Израел не исклучува напад врз иранските нуклеарни локации


Израел не ја отфрла можноста за напад врз иранските нуклеарни постројки во наредните месеци и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека САД засега не се подготвени да поддржат таков потег. Ова го јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски функционер и уште две лица запознаени со […]

Израел претвори околу 30 отсто од Појасот Газа во тампон-зона во која Палестинците не можат да живеат


Израелската армија денеска соопшти дека трансформирала околу 30 отсто од Појасот Газа во „безбедносен периметар“. Тоа е тампон-зона во која не може да живее палестинско население. Во соопштението, армијата информира дека погодила околу 1.200 „терористички цели“ од воздух и извршила повеќе од 100 „целни убиства“ откако ја продолжи офанзивата на палестинска територија на 18 март, […]

Израел ослободи 80 палестински затвореници од Појасот Газа, повеќето се во лоша здравствена состојба


Израел утринава ослободи 80 палестински затвореници од Појасот Газа, соопштија медицински извори. Изворите наведуваат и дека повеќето од ослободените се во лоша здравствена состојба, а многумина се хоспитализирани. Затворениците беа ослободени на израелскиот премин Кисуфим во близина на Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Министерството за здравство во Газа објави дека вкупниот број на […]

Израел повторно нападна цели во близина на Дамаск, Турција остро реагира


Израелските воздухопловни сили синоќа извршија два воздушни напада врз воени објекти во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. „Израелски авиони гаѓаа воени позиции и пунктови на периферијата на Дамаск“, соопшти Центарот, додавајќи дека засега нема информации за евентуални жртви. Овие напади уследија помалку од 24 часа по […]

Енклава за „бегалци“: За Орбан меѓународното право не значи ништо – Нетанјаху пристигнува во Унгарија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела е во посета на Унгарија, и покрај налогот за апсење издаден против него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводни воени злосторства во Газа. Патувањето на Нетанјаху, објавено од неговата канцеларија во неделата, доаѓа на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посетата, закажана за среда до недела, […]

Египет претстави нов предлог за обновување на примирјето меѓу Израел и Хамас


Египет претстави нов предлог за повторно воспоставување на примирје меѓу Израел и Хамас, според кој Хамас денеска треба да ослободи пет живи заложници, а Израел треба да дозволи проток на хуманитарна помош во Појасот Газа, објавија денеска американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Покрај тоа, Израел треба да ослободи неколку стотици палестински затвореници. Неименуван […]

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху


Израелската влада рано утрово го разреши шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет, а одлуката ќе стапи во сила на 10 април, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, по тридневните протести против најавениот потег. Нетанјаху оваа недела изјави дека ја изгубил довербата во Ронен Бар, кој ја водеше Шин Бет од 2021 година, и дека […]

Илјадници протестираат во Израел поради „нападот врз демократијата“ од Нетанјаху


  Десетици илјади Израелци излегоа на улиците за да повикаат на нов прекин на огнот во Газа и да протестираат против, како што велат, нападот врз демократијата во земјата од страна на десничарската владина коалиција на Бенјамин Нетанјаху. Клучните автопати се блокирани, а полицијата уапси најмалку 12 лица поради жестоките сцени во Ерусалим и Тел […]

Израел ја критикува резолуцијата за Газа усвоена на арапскиот Самит во Каиро, Хамас ја поздрави


Израелското Министерство за надворешни работи синоќа ја критикуваше резолуцијата усвоена на самитот на Арапската лига во Каиро за обнова на Појасот Газа, оценувајќи дека таа „не успева да одговори“ на реалноста по нападот на радикалната палестинска групација Хамас врз израелска територија на 7 октомври 2023 година. Од друга страна, Хамас го поздрави усвоениот арапски план […]

Сите граници се затвораат, нема влез во државата?


