Иран и Израел се две воени суперсили: Во бројки кој има поголема војска, кој има повеќе борбени авиони


Страницата World of Statistics ги спореди иранските и израелските воени капацитети во бројки, како и некои други интересни информации за овие две земји. И Израел и Иран се воени суперсили. Иран има 610.000 активни војници од 87,6 милиони жители, додека Израел има 170.000 од околу девет милиони. Iran 🇮🇷 vs Israel 🇮🇱 Total Population:Iran 🇮🇷: […]

Иран ги информирал САД и земјите од регионот 72 часа пред нападот врз Израел


Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан изјави дека соседните земји биле информирани 72 часа пред одмаздничките напади врз Израел. – Приближно 72 часа пред нашите операции ги информиравме нашите пријатели и соседи во регионот дека одговорот на Иран против Израел е сигурен, легитимен и неотповиклив, истакна Амирабдолахиан. Тој додаде дека биле информирани и САД дека […]

Иранците го славеа нападот врз Израел


 Неколку илјади луѓе се собраа во големите ирански градови за да го поздрават и поддржат нападот врз Израел. Во Техеран демонстрантите почнаа да се собираат на плоштадот „Палестина“, во центарот на градот, веднаш откако Револуционерната гарда објави дека започнала операција против Израел. Демонстрантите извикуваа „Смрт за Израел“, „Смрт за Америка“, традиционални пароли од Исламската револуција […]

Иран ги предупреди САД и Израел на посилни напади во случај на одговор на синоќешниот напад


Иранските власти испратија порака до официјален Вашингтон преку Швајцарија, предупредувајќи дека американските бази ќе бидат цел на ирански напади доколку САД поддржат израелска одмазда за синоќешните воздушни напади на иранските вооружени сили, објави денеска иранската државна телевизија. Иран, исто така, го предупреди Израел дека ќе биде изложен на поголем напад доколку се одмазди за ноќните […]

Иран истрелал повеќе од 300 дронови и проектили, 99 отсто биле пресретнати


Експлозии и сирени за воздушен напад се слушнаа во Израел рано утринава откако Иран истрела стотици беспилотни летала, балистички крстосувачки ракети во директен напад, објавија израелските медиуми. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека биле истрелани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили, но 99 отсто од нив биле пресретнати. Хагари рече дека Иран […]

Блискиот Исток на работ. „Црвената линија исчезна“: Вака изгледаше синоќа небото над Израел (видео)


Иран лансираше повеќе од 200 беспилотни летала и други проектили кон Израел, но досега без поголеми последици. Многу беспилотни летала и проектили беа соборени уште пред границите на Израел, но тие сè уште пристигнуваат, објави портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Мал број проектили земја-земја го погодија Израел, при што беше повредено едно дете. […]

Иран немало да брза да одговори на израелскиот напад во Дамаск


Иран му сигнализираше на Вашингтон дека ќе одговори на израелскиот напад врз неговата амбасада во Дамаск на начин што ќе избегне ескалација и нема да дејствува набрзина. Пораката на Иран на САД им ја пренесе министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за време на посетата на Оман во неделата. Оман честопати дејствуваше како посредник меѓу […]

Иранците утре избираат, се очекува доминација на конзервативците и ултраконзервативците


Иранците утре ќе гласаат на изборите за националниот Парламент и за Собранието на експерти, а во отсуство на сериозна конкуренција, се очекува конзервативците да зајакнат на власт. Изборите доаѓаат во услови на растечки економски тешкотии во Иран, кој исто така се бори со последиците од масовните протести предизвикани од смртта на Махса Амини во притвор […]

МААЕ: Иран дополнително ги зголемува своите вкупни резерви на ураниум


Иран дополнително ги зголеми своите вкупни залихи ураниум, се вели во извештајот на Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), пренесе Бета. Доверливиот извештај укажува дека владата во Техеран продолжува да спречува неколку од најискусните инспектори на МААЕ да ја надгледуваат иранската нуклеарна програма. Техеран, се додава, сè уште нема напредок во објаснувањето на […]

