Иран осуди на смрт две ЛГБТ активистки


  Две ЛГБТ активистки се осудени на смрт во Иран, соопштија групите за човекови права. Судот во Урмија ги прогласи Захра Седики Хамедани (31) и Елхам Чубдар (24) за виновни за „корупција на Земјата“. Организацијата за човекови права „Хенгав“ објави дека тие се обвинети за промовирање хомосексуалност, промовирање на христијанството и комуникација со медиуми кои […]

МААЕ: Иран почна да збогатува ураниум во Натанц


 Иран почна да збогатува ураниум во една од трите каскади на усовршени центрифуги ИР-6, што неодамна беа инсталирани во подземната постројка за збогатување гориво во Натанц, се наведува во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) испратен до земјите-членки. Во доверливиот извештај се истакнува дека Иран користи каскада од 174 машини за збогатување […]

Иран негира каква било врска со нападот врз Ружди


Иран денеска „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД. Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во […]

Во Виена почнуваат разговорите за спас на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година


Иранската делегација денеска пристигна во Виена, во нов обид за заживување на меѓународниот нуклеарен договор, јави ДПА. На разговорите, кои се одвиваат со посредство на Европската Унија, Иран ќе биде претставен од главниот преговарач за нуклеарната програма Али Багери Кани. Преговарачите денеска треба да започнат нова рунда разговори во Виена за спасување на историскиот нуклеарен […]

Иран ја поддржа руската инвазија на Украина: „Да не почневте вие војна, НАТО ќе почнеше“


Рускиот претседател Владимир Путин вчера доби поддршка од иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи за инвазијата над Украина. „Војната е сурова и тешка тема и на Иран никогаш не му било драго што поради тоа страдаат обични луѓе, но во случајот на Украина да не преземевте иницијатива, другата страна по своја иницијатива ќе предизвикаше војна. […]

Невеста на венчавка во Иран погодена со куршум во главата, паднала во кома, па починала


  Невеста во Иран убиена е на својата вечавка кога роднина на зетот, во склоп на традицијата пукал, а заталканиот куршум ја погодил невестата во глава. Махваш Легеи се венчавала во градот Фирузабад кога гостин, за кој се верува дека е родинина на младоженецот, пукал од ловечка пушка за која немал дозвола. Куршумот поминал низ […]

Солскјер го одби Иран


Норвешкиот фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер ја одби понудата да седне на клупата на Иран и да го предводи националниот тим на претстојното Светско првенство во Катар. Челниците на иранската фудбалска Федерација претходно оваа недела му врачија отказ на хрватскиот стратег Драган Скочиќ, кој го однесе Иран на Мундијалот во Катар и имаше биланс од […]

Србија не се придружи на новите санкции на ЕУ против Иран


Србија е единствената земја која припаѓа на процесот на проширување која се нема усогласено со одлуката на Европската унија (ЕУ) за рестриктивни мерки против Иран јави дописникот на МИА од Белград. Со оваа одлука на ЕУ, која датира од 27 јуни 2022 година, а која се однесува на измени на списокот на лица и субјекти […]

САД воведоа санкции за група ирански петрохемиски компании поврзани со Азија


Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека вовело санкции против група компании и физички лица од Иран, поради продажба и транспорт Иранска нафта и петрохемиски производи во Источна Азија. Со санкциите се опфатени  неколку компании, меѓу кои и петрохемиската компанија „Џем“ со седиште во Иран. Наводно компанијата извезла производи во вредност од стотици милиони долари […]

Блумберг: Иран ја намали цената на нафтата за да и конкурира на Русија на кинескиот пазар


Иран за да може да и конкурира на руската нафта на кинескиот пазар мораше да ја намали цената на својот енергенс, објави Блумберг. Кина стана критична дестинација за руската нафта бидејќи Москва се обидува да го одржи извозот по нејзината инвазија врз Украина. Ова доведе до зголемена конкуренција со Иран, наведува Блумберг. Според експертите конкуренцијата […]

Иранската Револуционерна гарда уапси странски дипломати


Иранската револуционерна гарда уапси странски дипломати под обвинение за шпионажа, објавија иранската новинска агенција Фарс и државната телевизија. Разузнавачката служба на Револуционерната гарда идентификуваше и уапси дипломатите од странските амбасади, кои шпионираа во Иран, објави Фарс. Додека според иранската државна телевизија еден од уапсените е Британец, кој потоа биле протеран од земјата. Наводно, британскиот заменик-амбасадорот […]

Поради песочна бура затворени училишта во Иран


Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура. Државната телевизија објави предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Ова е четврта силна песочна бура од средината на април и вторпат поради неа училишта […]

Земјотрес во Иран, најмалку една жртва


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени откако земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во јужната иранска провинција Хормозган. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 22 километри, североисточно од островот Киш во провинцијата Хормозган. Островот Киш се наоѓа во Персиски Залив, на 1.025 километри јужно од Техеран.

Бенет: Иран е опасно блиску да направи нуклеарна бомба


Иранската влада е „опасно блиску“ до правење нуклеарна бомба, поради што е потребен поостар одговор од Западот, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет во интервју за денешното издание на „Телеграф“. -Иран збогатува ураниум до невидени размери и е опасно блиску до создавање нуклеарно оружје. Без притисок од Западот, исламскиот режим во Иран може многу брзо да […]

Најмалку 17 загинати во железничката несреќа во Иран


Најмалку 17 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, а повеќе десетици се повредени, соопшти денеска иранската агенција ИСНА, цитирајќи ја организацијата Црвена полумесечина. -Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб. „Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од повредените […]

Најмалку 13 лица загинаа, а 50 се повредени во железничка несреќа во Иран


Најмалку 13 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб. ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас. Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и […]

Атентат во Техеран – убиен полковник на Револуционерната гарда


  Полковник на Иранската гарда на исламската револуција (ИРГЦ) е убиен во редок атентат во Техеран. Се наведува дека двајца вооружени напаѓачи на мотор го застрелале полковникот Сајад Кодаи пет пати во автомобил пред неговиот дом. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во неделата, а во тек е потера по вооружените […]

МААЕ: Не можеме да покажеме јасна слика за иранската нуклеарна програма


 Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Маријано Гроси денеска предупреди дека инспекторите на ОН не можат да му прикажат на светот јасна слика за иранската нуклеарна програма поради ограничувањата што им ги наметна Техеран. Во интервју за Асошиетед прес, како што пренесува Бета, Маријано Гроси рече дека му порачува на Техеран дека […]

Експлозија на гасовод во Иран, најмалку петмина мртви


Во експлозија на гасовод во југозападен Иран загинаа најмалку пет лица, а шестмина се повредени, но се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Експлозијата го оштети гасоводот меѓу градовите Ахваз и Махшахр, во близина на Персискиот залив, а за сега нема информации што ја предизвикало експлозијата. Шефот на пожарната служба во Ахваз, Али Торабпур, […]

Иран: Адвокатка за човекови права осудена на 38 години затвор и 148 удари со камшик


Истакнатата иранска адвокатка за човекови права Насрин Сотоудех, која ги бранела уапсените жени кои протестирале поради иранските закони за носење шамија, е осудена во Техеран на вкупно 38 години затвор и 148 удари со камшик, соопшти нејзиното семејство. Адвокатката е обвинета за неколку кривични дела поврзани со националната безбедност, но таа отфрла дека ги извршила […]