Конфликтот на Блискиот Исток зема данок врз природата и климата


Од горивото за авиони што се користи во бомбардерите до токсичниот чад од горење на нафтени депоа, конфликтот на Блискиот Исток зема данок врз природата и климата АФП разговараше со експерти за честопати незабележливите еколошки трошоци од војната. Американските и израелските авиони трошат значителна количина гориво летајќи во Персискиот Залив и надлетувајќи го Иран, рече […]

Иран со акции против опозицијата: разбиени 111 мрежи низ земјата


Иранската разузнавачка служба соопшти дека презела акции против десетици опозициски мрежи низ земјата. Според агенцијата Тасним, идентификувани се 111 „ќелии“ на наводни монархисти во 26 провинции. Станува збор за поддржувачи на синот на шахот, Реза Пахлави, кој се смета за една од водечките фигури на опозицијата во егзил. Во акциите биле извршени и повеќе апсења. […]

Сликата на гробовите за девојчињата убиени во Минаб е вистинска. Вештачката интелигенција вели – не


  Гробовите, свежо ископани, лежат во уредни редови од по 20. Повеќе од 60 се веќе издлабени од земјата, со неколку групи луѓе собрани околу нив. Десетици други се обележани на земјата напред: мали правоаголници од креда, со ровокопачи подготвени да ја завршат својата задача. Гробиштата Минаб, фотографирани додека се подготвуваат да погребаат повеќе од […]

Човекот што го сакаше Кант: Кој беше Али Лариџани, фактичкиот лидер на режимот во Иран


  По смртта на врховниот водач Али Хамнеи, убиен во американски и израелски напад, моќниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, се сметаше за де факто лидер на иранскиот режим. Токму тој на почетокот на март, по атентатот врз Хамнеи, се заколна на одмазда кон САД и вети дека Иран никогаш нема […]

Албанскиот парламент усвои резолуција со која Иран се прогласува за спонзор на тероризмот


Албанскиот парламент, со 79 гласови „за“ од владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која  Иран се прогласува за  „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува,  земјата се усогласува со стратешките сојузници. Документот, како што претходно изјави премиерот Еди Рама, предвидува дека по одобрувањето во Парламентот, албанската Влада […]

Зошто Емиратите се цел на иранските ракети?


Најмалку единаесет земји беа нападнати од Иран како одмазда за тековните напади на САД и Израел, но ниедна земја, освен Израел, не е посилно погодена од Емиратите. ОАЕ тврдат дека пресретнале над 90% од дојдовните закани со ракети и беспилотни летала од Иран. Од 12 март, 13-тиот ден од војната, официјалните бројки од Министерството за […]

Израел уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран, вели портпаролот на израелската армија


Портпаролот на израелската армија, Ефи Дефрин денеска изјави дека Израел планира да ги продолжи нападите врз Иран најмалку уште три недели. – Подготвени сме, во координација со нашиот американски сојузник, а нашите планови се најмалку до Пасха, за околу три недели. Исто така имаме детални планови за следните три седмици, посочи Дефрин. Toj додаде дека […]

Иран нападна италијанска воена база во Кувајт


Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон. Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили. Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници. – Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт […]

Гардијан: Економските последици од војната во Иран би можеле да доведат до изборен пораз на Трамп


Војната во Иран е многу непопуларна кај Американците, а зголемувањето на цените на нафтата ќе значи повисоки цени на долг рок во речиси секоја област. Ова би можело да доведе до изборен пораз на Доналд Трамп, пишува Гардијан во својата анализа. Во ноември оваа година, САД избираат цел Претставнички дом и една третина од сенаторите […]

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел


Дваесет лица се уапсени во северозападен Иран поради обид за соработка со Израел, објави денеска агенцијата Тасним, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на покраинскиот обвинител на Западен Азербејџан. Тие се обвинети за испраќање информации до Израел за локациите на иранските воени и безбедносни средства. Израел започна нова фаза на напади врз Иран, гаѓајќи ги […]

Од Португалците и Холанѓаните до срцето на иранската нафтена империја: Историјата на островот Харг


