Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација


Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На гласањето му претходеше расправа на која подносителите на интерпелацијата, но и пратениците на опозицискиот СДСМ, упатија критики на сметка на министерот за внатрешни работи, обвинувајќи дека […]

Тошковски се поистовети со МВР во расправата за интерпелацијата


  Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот, Тошковски ја поистовети […]

Во среда пред Собранието интерпелацијата за министерот Тошковски, седницата за владината реконструкција ќе се закаже штом пристигне предлогот


Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е на дневен ред на 106. пленарана седница закажана за в среда 24 јуни, додека во четврток на 25 јуни ќе се одржат редовните пратенички прашања до премиерот и министрите. На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието до крајот на јуни најави одржување и […]

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски


Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните […]

Интерпелација на министерот за Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата


Излажани земјоделци, прекин на ИПА проектите поради утврдени нерегуларности, коруптивни активности, што направи за земјоделството повеќе да се зборува како за дел од црната хроника, наместо за развој на економијата, беа дел од обвинувањата на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена […]

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците


Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс […]

СДСМ најави кривична пријава и интерпелација против Гаши и нема да учествува во расправата за новото задолжување


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши. Тој, исто така, најави дека најголемата опозициска партија нема да учествува во работата на матичната комисија за Финансирање […]

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, Трипуновски смета дека ќе биде неуспешна


СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, заради кршење на законите, системска корупција и злоупотреба на службената положба  „Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето […]

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците


Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на  неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата […]

Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците


Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“. Пленарната седница е закажана во 11 часот.  Интерпелацијата е поднесена на 14 април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, […]

Апасиев: Интерпелацијата за Тошковски е законски заснована


„Тошковски не е од вчера министер. Тој бил министер година дена: и од техничката влада на Талат Џафери, па преку новата политичка влада. Тој бил министер и во време на фалсификуваната лиценца. Ние сме земја која има колективни трауми досега. При секоја ваква колективна траума, прво нешто е министерот да си даде оставка, ако не […]

Помина интерпелацијата за Даути во Собранието


Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ. Интерпелацијата […]

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри


  Дури за тројца министри и еден заменик-министер пратеничката група на „Европскиот фронт“ поднесе денеска барања за интерпелација во Собранието. Заедно со тоа опозициската коалиција поднесе барање и на наредната седница на парламентот на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата. Интерпелации се поднесени за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и […]

Левица со седум точки за Гаши, за него интерпелацијата е полна со исламофобија и албанофобија


  Правно заснована и втемелена на факти или пак, зад интерпелацијата која ја поднесе Левица против претседателот на Собранието Африм Гаши стојат сосема поинакви мотиви – пред сѐ исламофобија и албанофобија. Помеѓу овие две крајности денеска во парламентот дом се води дебата околу одговорноста на Гаши во текот на неговото претседателствување, што Левица ја срочи […]

Гаши за интерпелацијата: Секој пратеник нека одлучи по сопствено убедување


Би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување и со чиста совест на утрешната седница на која на дневен ред е мојата интерпелација. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди да гласаат на таков начин, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши и нагласи дека токму тоа е суштината […]

Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши


 СДСМ утре ќе има координација со пратеничката група на која ќе донесе став за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Како што изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче, координацијата треба да се одржи околу 10 часот. – Ќе дозволите тоа да не биде мој личен став, туку на пратеничката група, истакна Филипче, одговорајќи […]

Левица ќе поднесе интерпелација за Гаши


Левица ќе поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, најавија денес преку соопштение до медиумите од оваа политичка партија. Повод е инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје кој, според Левица, го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер […]

Џафери не сака да се спушти на „нивото на Христијан Мицкоски“


  Во текот на расправата за неговата интерпелација, спикерот на Собранието, Талат Џафери, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваат, да се погледаат во огледало, отфрлајќи ги нивните обвинувања дека работи надвор од процедурите и деловникот на институцијата и дека имал навредлив однос кон опозицијата.    „Да се погледне во огледало секој што ќе стане […]

Почна пленарката за интерпелацијата на претседателот на Собранието Џафери


 Собранието на Република Северна Македонија ја почна 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува […]

Интерплеацијата на Џафери во четврток пред пратениците


 Во четврток на 30 јуни во Собранието на Република Северна Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток. Парламентот неделава има интензивна агенда во рамки на која ќе […]