Лавров бесен на колегите од Западот на самитот Г20: Нѐ нарекуваат агресори, окупатори, освојувачи


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”. „Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г20, а тоа е глобалната економија. Разговорот […]

Скокот на цената на маслото за јадење го урна рејтингот на претседателот на Индонезија


Рејтингот на индонезискиот претседател Џоко Видодо достигна најниско ниво во последните шест години поради незадоволството од зголемените цени на маслото за јадење и неможноста забраната за извоз да го ограничи скокот на цените на суровините, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење. Податоците објавени од агенцијата Indochina Politics Indicator покажуваат дека рејтингот на претседателот на […]

Директор на интернат во Индонезија осуден на смртна казна поради силување на 13 ученички


Индонезија– Индонезискиот висок суд денеска осуди директор на интернат на исламското училиште на смрт поради силување на најмалку 13 ученички во текот на пет години, од кои некои останале бремени. Хари Вираван претходно беше осуден на доживотен затвор, но, обвинителите се жалеа и побараа смртна казна. Директорот на женското училиште во Бандунг, Западна Јава, се […]

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен во Индонезија, има жртви


Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени. Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија. Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал […]

Најмалку 19 загинати во тепачка и пожар во бар во Индонезија


Најмалку 19 лица загинаа во пожар што избувна рано утринава во караоке бар во индонезиската провинција Западна Папуа, по тепачка меѓу ривалски банди, соопшти полицијата. Едно лице е смртно избодено со нож, а потоа барот бил запален со најмалку 18 лица кои останале заробени внатре, изјави полициски претставник. Полицијата соопшти дека тепачките меѓу младите се вообичаени, но […]

Земјотрес од 7,1 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ). Ројтерс пренесе извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри. Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од […]

Новиот главен град на Индонезија ќе се вика Нусантара


Донесена е одлука новиот главен град на Индонезија, кој ќе се наоѓа во југоисточниот дел на островот Калимантан, да се вика Нусантара, што значи архипелаг, соопшти денеска индонезискиот министер за планирање национален развој Сухарсо Моноарфа на владина седница за преместување на главниот град. – Штотуку добив директна потврда од претседателот Јоко Видодо, кој рече дека новата престолнина се вика Нусантара, рече […]

Земјотрес од 7,2 по Рихтер регистриран во Индонезија


Силен земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди групата острови Барат Даја во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 170 км

Индонезија ја погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер, предупредување за цунами


Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Индонезија. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а издадено е предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри. […]

Индонезија: Поплави однесоа 73 животи, 60 лица се водат како исчезнати


Најмалку 73 лица загинаа, а 60 се водат како исчезнати во поплавите, кои ја погодија источната индонезиска провинција Папуа. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Поради лизгање на земјиштето и откорнати дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и […]

Трагедија во Индонезија: Најмалку 50 луѓе загинаа во поплави


Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти. Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави. Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се […]

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија. Како што соопшти индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ), епицентарот на потресот се наоѓал на 130 километри југозападно од молучкиот остров Тернате. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални […]

Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати


Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти. Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени. Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на […]

Над 50 лица починаа од алкохол во Индонезија


Речиси 50 луѓе починаа за една недела во западниот дел на Индонезија, како последица од труење со илегално произведен алкохолен пијалак. Жртви има и во главниот град Џакарта. Поради високите даноци на алкохолот во Индонезија, каде живее главно муслиманско население, се повеќе е распространет црниот пазар меѓу сиромашните жители.

Индонезија: Фејсбук под истрага, на претставниците им се заканува затвор до 12 години


Индонезиските власти соопштија дека започнале истрага против Фејсбук во врска со нарушување на приватноста на корисниците на таа социјална мрежа во Индонезија, додавајќи дека доколку биде прогласена за виновна, на претставниците на Фејсбук во земјата им се заканува до 12 години зтвор и парична казна од 871.000 долари. Индонезиското Министерство за комуникации и информациски технологии […]

(ВИДЕО) Нуркач сними неверојатно многу ѓубре во морето


Нуркачот Рич Хорнер со подводна камера сними колку многу ѓубре има во морето во Бали, Индонезија. Видеото го објави Гардијан и напоменуваат дека ова ѓубре е од човечки фактор. Во морето се гледаат пластични кеси, шишиња и други отпадоци кои го загрожуваат животинскиот морски свет.

Македонски компании имаат можност да учествуваат во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија


Разгледување на можностите за натамошно унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Индонезија беа тема на денешната средба на делегација на Парламентот на Индонезија предводена од Абдул Малик Харамеин, заменик претседател на Групата за религиозни работи, општествени работи и еманципација на жените се сретна со Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија. Харамеин […]

Ван дер Варт потпиша за индонезиски Бали јунајтед


Рафаел ван дер Варт (34), кој своевремено настапуваше за Реал Мадрид и за Тотенхем, се сели во Индонезија во екипата на Бали јунајтед, јавуваат тамошните медиуми. Холандскиот интернационалец заминува на далечниот Исток од дански Митјиланд со кој се раздели на шест месеци пред истек на соработката. Ван дер Варт важеше за еден од најталентираните фудбалери […]