Под жешкото сонце на Заливот, ритмичкото зуење на милиони барели сурова нафта што се движат низ подводните цевководи одекнува од древен корален гребен. Тука, познатиот ирански писател Џалал Ал-е-Ахмад некогаш стоел и, гледајќи ги изолираните брегови, го нарекол островот „сиромашниот бисер на Персискиот Залив“. Денес, овој корален изданок од 22 квадратни километри во покраината Бушер […]

Кац: Војната со Иран влегува во одлучувачка фаза


Војната против Иран, која ја започнаа Израел и САД пред две недели, се интензивира и влегува во „одлучувачка фаза“, изјави денеска озраелскиот министер за одбрана Израел Кац, пренесе ДПА. Кац не прецизираше дали ова значи дека Израел и САД очекуваат нивната воена кампања наскоро да заврши, туку само рече дека следната фаза ќе трае колку […]

САД наредија евакуација на дел од персоналот од Оман


Американскиот Стејт департмент им нареди на дел од персоналот на американската влада и нивните семејства да го напуштат Оман поради безбедносни ризици. Патниците исто така се советуваат да размислат за одложување на патувањето во Оман поради ризик од вооружен конфликт и тероризам, под тревога од ниво 3. Највисокото ниво на тревога, ниво 4, е на […]

Иран повторно го ракетираше Израел


 Иран синоќа повторно истрела ракети врз Израел, објави Иранската државна телевизија. Во исто време, израелската армија соопшти дека идентификувала ракети лансирани од Иран. Нашите одбранбени системи се подготвени да ја пресретнат заканата, соопшти ИДФ.

Џ.Д. Венс бил против нападот на Иран


  Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс беше скептичен во врска со американскиот напад врз Иран пред одлуката на претседателот Доналд Трамп да влезе во војна, изјавија двајца високи функционери на Трамп за американското издание на „Политико“. Иако Венс, кој долго време ги доведува во прашање американските интервенции во странство, јавно ја бранеше операцијата на Трамп […]

И Мелони им се придружи на оние во Европа што ја критикуваат војната на Трамп во Иран


  Италијанската премиерка Џорџа Мелони во средата се придружи на растечката европска реакција против нападите на САД и Израел врз Иран. Лидерката на десницата го упати својот најсилен осуд на војната досега во обраќањето пред парламентот во Рим, опишувајќи ја воената кампања што се одвива на Блискиот Исток како дел од растечкиот тренд на интервенции […]

Трамп: Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини


Американски0т претседател Држави, Доналд Трамп порача денеска дека не би било соодветно иранската фудбалска репрезентација да настапи на претстојното Светското првенство од безбедносни причини. „Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека би било соодветно тие да бидат тука поради нивните животи и безбедност“, објави Трамп на својата социјална мрежа […]

САД во првите шест дена од војната со Иран потрошиле над 11 милијарди долари


Американските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон објавија дека првите шест дена од војната со Иран чинеле повеќе од 11,3 милијарди долари. Во процената не се вклучени трошоците поврзани со судирот, како што е распоредување воена опрема и персонал пред нападот што се случи на 28 февруари. Претходно, вашингтонскиот тинк-тенк Центар за стратешки […]

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „ја добиле војната со Иран, но дека САД ќе останат во борбата за да го завршат она што го започнаа“. „Никогаш не е добра идеја да се каже прерано дека сте победиле. Ние победивме“, рече Трамп на настан за време на кампањата во Хеброн, Кентаки. „Во првиот час, […]

Иран се заканува со одмазда доколку неговите пристаништа бидат нападнати


Иранската Револуционерна гарда денеска предупреди на масовни одмазднички напади доколку пристаништата во земјата бидат подложени на напад, пренесе ДПА. Портпаролот на вооружените сили, Аболфазл Шекарчи, изјави дека доколку се остварат американските закани против иранските пристаништа, ниту едно пристаниште, економски центар или локација во Заливот нема да остане безбедна, според изјавите пренесени од новинската агенција „Фарс“, […]