Годишната инфлација во Турција во декември 2022 година изнесуваше 64,27 отсто


Годишната инфлација во Турција во декември 2022 година изнесуваше 64,27 отсто, покажуваат податоците на турскиот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени на Турција забележа раст од 64,27 отсто во декември 2022 година во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат денеска објавените податоци на турскиот статистички институт – Туркстат. Зголемувањето на цените во однос […]

Во Бугарија годишната инфлација 16,9 отсто


  Во ноември 2022 година, месечната инфлација во Бугарија е  0,8 отсто во однос на претходниот месец, а годишната инфлација за ноември 2022 година во однос на ноември 2021 година изнесува 16,9 отсто, соопшти денеска Националниот статистички институт на Бугарија (НСИ). Годишната инфлација (ноември 2022 наспроти декември 2021 година) изнесува 15,8 отсто, а просечната годишна […]

Инфлацијата во САД се зголеми помалку од очекуваното


  Потрошувачките цени во САД едвај пораснаа во ноември, благодарение на падот на цените на бензинот и половните автомобили, што резултираше со најмал годишен пораст на инфлацијата во речиси една година. Ова може да ѝ даде причина на Федералните резерви да започне со намалување на опсегот на зголемување на референтната каматна стапка на седницата во […]

Го достигна ли врвот: Годишната инфлација во ноември 19,5 проценти


Стапката на инфлација, мерена преку пораст на трошоците на живот во ноември изнесуваше 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а цените на мало беа зголемени за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Дали е ова првиот сигнал дека инфлацијата кај нас конечно забавува? За потсетување, годишната стапка на инфлација во октомври […]

Инфлацијата во Турција во пад првпат по повеќе од една година


  Годишната инфлација во Турција во ноември е благо намалена, првпат по константниот раст пред повеќе од една година, соопшти денеска турскиот институт за статистика. Потрошувачките цени за оваа година се зголемиле за 84,39 отсто во ноември во однос на растот од 85,51 отсто во октомври. Месечната стапка на инфлација во ноември изнесувала 2,88 отсто, […]

Пад на инфлацијата во Еврозоната првпат после 17 месеци


Инфлацијата во еврозоната падна за првпат во последните 17 месеци, што ги зголеми надежите дека најголемиот пораст на цените за една генерација го достигна врвот и Европската централна банка ќе може да се префрли на помали зголемувања на каматните стапки следниот месец. Забавувањето на цените на енергијата и услугите помогнаа инфлацијата во блокот на единствената валута да падне […]

Инфлацијата во Шпанија на најниско ниво од почетокот на војната во Украина


  Шпанската потрошувачка инфлација забави на 6,8 проценти на годишно ниво во ноември, што е најниско ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, соопшти денеска националниот завод за статистика во Мадрид, ИНЕ. Олеснувањето на растот на цените во четвртата по големина економија во Европската унија во голема мера може да се припише […]

Во Австрија поради високата инфлација ќе се зголемат платите само на политичарите


  Во Австрија поради високата стапка на инфлација се зголемуваат платите на политичарите, додека вработените во различни стопански гранки сè уште преговараат за нов колективен договор односно за зголемување на платите по автоматизам. Австриската Ревизорска институција го проследи до Владата „факторот на адаптација“ односно процентот, со кој од 1 јануари ќе се зголемат платите на […]

И покрај високата инфлација, во Турција повторно намалена референтната каматна стапка


  Турската централна банка денеска повторно ја намали референтната каматна стапка за 1,5 процентен поен, иако инфлацијата во таа земја достигна 85 отсто. Централната банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања. Овој потег е во согласност со економските ставови на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди дека […]

Разликата меѓу нашата и инфлацијата во ЕУ е одраз на домашни структурни фактори, вели главниот економист на НБ


Главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска смета дека разликата меѓу инфлацијата во нашата земја и онаа во земјите на ЕУ е одраз на домашни структурни фактори. „Глобален шок ги погодува сите економии, но домашните структурни фактори во секоја од економиите диктираат за интензитетот на инфлацијата“, потенцира таа. Крстевска посочува дека увозната зависност и степенот […]