Иран и испорачал на Русија околу 400 балистички ракети


Иран и испорачал на Русија голем број балистички ракети од типот земја-земја, јавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Тројца ирански извори изјавија дека Иран и испратил на Русија околу 400 балистички ракети со краток дострел, како што е „Золфагар“, ракета што може да погоди цели на одалеченост од 300 до 700 километри. […]

Иран најави изградба на најголемиот вселенски центар во Западна Азија


Иранскиот министер за комуникации и информатичка технологија (ИКТ) Иса Зарепур рече дека земјата ја гради најголемата база за вселенско лансирање во западноазискиот регион. Ова во неделата го изјави Иса Зарепур, додавајќи дека земјата ќе лансира уште еден сателит до крајот на тековната иранска календарска година (до 20 март 2024 година). Важни случувања се случија во […]

Еден напад е премногу: Како ќе одговори Бајден


  Така почнуваат војните, дури и кога никој не ги сака. Еден напад е премногу затоа што другата страна нема друг избор. Институтот за проучување на војната пресмета дека проиранските милиции ги нападнале американските бази во Ирак и Сирија повеќе од 170 пати од октомври. Тоа е војната во сенка што иранскиот режим им дозволува […]

Во Иран погубени четворица мажи поради шпионирање за Израел


Утрово во Иран се егзекутирани четворица мажи кои биле осудени на смрт поради соработка со израелски шпионски служби во план за саботажа на иранска одбранбена локација, соопштија иранските власти. Тие биле уапсени на 23 јули 2022 година за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад во Исфахан, голем град во централен Иран, се вели во соопштението […]

Иран тврди дека нема врска со нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници


Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека Техеран не е вклучен во нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца припадници на американската војска во североисточниот дел на Јордан, во близина на сириската граница. Во соопштението објавено од државната новинска агенција ИРНА, мисијата наведува дека Иран нема никаква врска со нападот на американската база. […]

Зошто Иран и Пакистан се напаѓаат меѓусебно со ракети и зошто токму сега?


  Пакистан и Иран извршија напади едни на други на териториите во невидена ескалација на непријателствата меѓу соседите, во време кога тензиите нагло се зголемија низ Блискиот Исток и пошироко. Двете земји делат нестабилна граница, која се протега околу 900 километри, со пакистанската провинција Балочистан од едната страна и иранската провинција Систан и Белучестан од […]

Евроазиската економска унија и Иран потпишаа договор за слободна трговија


Членките на Евроазиската економска унија потпишаа договор за слободна трговија со Иран, соопшти руското Министерство за економија, пренесе БТА. Договорот ќе го замени сличниот договор кој беше привремен и беше во сила од 2019 година. Новиот договор ќе биде постојан. Претходниот договор ја олесни меѓусебната трговија со Иран и ја зголеми на 6,2 милијарди долари […]

Иран се заканува со „затворање на Медитеранот“


Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило. – Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор […]

Хамас и Хезболах се „браќа по оружје“ на Иран, но Техеран има уште четири асови во ракавот


  Иранските лидери предупредија дека светот е сè поблиску до регионална војна на Блискиот Исток и дека Израел „ги преминал црвените линии“, кои, според претседателот на земјата, Ебрахим Раиси, „би можеле да ги принудат сите да преземат одредени активности“. Сепак, Иран сака да избегне директна борба, поради што се потпира на своите милитантни групи низ […]

Во голем пожар во центар за одвикнување од дрога во Иран загинаа најмалку 32 лица


Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од зависности во северен Иран, објавија денеска иранските медиуми. Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за рехабилитација на опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр. Судската новинска агенција Мизан соопшти […]

Мајка во Иран осудена на 13 години затоа што бара правда за синот убиен во протестите


  Мајка во Иран, чиј син наводно бил убиен откако бил застрелан повеќепати од непосредна близина од безбедносните сили, е осудена на 13 години затвор од иранскиот суд откако на социјалните мрежи побарала правда за своето дете. Махса Јаздани, чиј 20-годишен син Мохамад Џавад Захеди беше убиен на протест против режимот во септември 2022 година, […]