Инфлацијата во Велика Британија највисока во изминатите 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 отсто на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. Инфлацијата во голем степен е поради повисоките најнови цени на електричната енергија во земјата и зголемените трошоци за гориво во услови на растечка […]

Во мај инфлацијата во ЕУ беше 8,8 отсто, а во еврозоната 8,1 отсто


Според последните податоци на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија, инфлацијата во мај изнесувала 8,8 отсто во ЕУ и 8,1 отсто во еврозоната. Една година претходно стапката на инфлација во ЕУ беше 2,3 отсто, а во еврозоната 2,0 отсто. Најниски стапки се регистрирани во Франција и Малта – 5,8 отсто и Финска 7,1 отсто, а […]

Нов рекорд во Црна Гора: Годишната инфлација достигна 11,7 отсто


Потрошувачките цени во мај годинава во Црна Гора, во однос на истиот месец од 2021 година, се во просек повисоки за 11,7 отсто, покажуваат новите прелиминарни податоци на Заводот за статистика – Монстат. Ова претставува нова рекордна вредност уште од периодот пред кризата во 2008 година. За истиот период, усогласениот индекс на потрошувачките цени – […]

Криза е. Германците принудени да се откажат од оброците


  Поради се повисоките цели 16 отсто од Германците се одрекуваат од редовните оброци, а уште 13 отсто размислуваат да го направат истото – ако инфлацијата продолжи да расте. Да ги намалат оброците не се подготвени 68 отсто од испитаницте во анкетата на Инса. Но, 32 отсто од учесниците со нето проходи помали од 1.000 […]

Инфлацијата во САД достигна ново највисоко ниво од 8,6 отсто


Годишниот раст на потрошувачките цени во САД достигна 8,6 отсто во мај, што е нов четириесетгодишен максимум, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Цените забележаа најголем месечен раст од декември 1981 година. Годишниот раст на цените во мај е поголем од април кога изнесуваше 8,3 отсто, соопшти Министерството за труд. На месечна основа, цените се зголемија […]

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто 


Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, […]

Инфлацијата во Унгарија достигна 10,7 отсто, најмногу во последните две децении


Инфлацијата во Унгарија денеска достигна 10,7 отсто, што е прва двоцифрена бројка во последните 20 години, и покрај серијата ценовни ограничувања, воспоставени од премиерот Виктор Орбан. Годишната инфлација во мај, од 9,5 отсто во април, беше најбрзиот раст од 2001 година, при што повеќето артикли во потрошувачката кошница, како што се храната и производите за […]

Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата незапирливо расте


Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Северна Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во мај достигна […]

Инфлацијата во еврозоната за мај на нов рекорд од 8,1 отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат. Мајската инфлација во 19-те држави од еврозоната ја надмина претходната рекордна инфлација од 7,4 отсто во април, достигнувајќи највисоки бројки забележани од јануари 1997 година. Порастот на цените во потрошувачката секој месец достигнува рекордни нивоа, континуирано од […]

Инфлацијата во Германија во мај речиси осум отсто


Стапката на инфлација во Германија продолжи да расте во мај со 7,9 отсто повисоки цени во споредба со истиот период минатата година, што е највисоко забележано зголемување на цените во Германија од нафтената криза во 1970-тите, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден. Стапката од 7,9 отсто е повисока од проценките на водечките економисти […]

Рекордно ниво на инфлација во светот првпат од почетокот на векот


Порастот на инфлацијата е глобален и достигна рекордно ниво од почетокот на 21. век, предупреди еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал ЛЦИ (LCI). – Првпат од почетокот на векот гледаме такво ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен, посилен во САД, отколку во Европа, истакна Бретон. Како што тој […]

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата


Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање […]

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто


Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат. Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ. На месечно ниво, инфлацијата […]

НБ: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти


Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти во просек со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината. Гувернерката Анита Ангеловска […]

Дали на бранот на зголемување на цените некои се обидуваат да заработат повеќе?


  Бранот на зголемување на цените сѐ повеќе зема замав и веќе не е ограничен само на енергентите и на прехранбените производи, туку поскапува буквално сѐ. Најновите статистички податоци покажаа дека Македонија влезе во зоната на двоцифрена инфлација – таа во април достигна 10,5 отсто на годишно ниво, а само за еден месец трошоците на […]

Инфлацијата во Германија 7,4 отсто, највисока од германското обединување во 1990 година


Потрошувачките цени во Германија во април беа за 7,4 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година, информираше денеска Заводот за статистика, јави ДПА. Инфлацијата сега е на највисоко ниво од германското обединување во 1990 година. Од март до април годинава, потрошувачките цени се зголемија за 0,8 отсто. Острите зголемувања на цените на енергијата […]

Како централните банки во светот се борат против инфлацијата


Централните банки во САД, Велика Британија и Австралија беа принудени уште еднаш да ги зголемат каматните стапки минатата недела во обид да ја зауздаат инфлацијата. Чешка ја зголеми основната каматна стапка за три четвртини на 5,75 отсто, петто по ред за помалку од една година. Исланд ја зголеми основната каматна стапка за еден поен. Индија […]

Инфлацијата во Грција достигна 10,2 отсто, највисока во изминатите 28 години


Инфлацијата во Грција во април бележи рекорд во изминатите 28 години и со 10,2 отсто, според медиумите е највисока од 1994 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од април 2021 година, досега, најголемо зголемување на цената, за 122,2 отсто има на природниот гас, […]

Априлската инфлација во Албанија 6,2 отсто, највисока во последните две декади


Ценовната криза на светските пазари се повеќе удира по џебот на албанските граѓани. Силниот раст на цените, особено на храната и горивата, предизвика инфлација од 6,2 отсто во април, што е највисока стапка во последните две декади, пренесува Топ чанел. -Иако најсилно влијание на инфлацијата имаше транспортот со пораст од 22,5 отсто и потрошувачката кошничката, […]

Инфлацијата незапирливо расте – во април се искачи на 10,5 отсто


Трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто. На годишно ниво, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто. Инаку, кај нас, како мерка за инфлацијата се користи индексот […]