(Видео) За еден ден ерупција на три вулкани во Индонезија


Вулканите Мерапи, Левотоби и Марапи во Индонезија денеска еруптираа, а повредени нема. Вулканот Мерапи на островот Јава во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи облаци гас, пепел и лава, а нема повредени, а денеска и вулканот Левотоби во таа земја исфрли гасни облаци во воздухот. Регистрирана е и ерупцијата на вулканот Марапи во провинцијата Западна Суматра. Мерапи […]

Во Индонезија бројот на загинати од ерупцијата на вулканот се искачи на 22


Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Мерапи на западот на Индонезија се искачи на 22, по откривањето на уште неколку тела на планинари, соопшти денеска локалната спасувачка служба, која во претходниот извештај информираше за 13 загинати. Ерупцијата на вулканот Мерапи на островот Суматра започна во неделата попладне по локално време. Вулканот исфрлаше пепел на […]

Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Индонезија, нема предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на Бандското Море во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).  Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон, на длабочина од 146 километри, додава ЕМСЦ.  Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ), […]

Нусантара, новиот главен град на Индонезија ќе чини 32 милијарди долари


 Индонезија ќе одвои 40,6 трилиони рупии (2,7 милијарди долари) од својот буџет за 2024 година за изградба на својот нов главен град, со канцеларии на претседателската администрација и многу станови за персоналот што треба да бидат завршени следната година. Ова денеска го соопштија министрите. Оваа југоисточна азиска земја во 2019 година соопшти дека ќе го […]

Индонезија погодена од силен земјотрес од 7,3 степени, издадено предупредување за цунами


Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами. Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени. По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 […]

Силен земјотрес од седум степени регистриран во Индонезија


Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во море северно од индонезискиот остров Јава. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Земјотресот беше на длабочина од 594 километри со епицентар на 96 километри од Тубан и 157 километри од Сурабаja, втор индонезиски град по бројот на […]

Во Индонезија 14 загинати во пожар во складиште за гориво


Најмалку 14 лица загинаа, а неколку десетици се повредени откако денеска изби пожар во државно складиште за гориво во Џакарта, што пожарникарите успеаја да го стават под контрола, соопшти индонезиската војска. Отворена е истрага за причините за пожарот, кој избувна по 20 часот по локално време во објектите на националната нафтена компанија Пертамина, изјави началникот […]

(Видео) Силен земјотрес во Индонезија, има мртви


  Најмалку четири лица загинаа и неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рухтер што денеска ја погоди Индонезија. Четирите жртви биле во кафуле во време на земјотресот кој предизвика уривање на зградата, наведуваат агенциите. Земјотресот се почувствувал две-три секунди и предизвикал паника кај населението. Снимка на социјалните мрежи прикажува […]

Индонезија забранува вонбрачен секс, забраната важи и за странците


Парламентот на Индонезија денеска ги усвои законските измени со кои се забранува вонбрачен секс и се воведуваат други важни измени во кривичниот законик на земјата. Забраната за вонбрачен секс се однесува како на локалното население, така и на странците. Според новиот закон, родителите или децата ќе можат да пријават невенчани парови во полиција доколку се […]

Петгодишно момче спасено под урнатините два дена по земјотресот во Индонезија


Петгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето. – Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа […]

Продолжува потрагата по 151 лице кои сè уште се водат како исчезнати по смртоносниот земјотрес во Индонезија


  Два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што уништи област во провинцијата Западна Јава во Индонезија, во кој загинаа најмалку 268 лица, спасувачките екипи и денеска трагаат по 151 лице кое сè уште се водат како исчезнати. Многу од загинатите во земјотресот што го погоди округот Цианџур се деца кои посетувале религиозни часови во џамиите […]

Најмалку 162 лица загинаа во земјотресот во индонезиската провинција Западна Јава


Најмалку 162 лица загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија, соопшти гувернерот на провинцијата Ридван Камил. Тој прецизираше дека стотици се повредени, а над 13.400 лица биле принудени да ги напуштат своите домови, пренесува Скај Њуз. Херман Сухерман, официјален претставник од Цианџур, […]

На 56 луѓе се искачи бројот на жртви во земјотресот во Индонезија


Бројот на загинати во земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија се искачи на 56, изјави гувернерот на провинцијата Ридван Камил. Тој изјави дека спасувачите се обидуваат да стигнат до областите блокирани од лизгање на земјиштето. Локалните власти од Чианџур, град во Западна Јава, изјавија […]

Дваесетина мртви и над 300 повредени по земјотресот во Индонезија


  Речиси 20 луѓе загинаа и најмалку 300 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,6 степени што ја погоди индонезиската покраина Западна Јава, соопшти локален офицер. Херман Сухерман, владин функционер од Цијанјура, град во Западна Јава каде беше епицентарот на земјотресот, рече дека загинале до 20 луѓе во тој регион. „Според информациите кои ги […]

Силен земјотрес во Индонезија, почувствуван и во Џакарта


Земјотрес со јачина на ударот од 5,6 степени ја погоди денеска Индонезија, поточно областа јужно од главниот град Џакарта, потресувајќи згради, но засега нема информации за штети, јави ДПА. Американскиот геолошки институт (USGS) го процени земјотресот со јачина од 5,4 степени, додека Геофизичката агенција на Индонезија претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,6 […]

Индонезија собра 20 милијарди долари за да ја намали зависноста од јаглен


  Индонезија, четвртата најнаселена земја во светот, собра 20 милијарди долари од богатите земји и меѓународни институции за да ја намали зависноста од јаглен и да постигне јаглеродна неутралност една деценија порано од очекуваното. Меѓу земјите кои придонесоа за тој инвестициски фонд во Индонезија се САД, Франција, Канада и Велика Британија, соопшти Белата куќа на […]

Илон Маск на Г20 како Волшебникот од Оз: Вонземјани, длабоки тунели, транспорт на ракети


  Седејќи во мракот, облечен во традиционална индонезиска батик кошула и опкружен со свеќи, Илон Маск понуди визија за иднината која вклучува вонземјани, длабоки тунели и ракетен транспорт. Сопственикот на Твитер преку видео врска разговарал со бизнис лидерите на Бали на маргините на самитот на Г20, а само лицето и рацете можеле да му се […]

Стотина деца во Индонезија починаа, им откажале бубрезите по лекување со сируп на база на парацетамол


  Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските […]

Навивачите влегоа на терен по фудбалски натпревар во Индонезија, загинаа најмалку 174 луѓе


Бројот на загинати во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија се искачи на 174, од кои повеќето беа прегазени до смрт откако полицијата употреби солзавец за да ги разбие немирите во саботата, што го прави еден од најсмртоносните спортски настани во светот. Немирите избувнаа откако натпреварот заврши во саботата навечер кога домаќинот Арема ФК од […]

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, нема информации за повредени


  Силен подморски земјотрес денеска ја погоди северната индонезиска провинција Ацех, но нема извештаи за големи штети или жртви, додека локалните власти изјавија дека нема закана од цунами. Епицентарот на денешниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала бил на 40 километри југозападно од Меулабох, крајбрежен град во провинцијата Ацех, на длабочина од […]