Оливер Спасовски останува министер за внатрешни


Собранието на Република Македонија вечерва со 59 гласа „против“, 20 гласа „за“ и без воздржани не ја изгласа поднесената интерпелација од опозицијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Дебатата се водеше во насока на спротивставување на ставовите меѓу власта и опозицијата за квалитетот на работата на министерот Спасовски, колку тој е компетентен и одговара […]

Спасовски до ВМРО-ДПМНЕ: Сте ќарувале на чистење


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната интерпелација поднесена од страна на ВМРО ДПМНЕ, рече дека наишле на катастрофална ситуација во МВР, откако власта ја напушти ВМРО ДПМНЕ. – Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 […]

Спасовски: Во последната година нема скриено убиство


Во последната година, откако министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, немало скриено убиство како во времето на Гордана Јанкулоска, кога се криеше убиството на Мартин Нешкоски, рече во своја одбрана, на собраниската седница за негова интерпелација, Спасовски. Тој рече дека неосновани се обвинувањата дека МВР апси функционери на ВМРО-ДПМНЕ. „Како прво, не апси МВР, […]

Собранието ќе расправа за интерпелација на министерот Спасовски


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 86. и на 90. седница. Единствена преостаната точка на 86. седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеницитеопозициската ВМРО-ДПМНЕ. На 90. седница, пак, треба да се расправа за  Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, по […]

Дополнително ќе се утврди термин за интерпелацијата на Спасовски


Расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозицијата ќе биде закажана дополнително во координација со министерот и координаторите на пратеничките групи, најави претседателот на  Собранието Талат Џафери на денешното продолжение на 86. седница. Интерпелацијата на Спасовски е единствената преостаната точка од дневниот ред на седницата, откако беа изгласани […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го интерпелира Димитров


ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Како грев му се посочува дека заедно со премиерот Зоран Заев потпишале „капитулантски договор“, со кој ги понижиле и разградиле македонските национални и државни интереси. „Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс. Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и […]

Тенко мнозинство и истенчена опозиција


Десетина пратеници помалку отколку при конституирањето на парламентот во декември 2016 година за коалицијата „За подобра Македонија“ и тенко мнозинство на власта помогнато од „птици преселници“ од актуелната опозиција. Тоа е билансот од завчерашното гласање за доверба на Владата. Со 62 гласа „против“, двајца воздржани и 40 „за“, пропадна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за изгласување недоверба […]

(ФОТО) Фудбалот поважен од интерпелацијата: Пратеници будно го следеа Реал Мадрид – Јувентус


Дел од пратениците за време на вчерашната собраниска седница поинтересно им беше да го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу Јувентус и Реал Мадрид отколку да дискутираат за интерпелацијата на Владата. На вчерашната собраниска седница на дневен ред беше точката за гласање на недоверба на Владата. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на својот фејсбук профил сподели фотографија […]

Интерпелацијата ja подели ВМРО-ДПМНЕ


Легитимно право на опозицијата да ја руши Владата или алиби за враќање во Собранието и давање легитимитет на власта поради претходно направен договор меѓу партискиот лидер Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев? Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се начисто што точно сакаше да добие новото раководство во ситуација кога беше апсолутно јасно оти не се во […]

Неуверлива недоверба


Александра М. Митевска Пролонгирањето за два дена на донесувањето на реформските закони, веројатно, е единствениот ефект што го постигна ВМРО-ДПМНЕ со прашањето за доверба во Владата. Колку и да изгледа парадоксално, другите ефекти, главно, се во корист на владејачкото мнозинство, кое како да не се препотуваше вчера многу во собраниската сала слушајќи ги опозициските критики. […]

По еден „воздржан“ за Владата од Беса и од ДПА


Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ по прашањето за доверба во Владата, што го покрена ВМРО-ДПМНЕ. Други двајца пратеници на Беса – Теута Биљали и Фадил Зендели гласале против иницијативата за недоверба на владиниот кабинет, а Африм Гаши не бил присутен. За претседателот на Алијансата […]

