Шефот на Бундесбанк повика на мерки против високите нивоа на инфлација во еврозоната


Претседателот на германската Централна банка, Јоаким Нагел изрази уверување дека европските централни банки ќе успеат да го контролираат високото ниво на инфлација во еврозоната. – Сè уште сум уверен дека можеме да се справивме со ова во однос на монетарната политика на таков начин што на крајот можеме да го исполниме нашиот мандат и да излеземе со инфлација од […]

Инфлацијата во Турција ги урна сите рекорди, во април достигна речиси 70 отсто


Стапката на инфлација во Турција, мерена преку растот на потрошувачките цени, во април достигна речиси 70 отсто на годишно ниво, според денешната прелиминарна статистика. Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 69,97 отсто на годишно ниво минатиот месец од 61,14 отсто во март, објави турскиот статистички институт Туркстат, додавајќи дека месечната инфлација во април пораснала […]

Евростат: Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 7,5 проценти


Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 7,5 отсто во април, соопшти Агенцијата за статистика на Еверопска Унија (Евростат). Највисоката стапка на инфлација во 19 земји од еврозоната од почетокот на водење евиденција во 1997 година е последица на остриот скок на цените на енергијата поради војната во Украина, што дополнително ги оптоварува домаќинствата […]

„Компаниите почнуваат да паничат“: Експертите велат дека заклучувањето на Кина ќе ги влоши инфлацијата и кошмарот на синџирот на снабдување


„Компаниите почнуваат да паничат“: Експертите велат дека заклучувањето на Кина ќе ги влоши инфлацијата и кошмарот на синџирот на снабдување Строгите заклучувања на Кина за КОВИД-19 ќе ги влошат проблемите во глобалниот синџир на снабдување и ќе придонесат за инфлацијата во наредните месеци, велат експертите. Политиката на претседателот Си Џинпинг за нулта КОВИД се тестира […]

Германија ќе ја зголеми прогнозата за инфлација за 2022 година на 6,1 отсто


Се очекува германската влада да ја зголеми прогнозата за инфлацијата за оваа година на 6,1 отсто поради влијанието на војната во Украина, од 3,3 отсто во јануари, според владиниот документ објавен од Ројтерс во понеделникот. Официјален Берлин во среда треба да ги претстави пролетните економски прогнози во кои инфлацијата за оваа година е проектирана на […]

Инфлацијата во Еврозоната минатиот месец достигна рекордни 7,4 проценти


Стапката на инфлацијата во Еврозоната минатиот месец забележа нагло зголемување како последица на покачените цени на енергенсите. Денеска објавените податоци говорат дека инфлацијата во областа на потрошувачката во март достигнала стапка од 7,4 проценти, споредбено со 5,9 отсто во февруари. Пресметаната базична инфлација што не ги опфаќа цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот исто така бележи […]

Инфлацијата во Хрватска највисока во последните 14 години


Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика. Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки […]

Инфлацијата во Русија годинава би можела да достигне 20 отсто


Инфлацијата во Русија на крајот на оваа година би можела да достигне 20 отсто, изјави шефот на руската комора на сметководители, Алексеј Кудрин, пренесуваат руските медиуми. -Најверојатно ќе дојде до 20 проценти, можеби 17 до 20 проценти, некаде во тој опсег, рече Кудрин, поднесувајќи извештај за работата во 2021 година до Советот на Федерацијата во […]

Народната банка реагира на растечката инфлација – ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени


Народната банка  ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, што е прво вакво зголемување по подолг период на рекорндо ниски каматни стапки и покажува дека монетарната политика во земјава реагира на растечката инфлација. Во соопштението од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка се вели дека било одлучено да […]

Цените на горивата и храната ја кренаа инфлацијата во Велика Британија на седум отсто во март


Растот на цените на горивата и на храната во Велика Британија повторно доведе до рекордна инфлација, највисока за последните три децении. Според податоците на Канцеларијата за национална статистика, потрошувачкиот индекс односно инфлацијата минатиот месец достигнала седум проценти, наспроти 6,2 отсто колку што беше во февруари годинава. Тоа е рекордно висока стапка на инфлацијата од март […]

