Лагард: Инфлацијата во еврозоната се уште е превисока


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, на денешната седница на Европскиот парламент посочи дека инфлацијата во еврозоната сѐуште е превисока. Лагард, од Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент, рече дека годишната инфлација во еврозоната паднала на 8,5 отсто во февруари, благодарение на големиот пад на цените на енергијата. Таа предупреди […]

Годишната инфлација во Црна Гора над 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во февруари во однос на јануари се во просек за 0,5 отсто повисоки, покажуваат податоците на Монстат. Во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 15,1 отсто. Во претходната година најмногу поскапеле млекото, сирењето и јајцата – дури […]

Инфлацијата во Аргентина се искачи на над 100 отсто


  Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година. Како што соопшти статистичката агенција на оваа земја, стапката на инфлација е 102,5 отсто, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки […]

Тренчевска: Инфлацијата ќе продолжи да се намалува


Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна […]

Годишната инфлација во Грција намалена на 6,2 отсто, но цените на храната остануваат високи


Годишната инфлација во Грција во месец февруари дополнително се намалила и изнесува 6,1 отсто, намалување што се должи на цените на електричната енергија, бидејќи инфлацијата кај храната и прехранбените производи се зголеми за 14,8 отсто, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Инфлацијата во јануари годинава била седум проценти и 7,2 отсто во февруари 2022 година. Според АНА-МПА, […]

Февруарската инфлација во Албанија е 7,1 отсто


Во Албанија инфлацијата, покажа знаци на забавување и во февруари годинава, што е четврт месец по ред нивото од кога бележи благо опаѓање. Институтот за статистика (ИНСТАТ) денеска го објави индексот на трошоците на животот, според кој промената на цените на потрошувачката во февруари изнесува 7,1 отсто, наспроти 3,9 отсто колку што изнесувала истиот месец […]

Годишната инфлација и натаму двоцифрена, пораст на трошоците на живот и во февруари


Инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава изнесуваше 0,6 отсто, додека во однос на февруари минатата година и натаму е двоцифрена и изнесува 16,7 отсто, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Во самиот врв на зголемени трошоци се најосновните производи, односно храната и безалкохолните пијалаци, каде што индексот во февруари […]

Јануарската инфлација во еврозоната 8,6 отсто, во ЕУ 10 отсто


Годишната инфлација во еврозоната падна на 8,6 отсто во јануари од 9,2 отсто во декември. Во јануари минатата година годишната инфлација изнесуваше 5,1 отсто. Истовремено, годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 10 отсто, што е мало забавување од декемвриските 10,4 отсто, објави статистичка агенција на ЕУ, Евростат. Најниска инфлација во јануари има Луксембург со 5,8 […]

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа […]

„Пари“: Колку денари треба денес за храната за која пред две години дававме илјадарка


Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент. […]

Албанија и во јануари бележи благ пад на инфлацијата


Трет месец по ред нивото на инфлација во Албанија бележи благо опаѓање. Според податоците на државниот Институт за статистка, ИНСТАТ, нивото на инфлација, минатиот месец изнесувала 7,1 отсто, следејќи го трендот на намалување, од 7,4 отсто колку што беше во декември, односно 7,9 во ноември. -Текот на овој показател се чини дека е диктиран од состојбата во […]

Инфлацијата во Словенија падна на 10 отсто


  Инфлацијата на потрошувачките цени во Словенија благо се намали на крајот на годината, иако остана значителна, главно поради повисоките трошоци за прехранбените производи, покажаа денеска објавените податоци на Заводот за статистика на Република Словенија. Индексот на потрошувачките цени се искачи за 10 отсто на годишно ниво во јануари, малку под зголемувањето од 10,3 отсто […]

Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава


  Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, […]

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата годинава 8 до 9 проценти, структурните реформи се клучен двигател на растот


  Народната банка очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, да забави и да изнесува 8 до 9 проценти. Како што рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во овие услови на криза фокусот е ставен врз макроекономските политики, но клучниот двигател на растот се структурните реформи. Ангеловска-Бежоска, која учествуваше на конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“, напомена […]

Го достигна ли инфлацијата врвот?


Го достигна ли инфлацијата врвот или податоците за последните два месеци од минатата година се само затишје пред бурата која што нѐ очекува годинава? Многумина здивнаа кога Државниот завод за статистика деновиве ги објави податоците за порастот на трошоците на живот за 2022 година, преку кои кај нас се мери стапката на инфлација. Конечниот резултат […]

Бизнис заедницата очекува суштинска комуникација со државните институции


  Бизнис заедницата очекува суштинска комуникација со државните институции, не само закажување и одржување состаноци, туку и сериозно земање предвид на аргументите кои ги изнесуваат и посочуваат компаниите, порача денеска советникот во Стопанската комора, Зоран Јовановски на првиот панел од конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“. Според Јовановски, четирите клучни предизвици оваа година […]

Млекото и јајцата во Србија поскапи и до 43 отсто


Оние кои во Србија морале да купат дрво, јаглен или пелети во декември морале да платат во просек 51,4 отсто повеќе отколку во декември 2021 година. Според податоците за потрошувачките цени на Институтот за статистика за последниот месец од минатата година, ова е ставката што најмногу поскапела во претходната година. Иако вкупната годишна инфлација во […]

Во Аргентина рекордна инфлација од 94,8 отсто


Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика  покажува тенденција на намалување на инфлацијата […]

Инфлацијата во САД забави и во декември


  Инфлацијата во САД забави и во декември, како одраз на благ пад на цените на горивото, покажаа владините податоци во четвртокот. Годишната стапка на инфлација падна на 6,5 отсто во декември, што е најниско ниво од октомври 2021 година, објави Министерството за труд. Во ноември беше 7,1 отсто, а во октомври 7,7 отсто. Таа […]

Инфлацијата лани изнесуваше 14,2 отсто, најмногу влијаеа храната, пијалоците и транспортот


Инфлацијата лани во однос на просекот од 2021 година изнесуваше 14,2 отсто, а најмногу за ваквото високо ниво придонесоа храната, пијалоците и транспортот, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Инаку, во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, инфлацијата забележа пораст од 18,7 отсто, а индексот на цените на мало за […]