Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување


 На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска е пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно. Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата […]

Пронајден починат планинарот кој синоќа исчезна кај Велес


По интензивна потрага што започна синоќа, денеска заврши трагично потрагата по велешкиот планинар Стојче Пецевски, кој исчезна на ридот ГРООТ, во близина на Велес. Надлежните институции потврдија дека Пецевски е пронајден починат. Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој изјави дека моментално нема детали за причините за смртта. -За […]

Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров


Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат неготинци на социјалните мрежи.  – Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно […]

Во БиХ се трага по метеоролог кој исчезна на Бјелашница


Вчера во Бјелашница исчезна 46-годишен вработен во Метеоролошката станица. Целодневната потрага синоќа беше привремено прекината поради тешките временски услови, а продолжи утрово во 9 часот, јавуваат босанските медиуми. Последната комуникација со Коњичанецот била извршена вчера околу 11 часот. Два часа подоцна бил пријавен за исчезнат, откако не им одговорил на колегите на телефон. Вработен во […]

Момче од Британија исчезнало цели 6 години. Се надева дека полицијата нема да ја најде мајка му


Тинејџерот Алекс Бати од Олдам, Велика Британија се вратил дома кај својата баба откако исчезнал пред шест години, пишува Sky News. Имаше 11 години кога отиде на одмор во Шпанија во 2017 година со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид, кои не му беа законски старатели. Неговиот законски старател беше неговата баба Сузан Каруана. Мајка […]

Полицијата трага по 16-годишно момче од Скопје кое се оддалечило од установа за згрижување


Вчера во полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Д.Д. на возраст од 16 години, од Скопје. Тој и претходно повеќе пати се оддалечувал и бил пронаоѓан и враќан назад. Се преземаат мерки за […]

Момчето од Струмица, кое е пријавено за исчезнато, е во посета на мајка му во Бугарија


Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, МВР денеска соопшти дека веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и е утврдено дека тој остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село.  Во соопштението од МВР […]

Пронајдено лицето од демиркаписко Дрен, кое било пријавено за исчезнато


 Машко лице, кое имало психички проблеми и избегало од неговиот дом во демиркапиското село Дрен, синоќа е пронајдено околку 21 часот во близина на селото, кај месноста „Краставец“.  Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), синоќа во 19:52 часот на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК било добиено известување за изгубено […]

Пронајдено телото на исчезнатиот од Виничко


Во текот на вчерашниот ден во 18.13 часот во с.Истибања, виничко, кај место викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница, било пронајдено безживотното тело на Ј.Ѓ.(27) од виничко, за кого претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот. – Телото било извлечено од страна на Територијалната противпожарна единица Виница, а лекар од […]

Жители на Дабиле се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош


 Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат. На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата […]

Изчезнатото лице од каменичка Дулица пронајдено мртво


Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом. -На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во […]

Полицијата и семејството трагаат по исчезнат кумановец


 Триесет и петгодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера од 10 часот се води како исчезнат. Случајот е пријавен и во полицијата.   Од СВР Куманово денеска информираат дека вчера во 22 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на […]

Ни трага, ни глас од третиот исчезнат Македонец во морето во Грција


Продолжува и денеска спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели, јави дописничката на МИА од Атина. Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во […]

Mаж од Делчево кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов


Во полициската станица Делчево вчера било пријавено дека покрај патот во делчевското село Киселица, бил пронајден починат Ѓ.И. (54) од Делчево, за кој на 8. април неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот […]

Седми ден се трага по Петар, се спуштија и во јами


Припадници на државните служби, спелеолози и доброволци ја продолжуваат потрагата по десетгодишниот Петар Џобоски, кој исчезна минатиот петок во Врбско, Прилепско. Спасувачките тимови и денеска се спуштаат во старите окна на поранешната фабрика „Партизанка” од Прилеп длабоки 70 метри, откако момчето не беше пронајдено вчера кога припадник од Дирекцијата за спасување и заштита (ДЗС), влезе […]

Петaр заминал да полни вода од кладенец, но уште нема трага од него


Малиот Петар Џобоски, кој во петокот исчезна во мариовското село Врбско, заминал да полни вода од кладенец, но потоа му се губи секаква трага.  Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, во неделата, сослушани се родителите и повозрасниот брат на Петар, 19-годишниот Димитар. Во разговорот со таткото на исчезнатото дете, […]

Трет ден се трага по 10-годишниот Петар од Мариово


  И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово, пренесе МИА. Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна […]

Маж исчезна на Божик


Маж на возраст од 61 година и жена на 33-годишна возраст се пријавени за исчезнати на Божик, но жената се вратила дома сама. Имено, во петокот, во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Р.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот поранешен зет Р.П.(61). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Истиот ден, […]

(Фото) Македонец исчезна во Белград: Последен пат бил виден минатата среда


Македонскиот државјанин Лазо Павлев (42) исчезна во Белград. Последен пат бил виден на 25 септември (минатата среда) и од тогаш му се губи секаква трага. Неговото исчезнување беше објавено во Регистарот на исчезнати личности од каде велат дека Павлев престојувал во стан на Дорчол. Последниот контакт со него е остварен околу полноќ на 25 септември. […]

Пронајдено тело во распаѓање: 27-годишниот кичевчанец бил пријавен за исчезнат


По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над с. Бигор Доленци, кичевско, надлежен јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнаа со увид на лице место. Починатиот е пронајден во непристапен терен кој оневозможуваше транспорт на телото во текот на ноќта. По обезбедување на телото, утринава со помош на хеликоптер […]