризик од колапс, бидејќи популистичкото Движење 5 ѕвезди се заканува да ја напушти неговата влада. 5 Ѕвезди ветува дека ќе го бојкотира клучното гласање во парламентот во четврток, дестабилизирајќи ја италијанската влада исто како што нејзината економија страда од суша, зголемени цени на […]

Поради сушата, цената на храната може да се зголеми за 50 отсто во Италија и во Шпанија


Сушата во северна Италија ги загрозува приносите за производство на маслиново масло, ориз и домати. Се очекува најголемата суша во регионот во последните 70 години значително да влијае на приносите, а цените може да пораснат за 50 отсто. Кајл Холанд, аналитичар на групата за истражување на пазарот Минатек, рече дека некои пазарни извори сугерираат дека […]

Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите


Во најновиот извештај на италијанското Министерството за правда наведени се проблемите поврзани со екстрадицираните албанските криминалци. Во извештајот за борбата против криминалот и шверцот со дрога, италијанските власти наведуваат дека албанските криминалци се екстрадираат, се ставаат во затворите во Тирана и во Валона и потоа ги напуштаат ќелиите откако ќе платат поткуп. – Албанските криминалци […]

Лампедуза преполна: Италија ги префрла мигрантите на други места


Италијански воени бродови почнаа да ги евакуираат првите 600 мигранти од сицилијанскиот остров Лампедуза, откако центарот за идентификација на бегалци таму беше преполн со новопристигнати и се појавија снимки од лошите услови. Овој месец е забележан постојан пораст на мигрантите кои пристигнуваат во Италија во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни […]

Во северна Италија прогласена вонредна состојба заради суша, најголема во последните 70 години


Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони околу реката По, поради најголемата суша во последните 70 години. Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето ќе добијат 36,5 милиони евра (31 милиони фунти; 38 милиони долари) во итни средства за справување со недостигот на вода. Сушата се заканува на повеќе од 30 отсто од […]

Голема суша во Италија, реката По речиси пресуши


Високите температури предизвикаа суша ширум Италија, реките и резервоарите остануваат без вода, доведувајќи ги околината и стопанството во опасност. Неколку италијански региони веќе прогласија вонредна состојба за да се обезбедат пари за борба против кризата со водоснабдувањето, а здруженијата на земјоделци предвидуваат силен пад на производството во клучни делови од земјата. „Комбинацијата од најтешка суша […]

Во Италија уапсени Албанци со дрога вредна милион евра


Италијанската полиција запленила два килограми чист кокаин, исто толку марихуана и 4 килограми амфетамини, чија вредност на пазарот се проценува на милион евра.   Во акцијата се уапсени тројца Албанци на возраст од 34 до 42 години, кои живееле во Тревизо, Италија.   -Запленетата дрога била откриена во станот на едниот од нив, каде е […]

Лоциран урнатиот хеликоптер во Италија, сите седум патници загинати


Сите седум патници во хеликоптерот што се урна на Апенините, во северна Италија, се загинати, соопштија синоќа локалните власти. Претходно, гувернерот на регионот Тоскана, Еугенио Џани изјави дека пет лица загинале, а двајца патници се уште се водат како исчезнати. Спасувачите го пронајдоа исчезнатиот хеликоптер на границата меѓу регионите Емилија Ромања и Тоскана по околу […]

На 100-годишна Италијанка ѝ ја продолжија возачката дозвола


  На една Италијанка ѝ беше продолжена возачката дозвола на 100-годишна возраст, со што стана најмалку третиот стогодишник во земјата во последниве години за кој се смета дека е погодна да седне зад воланот. Кандида Удерзо доби нова дозвола откако го положи очниот тест во автошкола во северната провинција Виченца. Веселата стогодишничка рече дека сака […]

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин од Колумбија


По големата меѓународна истрага на повеќе полициски служби, што траеле повеќе од една година, италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин, чија улична вредност се проценува на околу 240 милиони евра, со што му е зададен тежок удар на колумбискиот Заливски клан, соопштија денеска истражителите. Полицијата соопшти дека оваа акција, што претставува една од најголемите заплени […]

Италија слави 76 години од републиката – дефиле на вејачи на знамиња во Скопје


Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, попладнево продефилираа по плоштадот „Македонија“ во Скопје, по повод 76 години од Италијанската Република. Ова друштво ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или […]

Дефиле на вејачи на знамиња и трубадури од Италија на плоштадот „Македонија“


Во чест на денот на Италијанската Република, 2 јуни, Амбасадата на Италија, на плоштадот Македонија организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино, Италија. Дефилето ќе започне во четврток, 2 јуни во 18 часот од семафорите на улица „Македонија“ (во близина на Рекорд), сé до плоштадот „Македонија“, каде групата ќе […]

Проруски хакери нападнале сајтови на италијански државни институции


Италија– Проруски хакери нападнале интернет-страници на неколку италијански државни институции и министерства, соопшти денеска полицијата во Рим. До 10 часот изутринава не беше можно да се пристапи до сајтовите на италијанското Министерство за надворешни работи и на Националната асоцијација на судии. Нападот почнал околу 22 часот синоќа, а го извршила хакерската група „Килнет“, соопшти италијанската […]

Проруски хакери нападнаа неколку италијански институции, меѓу кои и Сенатот


Италија– Проруски хакери нападнаа веб-страници на неколку италијански институции, вклучувајќи го и Горниот дом на Парламентот, објави новинската агенција АНСА. Хакерската група „Килнет“ ја презеде одговорноста за нападот, чија цел биле и Националниот институт за здравје и Националниот автомобилски клуб д’Италија. Веб-страниците на Сенатот, Горниот дом на италијанскиот Парламент и на Институтот се повторно воспоставени […]

Во Италија приведени околу 60 осомничени соучесници на мафијата


Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 наводни соучесници на неаполската мафија Камора, јавија локалните медиуми. Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на седум лица им е изречена забрана за вршење дејност. Покрај тоа, истражителите запленија различни имоти во вредност од 150 милиони евра. Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, […]

Италија ги затвори своите пристаништа за руските бродови


Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми. Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа […]

Италија од Алжир ќе увезува дополнителен природен гас


  Премиерот на Италија Марио Драги во понеделник ќе го посети Алжир во рамки на напорите Италија да ја намали зависноста од руски гас. Според извори блиски до премиерот, Алжир ќе се сложи извозот во Италија да го зглоеми за 50 отсто. Алжир ќе се обиде да го зголеми извозот на гас во Италија за […]

Манчини останува и покрај дебаклот


  Селекторот на Италија Роберто Манчини по сѐ судејќи ќе остане на таа позиција и по неуспехот во квалификациите за Мундијалот. „Аѕурите“ во полуфиналето од баражот изгубија неочекувано во Палермо од Македонија со резултат 1:0. Беше тоа прв пораз на Италија некогаш на свој терен во квалификации за планетарната смотра. На Манчини договорот со ФС […]

Верати ги замоли навивачите да не ги навредуваат италијанските репрезентативци


Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0:1 во баражот за СП 2022 година. – Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да […]