Против Маск покрената истрага за неговите постапки во врска со Твитер


  Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Илон Маск поради неговото однесување при преземањето на компанијата Твитер, се наведува во судскиот поднесок. Иако е наведено дека е под истрага, не е точно прецизирано кој е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја спроведуваат. Маск побара од судијата минатата недела да го одложи неговиот процес со Твитер […]

Иранскиот претседател вети истрага по смртта на Амини


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека смртта на девојката која почина откако беше приведена од полицијата, што предизвика протести во Иран, ќе биде истражена. – Бидете уверени дека истрага сигурно ќе биде отворена, им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба […]

НАТО во истрага за хакирани воени податоци што се продаваат на интернет


НАТО покрена истрага за кражба на податоци од доверливи воени документи кои хакерска група ги понудила на продажба на интернет, јави Би-Би-Си. Податоците вклучуваат нацрти за оружје што го користеа сојузниците на НАТО во конфликтот во Украина, а хакерите го продаваа преку интернет откако украле податоци од големиот европски производител на оружје, МБДА Мајкл Системс, […]

Принцот Чарлс под истрага откако се дозна дека саудиски тајкун донирал 2 милиони долари во замена за титулата витез


Англија- Британската полиција започна истрага за добротворната организација на принцот Чарлс по информациите дека саудиски тајкун донирал 2 милиони долари во замена за витез Британската полиција започна истрага за добротворната организација на принцот Чарлс поради обвинувањата дека близок соработник му понудил витез на саудискиот тајкун во замена за донации од два милиони долари. Лондонската метрополитен […]

Истрагата заклучи дека забавите кај Борис Џонсон не може да се оправдаат


  ЛОНДОН – Социјалните собири што ги одржа премиерот Борис Џонсон и неговиот персонал додека Велика Британија беше во карантин претставуваат „сериозен неуспех“ да се почитуваат стандардите што се очекуваат од владата, покажа истрагата во понеделникот. Високиот државен службеник Сју Греј заклучи дека „имаше неуспеси во раководството и расудувањето“ во владата и „некои од настаните […]

Случај „Рекет“: Ќе ги потфати ли истрагата високите функционери?


Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева доби 30-дневен притвор за случајот „Рекет“, но експертската јавност порачува дека проширување на истрагата мора да има бидејќи спроведувањето темелна истрага не значи сведување само на тројцата осомничени. Јанева не смее да се претвори во жртвено јагне туку треба да се откријат сите помагатели. Управата за јавни приходи […]

Криминални пропусти стојат зад трагедијата во Ласкарци


Возачот на автобусот, кој однесе во смрт 15 луѓе што тој ден тргнале од работа или од факултет се враќале од Скопје кон Гостивар, возел со 99 километри на час. Кај селото Ласкарци изгубил контрола над управувачот, односно воланот. Од средната коловозна лента по која возел, преминал на левата коловозна лента, ја пробил оградата, преминал […]

Претставничкиот дом почна истрага против Трамп


САД– Одборот за правни прашања при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе започне истрага против претседателот на САД, Доналд Трамп и неговите соработници поради можни опструкции на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата. Претседавачот со Одборот, демократот Џери Надлер изјави дека денеска ќе бидат побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп, семејството […]

Џафери го известил судот дека нема услови за одземање на имунитетот на Вељаноски


Известување од парламентот стигнало денеска попладне во Кривичниот суд, според информации оттаму, во кое е посочено дека не биле создадени услови за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски. Иако поминаа неколку седмици откако беше прекината и седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, судот исто […]

ЈОРМ: Проширена истрагата против едно лице за учество во паравоени формации на ИСИС


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на истражна постапка против седум лица осомничени за активно учество во војните во Сирија и Ирак, за едно лице ја прошири истрагата за учество во паравоени формации на ИСИС, информира Јавно обвинителство на Република Македонија. – Надлежниот обвинител во изминатиот период ги сослуша […]

Кој го пријави Иванов?


Сè уште невратен од Турција, каде што беше меѓу ВИП-гостите на отворањето на најголемиот аеродром во светот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов се соочи со можен кривичен прогон во земјава бидејќи оневозможи стапување во сила на законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа. Иако поминаа неколку месеци од првото „апсолутно вето“ на Иванов, […]

Иванов во предистрага


Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов. Од обвинителството потврдуваат дека се постапува по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа. Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Според член 75 од Уставот, претседателот е должен […]

Обвинителство отвори истрага против 13 лица кои тргувале со артефакти


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 македонски државјани кои се осомничени дека присвојувале добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости. „Сите осомничени се товарат дека сториле кривично дело Злосторничко здружување по член 394 од Кривичниот законик. Покрај ова, осомничените сториле […]

За препродавање артефакти, кривична пријава против 14 лица


Кривична пријава за дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против вкупно 14 лица, од кои по едно лице се трага, а другите 13 се приведени. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски соопшти дека кривичната пријава е поднесена во рамки на акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со […]

Јакимовски – појак од судбината, но не и од истрагата


Кога пред неполна седмица камерите на една телевизија го уловија Стевчо Јакимовски како навидум безгрижно шета низ улицата „Македонија“ во друштво на поранешниот премиер Никола Груевски, некогашниот градоначалник на Карпош можеби не претпоставувал дека набрзо потоа во неговиот дом ќе влезе полицијата со налог за претрес. И дека ќе ја помине ноќта во полициска станица […]

Руската амбасада бара докази за „руска закана“ во Македонија


Руската амбасада во Скопје вечерва реагираше на изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев за финансирање на протестите во Македонија од страна на некои бизнисмени од Русија. – Сметаме дека ваквите паушални изјави, како и неодамнешните наводи од страна на министерот за одбрана Радмила Шекеринска, имаат за цел ширење на русофобијата, која што преку западните партнери на […]

Осомничените тврдат: Случајно го сретнавме Саздо на улица


Двајцата осомничени и притворени напаѓачи на Никола Саздовски (21), кој почина во понеделникот наутро, вчера околу пладне беа изведени на распит во Основното јавно обвинителство. Тие вчераутро за првпат се запознаа со своите адвокати: Насер Рауфи и Асмир Алиспахиќ. Во притвор се од минатата недела, откако полицијата ги идентификуваше и ги поврза со бруталното претепување […]

Новинарот Цветковиќ тврдел дека бил киднапиран и контактирал со лица од Македонија


Белград -Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои разузнавачки извори, пишува дека „исчезнатиот па пронајден“ новинар Стефан Цветковиќ во полиција тврдел дек бил киднапиран од непознати лица, кои му се заканувале дека ќе го префрлат во Романија. Како што наведува весникот, на истражните органи им се сомнителни неговиот исказ и пронајдените докази, поради што новинарот […]

Единаесет лица од Кавадарци под истрага поради фалсификување пари


Единаесет лица од Кавадаци се под истрага поради сомнение дека се вмешани во фалсификување пари. Основното јавно обвинителство – Велес спроведува истрага против 11-те лица, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР. Случај, како што изјави денеска на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски е релаизиран од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал […]

Одбиен предлогот на Русија за нова истрага за „Случајот Скрипал“


Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска го одби предлогот на Русија за отпочнување нова истрага за труењето со нервен агенс на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери. Советот го одби предлoгот на Москва со 15 гласа „против“, шест „за“ и 14 „воздржани“. Според дипломатски […]