Радев: Решението за името не треба да влијае врз интересите на трите држави


Спорот околу името треба да биде решен во полза на трите држави, Македонија, Грција и Бугарија, порача бугарскиот претседател Румен Радев пред неговото утрешна посета на земјава. Тој во интервју за агенцијата БГНЕС, изјави дека за таа цел бугарските власти ќе бидат во контакт со македонските. „Бугарија секогаш се стремеше да и помага на Република […]

Колегијална поддршка од Атина: Бутарис е вистински патриот


Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот околу името на солунскиот аеродром „Македонија“ доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој го опиша како „вистински патриот“. „Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, објави Каминис на Твитер во однос на […]

Албанците не сакаат „Македонија“ без превод


Десетина албански интелектуалци наскоро до премиерот Зоран Заев ќе испратат отворено барање да го вклучи и албанскиот фактор во преговорите околу името со нашиот јужен сосед, Грција. Според нив, новото име на Македонија треба да ја отсликува мултиетничката реалност на земјава и секакво спротивно решение ќе биде одбиено од страна на Албанците. За медиумите претставникот […]

Можна повторна средба на Димитров и Коѕијас во Софија


По средбата во Виена, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас би можеле повторно да се сретнат во Софија, објавија грчките медиуми. Државната ТВ ЕРТ јави дека нивната средба треба да се одржи денеска, додека останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за […]

Грчката позиција се појасна – ерга омнес и промена на Уставот


Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата, која се погласно се споменува од грчката страна во преговорите за името со Македонија, кои и натаму се во фокусот на грчките медиуми. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ја повтори грчката позиција – сложено име, кое ќе важи за сите […]

Бутарис: Не предложив да се смени името на аеродромот, спиев и ме збунија


Погрешно беа протолкувани моите изјави, никогаш не предложив, ниту предлагам промена на името на аеродромот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во изјава за медиумите, по реакциите што ги предизвика, говорејќи синоќа на состанокот на општинскиот совет и утрово за грчката телевизија Скај. Бутарис, изрази жалење што, како што рече бил изваден и објавен само еден […]

Бутарис: Аеродромот „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“. – Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да рзмислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката […]

Прванов: Решението на спорот за името не треба да биде на сметка на Бугарија


Решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да биде на сметка на Бугарија, изјави во утринската емисија на БТВ поранешниот бугарски претседател Георги Прванов. Деблокирањето на дијалогот меѓу Грција и Македонија за спорот за името го оцени како мошне поволен, но изрази загриженост поради некои од можните решенија кои се споменуваат. […]

Шилегов за „Документо“: Меѓу двете влади постои расположение за решавање на проблемот


Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“. Петре Шилегов, вели дека тој, но и премиерот Зоран Заев сакаат да ги решаваат, а не да создаваат проблеми. – Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам […]

Груби: Конечното решение за името да биде достоинствено и взаемно прифатливо


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби. Груби му ги пренел на Нимиц впечатоците од средбите во […]

Ѕанакопулос: Димитров и Коѕијас ќе разговараат за сите отворени прашања


За сите отворени прашања во рамките на преговорите ќе разговараат Димитров и Коѕијас, изјави портпаролот на грчката Влада во однос на тоа што ќе се најде на масата разговори на двајцата министри за надворешни работи на нивната следна средба, јавува дописникот на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање, на вчерашниот брифинг, во врска со […]

Серија преговори меѓу Македонија и Грција


Делегации од  министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа средба  во рамките на преговорите за градење мерки на доверба меѓу двте земји. “Атмосферата беше конструктивна” , изјавија од МНР по средбата. Притоа, договорена е соработка  во разни области, вклучително и во земјоделството, образованието, здравството, заштитата на населението и други.Следниот круг преговори ќе се […]

Шекеринска: Груби изгледа е голем оптимист, не мислам дека е точна таа проценка


Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното интервју на ТВ 24 коментирајќи ја изјавата на Артан Груби дека е постигнат договор за името, вели дека далеку е од такво нешто. „Груби изгледа е голем оптимист. Не мислам дека е точна таа проценка. Во спорови кои траат толку долго, нијанси одлучуваат. И се додека немате договор, сте далеку […]

Кумуцакос: Менуваат табли на улици, но не и позиции


Менуваат табли на улици, но не и позиции, вели одговорниот за надворешни работи во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев. Кумуцакос бара од грчката влада да каже јавно кои се црвените линии во разговорите. – Премиерот и министерот за надворешни работи на Скопје, јасно ги одредија нивните црвени […]

Османи: Не може да има парцијално решение за името


Изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за грчката ТВ Скај дека сме земја без име, е дадена во позитивен контекс и се однесува на актуелната состојба со употребата на привремената референца за државата во меѓународните организации, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. – Изјавата на Ахмети беше дадена во позитивен контекс во […]

Павлопулос: Промени во Уставот за решение на името и интеграција во НАТО и ЕУ


Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и уште еднаш го повторува неговиот став за Македонија, дека потребни се уставни промени, како што вели, отстранување на иредентистичките позиции, а потоа решение на проблемот и евро-атлантска […]

Османи: Оваа година да се реши името, следната е неизвесна


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека 2018. е година кога треба да се реши спорот со Грција за името, оти веќе следната година настануваат нови околности, чиј исход не може да се предвиди. – Коцките се наместени, треба да се најде решение и тоа да се материјализира во конкретни чекори. Во 2019. […]

Aнкета: Името и идентитетските прашања влијаат на перцепцијата за ЕУ


Името и идентетските прашања силно влијаат на перцепцијата на граѓаните за членството во ЕУ, покажува дебатната анкета за придобивките и предизвиците од членството на Македонија во ЕУ спроведена од Институтот за европска политика. Истражувањето е спроведено од 1 до 7 ноември 2017 година кога се анкетирани 1.200 испитаници, како и на 18 и 19 ноември […]

Истражување: 71 отсто од Грците прифаќаат решение без терминот „Македонија“


Само 22,5 отсто од Грците прифаќаат сложено име, а седум од 10, односно 71,5 отсто сакаат решение без терминот Македонија, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од солунскиот Универзитет Македонија и фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, кое денеска го објавува грчкиот весник „Катимерини“. Во 2016, јавува дописникот на МИА од Атина, на истото прашање, во […]

Заев се надева на решение за името до средината на годината


Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија. Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум. – Референдумот треба да биде дополнителна гаранција […]