Вашингтон пост: Трамп е под истрага, но засега без обвинение


Американскиот претседател Доналд Трамп е под итрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер, но против него засега не се планира никаква обвинение, објави Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани извори. Малер е задолжен да открие дали имало соработка меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година. Трамп […]

Антикорупциската комисија под истрага


Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за членовите на Државната комисија за спречување на корупција за трошењето буџетски средства. – По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции, соопштуваат од […]

Обвинителството отвори истрага за смртта на родилката во „Санте плус“


Основното јавно обвинителство отвори истрага за смртта на родилката во приватната здравствена установа „Санте плус“ во Скопје Од таму велат дека вчера добиле известување за настанот од скопската полиција, по што наредено е за прибирање на потребната документација и податоци. „По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за […]

Бугарија: Истрага за потеклото на парите на богатите граѓани


Бугарски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат истрага за потеклото на парите на богатите граѓани кои поседуваат луксузен имот или автомобили. Главниот обвинител нареди истрага за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра. Истрага ќе има и за […]

Истрагата за убиството на Ивановиќ ја водат Албанец и Србин


Главниот обвинител на Основното јавно обвинителство на Митровица, Шикири Сула, изјави дека обвинителството почнало истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на партијата „Србија, демократија, правда“. Во истрагата се вклучени двајца обвинители, еден Албанец и еден Србин. – Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ ја води екипа од двајцата обвинители на нашето обвинитество,Нијази Реџа и […]

Обвинителството за организиран криминал истражува злоупотреби со палмите


Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал истражува кој и зошто одлучил да се набават африканските палми засадени во време на претходната владејачка гарнитура, а кои не ja преживеаја зимата. Иницијатива потекнала од пензионер од Скопје кој, со помош на институцијата nароден правобраниел, побарал да се истражи дали постои злоупотреба на службената должност во повеќе […]

Се шират истрагите за „Друмарина“ и „Странски служби“


Специјалното јавно обвинителство, врз основа на уште еден прислушуван разговор, истражува дали има доволно елементи за покренување кривична одговорност за уште еден пратеник кој ги злоупотребил патните трошоци. Ова го потврди специјалната обвинителка Катица Јанева, чие обвинителство пред неколку дена отвори нова истрага „Друмарина“, каде што осомничена е поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. „Злоупотребата […]

Поради насилно однесување во албанскиот Парламент 10 пратеници под истрага


Со заедничко соопштение, полицијата и обвинителството во Тирана, потврдија дека во врска со вчерашните случувања во и надвор од албанскиот парламент, под истрага се десет пратеници,шест учесници во протестот се притворени а двајца ќе се бранат од слобода. – Под истрага се пратеничката и лидерка на Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади и пратениците од […]

СЈО отвори случај „Лидери“


Новата истрага на Специјалното јавно обвинителство „Лидери“ се однесува на бесправно изградени објекти кои биле договорени помеѓу двајца лидери на политички партии. Нема потврда дали се мисли на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети, поранешни коалициски партнери. За бесправно градење е осомничен инвеститорот на објектот, изграден спроти Американската амбасада во […]