За недоверба на Владата гласаа 40 пратеници


Вкупно 40 пратеници гласаа вечерва за недоверба на Владата на СДСМ и на ДУИ. Интерпелацијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ очекувано не успеа, бидејќи за да падне Владата се потребни минимум 61 глас. Затоа, пак, парламентарното мнозинство обезбеди 62 гласа за поддршка на Владата, додека двајца пратеници останаа воздржани. Како што соопшти спикерот Талат Џафери, на […]

Заев му порача на Груевски дека е минато


Македонија очекува препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во неговото завршно обраќање на собраниската седница за интерпелацијата против Владата. Придвижувањето на патот кон ЕУ, според Заев, е показател за успешноста на владините политики, и покрај тоа што неговата Влада, како што рече, наследила цунами на сите полиња. На […]

Груевски го повика Заев да се повлече од политиката


Поранешниот премиер Никола Груевски, сепак, стигна на собраниската седница за интерпелацијата против Владата и се појави на говорницата како последен дискутант на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски го повика Заев да се повлече од политиката пред, како што рече, штетите од неговото владеење да бидат преголеми. Според Груевски, Заев од премиерскиот кабинет кроел планови како да побегне на […]

Заев ќе се „брани’ пред полноќ, Димовски последен говорник од ВМРО-ДПМНЕ?


Премиерот Зоран Заев ќе биде последниот говорник на собраниската седница за интерпелацијата против Владата која е во тек. Се очекува тој да се обрати пред 23.30 часот, затоа што на полноќ пратениците треба да гласаат „за“ или „против“ прашањето за доверба во Владата што го покрена опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заев ќе има на располагање 30 минути […]

„Старата гарда“ на ВМРО-ДПМНЕ исклучена од дискусијата за интерпелацијата


Дел од поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ не се пријавени за дискусија на собраниската седница за доверба на Владата која е во тек. Според наши информации, на списокот на говорници од ВМРО-ДПМНЕ што утрото му бил доставен на спикерот Талат Џафери ги нема имињата на поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски, на екскоординаторот на пратеничката […]

(Видео) Ѓорчев пак набројува: бев во Аеродром, во Тетово, во Гостивар…


Во познатиот манир, како што своевремено набројуваше во која сѐ општина ВМРО-ДПМНЕ остварила изборна победа, пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати попладнево од собраниската говорница, на седницата за интерпелацијата против владата. Овој пат, тој набројуваше во кои општини бил во изминатите неколку дена. „Во последните пет дена, бев во пет општини во државата. Бев во Тетово, […]

ВМРО-ДПМНЕ обвини за погубни политики, СДСМ вели дека опозицијата е очајна


Владата нема капацитет за водење на институциите што се под извршната власт, води погубна економска политика и ги крши Уставот и законите, обвини на денешната собраниска седница опозициската ВМРО-ДПМНЕ која поднесе барање за гласање на доверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. За пратениците од СДСМ, денешното барање за гласање доверба на Владата е […]

Кого напаѓа Мицкоски – Заев или Груевски?


Со политички „обвинителен акт“, напишан на пет и пол страници, ќе се соочи денеска Владата на СДСМ и на ДУИ во парламентот. По десетина години владеење и само десетина месеци во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ реши да го прекине петмесечниот бојкот на парламентот со покренување гласање за доверба за кабинетот на Зоран Заев, кој е обвинет за […]

Двете Беси против интерпелација, Авировиќ оди во власта?


Многу понеизвесен од гласањето за доверба на Владата, кое ќе се случи вечерва во Собранието, ќе биде исходот од кревањето рака „за“ и „против“ работата на Заев во редовите на опозицијата. Барањето за интерпелација, која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе без потписи од сите пратеници, предизвика сомнежи за евентуално неединство во коалицијата „За подобра Македонија“. Само 41 […]