Пронајден исчезнат скопјанец во БиХ


Триесет и деветгодишен македонски државјанин е пронајден жив по дводневна потрага во Босна и Херцеговина. Според информациите од сараевските медиуми, М.Р. од Скопје е пронајден по повеќечасовна потрага откако е пријавен за исчезнат во петокот вечерта. Го пријавиле сопатниците што патувале со него во возило „Ленд Ровер“ што го управувал бугарски државјанин. Запреле во местото […]

Исчезнат малолетник од домот „25 мај“ вчера бил пронајден


Ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ, на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено 12-годишно дете кое било штитеник на Домот „25-Ти Мај“. Детето било пријавено за исчезнато. Малолетникот е предаден на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.

Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена


Потрагата по дедо Душко Трајковски (85) од Карпош кој беше пријавен за исчезнат, заврши трагично. Тој пред 11 дена на 2 декември, додека се возел на својот велосипед бил удрен од страна на автомобил Фиат Добло и по кратко време им подлегнал на повредите. Несрежата се случила на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата […]

Дедо Душко го нема една недела, семејството бара помош за да го пронајдат


Исчезнат е Душан Трајковски од скопската населба Карпош 1. Го нема веќе една недела и членови на неговотo семејство апелираат до сите граѓани да им помогнат да го пронајдат. „Излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на […]

Исчезнат скопјанец пронајден мртов


Шеесет и деветгодишниот Е.О. од скопското село Грчец, кој во понеделникот дена беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов. Неговиот син го здогледал мртвото тело околу 7.30 часот во пошумениот дел од Горни Грчец, по што повикал полиција. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција, која што треба да ги открие причините за […]