Службениците за гранична контрола во Израел ветија дека ќе штрајкуваат во недела, блокирајќи го секој влез во земјата, вклучително и меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив. Вработените во Службата за население и имиграција бараат подобри плати и подобра лична заштита, пишува „Тајмс оф Израел“. Доколку штрајкот би се одржал, аеродромот во Тел Авив би […]

Уапсен тинејџер осомничен дека планирал напад врз амбасадата на Израел во Берлин


Германските власти вчера уапсиле 18-годишно момче осомничено дека планирало политички мотивиран напад врз израелската Амбасада во Берлин, изјавија денеска безбедносни извори за ДПА. Според информациите на ДПА, безбедносните власти претпоставуваат дека зад нападот стои исламистички мотив. Осомничениот е руски државјанин и тој бил уапсен вчера во областа Даме-Шпревалд во покраината Бранденбург, соопшти полицијата во Потсдам, […]

Израел: Хамас брутално ги уби двете деца заложници


Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири. – Според преоцената на надлежните органи и врз основа на достапните разузнавачки и дијагностички показатели, Ариел и Кфир Бибас се брутално убиени во […]

Израел ги доби имињата на четворицата загинати заложници


Израел доби список со имињата на загинатите заложници, чии тела се очекува денеска да бидат вратени од палестинската исламистичка група Хамас. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека се информирани роднините на загинатите заложници. Според Хамас и израелските медиуми помеѓу загинатите заложници е мајка со две деца и еден возрасен маж. Претходно, Хамас соопшти дека […]

Израел ќе ослободи 369 палестински затвореници во замена за тројца заложници од Појасот Газа


Клубот на палестинските затвореници соопшти дека Израел денеска ќе ослободи 369 палестински затвореници, во замена за тројца заложници држени во Појасот Газа од нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Заедно со нив ќе бидат ослободени и 333 затвореници од Појасот Газа, уапсени по 7 октомври 2023 година, изјави претседателот на […]

Израел ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН


Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Израел ќе се повлече од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ), обвинувајќи го телото за „заштита на прекршителите на човековите права“, додека, како што наведе, го „демонизира“ Израел и „пропагира антисемитизам“. „Израел се приклучува на САД и нема да учествува во УНХРЦ“, напиша Сар […]

Израел ги доби имињата на заложниците кои Хамас следни ќе ги ослободи


Палестинската екстремистичка група Хамас ги соопшти имињата на следните тројца заложници што утре ќе бидат ослободени од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Една од заложничките што ќе биде ослободена во замена за десетици палестински затвореници е Арбел Јехуд, која има и израелско и […]

Трамп сакал да ги сели Палестинците во Индонезија, светот возврати- тоа е воено злосторство


Предлогот на Доналд Трамп дека голем број Палестинци треба да ја напуштат Газа за „ да го исчистат“ целиот појас беше отфрлен од сојузниците на САД во регионот и беше нападнат како опасен, незаконски и неостварлив од адвокатите и активистите. Американскиот претседател рече дека би сакал стотици илјади луѓе да се преселат во соседните земји, […]

Бела куќа: Примирјето во Либан ќе продолжи до 18 февруари


 Израел и Либан се согласија да го продолжат примирјето до 18 февруари, соопштија американските власти. Според соопштение на Белата куќа, функционери од Либан, Израел и САД треба да почнат преговори за враќање на заробениците од ескалацијата на конфликтот на 7 октомври 2023 година. Израел и либанската милиција Хезболах се договорија за прекин на огнот на […]

Израел и нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах


Украинската амбасада во Израел објави дека се водат разговори за пренос на заробеното оружје на Хезболах на украинските сили, со што Израел значително ќе ги поддржи украинските воени напори за прв пат од почетокот на руската агресија. Израел предложи да се пренесе оружјето од руско производство, запленето од израелската војска во Либан на украинските сили. […]

Кои се Палестинците ослободени од израелските затвори


  Во неделата, многу Израелци останаа залепени за ТВ екраните цело попладне за да видат како трите заложнички беа пуштени од Хамас со посредство на Црвениот крст. Снимките покажаа дека улиците се преполни од илјадници Палестинци, вклучително и вооружени лица на Хамас со зелени ленти за глава, додека милитантите ги предаваа заложничките на Црвениот крст […]