Нетанјаху: Има знаци дека ајатолахот Хамнеи „веќе не е со нас“
Се зголемуваат знаците дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, „веќе го нема“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео изјава до јавноста. Тој рече дека утрово Израел елиминирал команданти на Иранската револуционерна гарда, високи функционери на иранскиот режим, високи нуклеарни функционери и дека во наредните денови „ќе погодиме илјадници цели на терористичкиот режим“. […]