Остра реакција на високата инфлација – Народна банка ја зголеми основната камата на 4,25 отсто


  Народната банка презема остри мерки против високото ниво на инфлација во земјава и силно ја затегна монетарната политика зголемувајќи ја основната каматна стапка за 0,75 процентни поени на 4,25 отсто. Ваквата реакција доаѓа откако минатата недела Државниот завод за статистика објави дека годишната стапка на инфлација во октомври се зголеми на 19,8 отсто. Потегот […]

Октомвриската инфлација во Британија е највисока во последните 40 години


Зголемените сметки за енергија во домаќинствата и цените на храната ја поттикнаа британската инфлација на нов 41-годишен рекорд во октомври, покажаа податоците, кои се обновени еден ден пред презентацијата на министерот за финансии Џереми Хант за зголемување на даноците и намалување на јавните трошоци за да се запре инфлацијата. Потрошувачките цени во Велика Британија минатиот месец се […]

Табаковиќ: Инфлација од 15 отсто во Србија е над очекувањата и сѐ уште не е достигнат пикот


  Инфлацијата во Србија во октомври годинава изнесува 15 отсто на годишно ниво и е повисока од очекуваното, што е последица на поскапувањето на енергентите и храната на светскиот пазар, изјави гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа на презентација на ноемврискиот извештај за инфлацијата посочи […]

Годишната инфлација во Црна Гора во октомври се искачи на 16,8 отсто


  Потрошувачките цени во октомври 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, се во просек повисоки за 16,8 отсто, покажуваат новите податоци на Заводот за статистика – Монстат. Тоа значи дека растот на цените, кој од април е во зоната на хиперинфлација, го продолжи својот вртоглав пат. „Цените на производите и услугите […]

И Србија мака мачи со инфлацијата, во октомври се искачи на 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 отсто во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во […]

Како да се скротат цените


Над економското небо во земјава, но и во Европа и натаму се темни облаци. Надежите дека кризата ќе попушти и дека економските текови ќе се вратат во некоја нова нормала се одложуваат за подоцна, барем ако се суди според најновите есенски економски прогнози што ги објави Европската комисија во петокот. Клучните поенти се дека инфлацијата […]

Натамошен раст на инфлацијата, рецесија до крајот на годинава: Песимистички прогнози на Европската комисија


  Редовниот есенски извештај на Европската комисија за состојбата на економиите во членките на ЕУ предвидува влошување на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Брисел. Според прогнозите на Европската комисија се очекува инфлацијата, која веќе достигна рекордни нивоа во ЕУ, уште да се зголемува во наредните месеци, по што би требало да почне да се […]

Волстрит порасна по добрите податоци за инфлацијата


  Американските индекси силно пораснаа откако податоците за растот на потрошувачките цени во октомври ги поттикнаа надежите дека инфлацијата го достигнала врвот. Дау Џонс (Dow Jones Industrial Average) скокна за повеќе од 1.100 поени, или повеќе од 3,4 отсто, за најголемата еднодневна добивка откако акциите се појавија од длабочините на падот на пазарот на пандемијата […]

Годишната инфлација во Грција првпат по седум месеци падна под 10 проценти


  Годишната инфлација во Грција за месец октомври изнесува 9,1 отсто, намалена во споредба со податоците за септември и првпат по седум месеци падна под десет проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистика, односно согласно месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, општиот индекс на потрошувачки […]

Годишната инфлација во САД на сѐ уште високи 7,7 отсто во октомври


  Потрошувачките цени во САД во октомври останаа на со децении високо ниво, според владините податоци објавени денеска, со што се задржува притисокот врз администрацијата на претседателот Џо Бајден додека демократите се борат да ја задржат контролата врз Конгресот. Внимателно следениот извештај покажа повеќе докази за зголемените трошоци во една година кога зголемената инфлација беше […]