Во Германија регистрирана рекордна стапка на инфлација


Германија– Инфлацијата на потрошувачките цени во Германија го достигна највисокото ниво од повторното обединување, покажуваат конечните податоци од Федералниот завод за статистика (Destatis). Индексот на потрошувачките цени е зголемен за 7,3 проценти на годишно ниво, додека во февруари изнесуваше 5,1 отсто, што е најбрзата стапка од обединувањето на Германија. Податоците покажаа дека цените на артиклите се зголемени […]

Инфлацијата во март во Албанија изнесуваше 5,7 отсто, највисока во последните дваесет години


Драстичниот раст на цените силно ги погодува албанските потрошувачи со дополнително зголемување на нивните животни трошоци, што пак предизвика инфлацијата во март да достигне 5,7 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении. -Оваа стапка на инфлација е многу повисока од онаа што ја предвидуваше Централната банка на Албанија од три проценти, но е […]

Ковачевски: Низ социјален дијалог со синдикатите до решение кое нема да ја зголеми инфлацијата


Владата ќе остане посветена на изнаоѓање решенија за сите прашања што ги отворија синдикатите, истакнува во интервју за МИА, претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Синдикатите бараат уште повеќе зголемување на платите. Ние нормално дека разговараме со нив, сите одлуки до сега беа носени низ социјалниот дијалог со синдикатите. Меѓутоа треба да ги имаме предвид сите […]

Инфлацијата во март се искачи на 8,8 отсто


Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос […]

Високата инфлација ја загрозува светската економија


Светската економија можеби е на работ на нова инфлаторна ера со постојано висока инфлација на потрошувачките цени поради слабеењето на глобализацијата, изјави Агустин Карстенс, шеф на Банката за меѓународни порамнувања (Bank for International Settlements) во Базел, Швајцарија. BIS неформално се смета за „централна банка на сите централни банки“. BIS работи само со централни банки и […]

Во Германија инфлацијата највисока во последните 40 години


Поради украинската криза и драматичниот раст на цените на енергенсите, Германија се соочува со рекордна инфлација. Според податоците на Заводот за статистика, инфлацијата во март пораснала на 7,3 отсто. Тоа е највисоката инфлација во изминатите 40 години. Во февруари инфлацијата беше на ниво од 5,1 отсто. Економскиот институт Ифо прогнозира дека инфлацијата во тековната година […]

Турција го намали ДДВ во обид да ја спречи инфлацијата која достигна 54,4 отсто


Турција го намали данокот на додадена вредност на голем број производи, вклучително и медицинска опрема и производи за хигиена, за да се избори против инфлацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Одлучивме да го намалиме ДДВ за производи како што се детергенти, сапуни, тоалетна хартија, салфетки и пелени за бебиња од 18 на 8 отсто“, […]

Инфлацијата во Велика Британија на рекордно тридецениско ниво од 6,2 проценти


Инфлацијата во Велика Британија во февруари достигна 6,2 проценти што е највисоко ниво регистрирано во земјата после три децении, објави Националната служба за статистика. Цените на стоките за широка потрошувачка во земјата растат што придонесе за инфлаторен скок, од 5,5 отсто во јануари на 6,2 проценти минатиот месец. Официјалните податоци британската статистика ги објави во […]

Народна банка ја задржа каматната стапка на 1,25 отсто, инфлацијата се искачи на 7,1 отсто, се очекува забавување на растот


Народната банка ја задржа основната каматна стапка на постојнот ниво од 1,25 отсто, беше одлучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ, на којашто беа разгледани најновите движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Инфлацијата во првите […]

Федералните резерви се очекува да ја покачат каматната стапка во обид за спречување на растечката инфлација во САД


Федералните резерви на САД се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки за да ја сопрат растечката инфлација пред таа да излезе од контрола. Американските централни банки од друга страна стравуваат од можноста покачените каматни стапки да го попречат процесот на закрепнување на стопанството што се уште се справува со негативните последици од пандемијата на Ковид-19. […]