Османи: 2018 година e клучна за решение за името


Постои оправдан оптимизам дека токму во 2018 година ќе биде надминат проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. Тоа денеска од Струга го порача заменик-министерот за Европски прашања Бујар Османи. – Оптимисти сме дека ѕвездите се така наместени да само 2018 година дава можност за конкретен пробив. Веќе наредната 2019 година […]

Ѕанакопулос: Изјавите на Димитров не помагаат


Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада во интервју за државната ТВ ЕРТ, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со Нимиц. – Политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија, во последните месеци има променето низа изјави од минатото, има усвоено една поумерена позиција и тоа […]

Средба Ципрас – Коѕијас за текот на разговорите за името


Последните случувања во разговорите за името му ги презентирал Никос Коѕијас на Алексис Ципрас, според грчките медиуми, на вчерашната средба во премиерската палата. Министерот за надворешни работи на Грција, го известил грчкиот премиер за текот на преговорите и средбата со Нимиц, а според истите извори Ципрас и Коѕијас се во континуирана и постојана комуникација за […]

Преговорите се сопнаа само што почнаа


Како торпедо ја опишаа грчките медиуми реакцијата на шефот на дипломатијата Никола Димитров на предлозите што ги донесе медијаторот Метју Нимиц по разговорите со грчкиот државен врв во Атина. Толку споменуваната добра волја на прес-конференцијата се распрска во парчиња, откако Димитров излезе со реторика и порака што не е чуена досега од оваа влада, и […]

Закани до Коѕијас: Имаме три куршуми за тебе


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера добил писмо со закани до него и неговото семејство во кое меѓу другото пишувало: „Имаме три куршуми за тебе“, соопшти министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Тоскас, утрово говорејќи за грчката телевизија Антена изјави дека анонимниот допис бил […]

Мини-анкета за процесот за името: Оптимизам за договор, скепса за предлозите


Се забележува волја кај двете страни за конечно затворање на проблемот со името. Потврда за тоа е евидентното засилување на процесот на преговори меѓу политичките лидерства на Македонија и на Грција. Тоа е генералниот заклучок на политичките набљудувачи и аналитичари што ги анкетираше вчера „Независен весник“ додека медијаторот на ОН, Метју Нимиц, престојуваше во Скопје, […]

Нимиц во Скопје на средби со државните и политичките лидери


Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска во Скопје ќе има средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите […]

Повеќе од половина Грци против терминот Македонија во името


„Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија, велат над половина Грци, односно 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата Pulse за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% оценуваат дека се позитивни протестите за „Македонија“. Поголема доверба анкетираните Грци […]

Ципрас ќе ги информира грчките власти за настаните околу името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на одделни состаноци, ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања во прашањето со името. Според грчките медиуми, Алексис Ципрас утрово веќе имал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а […]

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за името


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум. „Дискутираме […]

И Македонија конечно ќе гради државна позиција за името


  На лидерската средба в сабота во Клубот на пратеници, на која ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, лидерите Али Ахмети, Христијан Мицковски и премиерот Зоран Заев, ќе се разговара за резултатите од преговорите меѓу Македонија и Грција, како и за последните предлози на Метју Нимиц кој, пак, според агендата, ќе пристигне во Скопје на 31 […]

На координацијата за предлозите на Нимиц ќе присуствуваат и Иванов и Мицкоски


Координацијата за предложената рамка на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе се одржи в сабота попладне во Клубот на пратеници. На средбата која е иницирана од МНР, како што потврдија за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. – Министерството за надворешни работи е иницијатор […]

Заев и Ципрас денес ќе го решаваат името


Зајакнување на односите меѓу двете земји во контекст на градењето мерки на доверба, како и анализа на досега постигнатото во обновените преговори меѓу Македонија и Грција за прашањето за името, ќе бидат темите во фокусот на денешната прва директна средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, која ќе се одржи попладнево […]

Прва директна средба Заев-Ципрас во Давос


Прашањата поврзани со преговорите за името ќе се најдат на денешната агенда меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на нивната средба во Давос на маргините на Светскиот економски форум. Тоа ќе биде прва директна средба меѓу премиерите на двете држави, откако се смени власта во Македонија и по неодамнешното обновување на […]

Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е мошне лошо


Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис смета дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо. Тој за грчката агенција АНА-МПА посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот. – Кога ќе одиш да решиш еден проблем, треба […]

Заев ќе се сретне со Ципрас во Давос


Премиерот на Mакедонија, Зоран Заев ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија во рамките на барањето решение за долгогодишниот спор околу името. Портпаролот на грчката влада соопшти дека средбата е договорена и ќе се одржи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, кој почна денеска. Средбата доаѓа по последната рунда […]

ЕРТ: Нимиц во следните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје


Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Мeтју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да го разгледа ова прашање, соопшти грчката телевизиа ЕРТ. Медиумот забележува дека дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во […]

Грците не ја даваат „Македонија“


Околу 60.000 Грци се собраа вчера во Солун на протестот платен и организиран од дијаспората и од десничарските организации во земјата, а со цел да се побара од владата во Атина да не прифаќа име што ќе го вклучи зборот Македонија во преговорите со нашата земја. На протестот дојдоа повеќе луѓе од очекувањата, но сепак […]

Ципрас: Ако постои можност за решение, ќе биде национална глупост да не ја искористиме


Порака дека Атина бара едно име кое ќе важи и за внатрешна и за билатерална и за употреба во ОН упатува грчкиот премиер преку интервјуто под наслов „Ако постои можност, ќе биде национална глупост да не ја искористиме“, за неделното издание на весникот „Етнос“. Алексис Ципрас, како што јавува дописникот на МИА од Атина, говори […]

Хојт Ји: Македонија и Грција имаат шанса да го решат спорот за името


Сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името. Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. Не сакаме да гледаме промени во границите на Западен Балкан, не гледаме потреба од тоа. Ова го изјави Хојт Ји , […]