Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег


Лиценците на 37 меѓународни невладини организации што работат во Газа и Западниот Брег ќе истечат на 1 јануари, бидејќи не ги исполниле строгите нови барања за регистрација кај израелската влада, како што е предвидено во регулативата од 1 март оваа година, објави синоќа израелското Министерство за дијаспора. Во соопштението се наведува дека организациите што се […]

Во Медитеранот се формира нов воен сојуз: Израел ја предводи групата што испраќа јасна порака до Анкара


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ги угости грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес во Израел, каде што се одржа трилатерален самит на кој беше најавено дополнително продлабочување на безбедносната, воената и технолошката соработка меѓу трите земји. Во заедничка изјава по состанокот беше наведено дека Израел, Грција и Кипар се согласиле да […]

Израелска лекција за водата – како се цени, менаџира и заштитува секоја капка


Во Израел водата се смета за јавно добро. Загубите се сведени на исклучително ниско ниво, меѓу 5 и 7 отсто, со тенденција во наредните 10 години да се намалат на 4 проценти. Системот е до тој степен „затворен“ (заокружен) што секоја капка и секоја чаша истурена во мијалниците, тоалетите или уличните сливници завршува во колекторскиот […]

Израел го одобри договорот за извоз на гас во Египет, вреден 35 милијарди долари


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го одобрил договорот за извоз на природен гас во Египет во вредност од 35 милијарди долари, најголемиот договор за гас во израелската историја. Договорот би можел да помогне и во подобрувањето на односите меѓу Израел и Египет, затегнати во изминатите две години поради војната на Израел против палестинскиот Хамас […]

Израел тврди дека убил 40 палестински борци во тунелите во Рафа


Израелската војска синоќа соопшти дека убила повеќе од 40 палестински борци во изминатата недела за време на операциите во тунелите во близина на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелските сили во изминатите 40 дена ги концентрираа своите напори во источниот дел на Рафа, „со цел демонтирање на преостанатите подземни мрежи на тунели во […]

Во Израел годинава регистрирани 32 случаи на фемицид


Во Израел во 2025 година имало 32 случаи на фемицид, што е нагло зголемување во однос на претходната година, кога биле регистрирани 20 случаи, според годишниот извештај објавен утринава од Израелската опсерваторија за фемицид. Фемицид се однесува на намерно злосторство против жени или девојки поради нивниот пол. Дополнителни 12 жени биле убиени во случаи кои […]

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел


Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на медиумите во Тел Авив, кои, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавиле дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала, објавија медиумите […]

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа


Израелската затворска служба денеска соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа. Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“. -По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи […]

Израел одбива да го пушти од затвор најпопуларниот Палестинец


  РАМАЛА, Западен Брег  – Најпопуларниот и потенцијално обединувачки палестински лидер – Марван Баргути – не е меѓу затворениците што Израел има намера да ги ослободи во замена за заложниците што ги држи Хамас според новиот договор за прекин на огнот во Газа. Израел, исто така, го отфрли ослободувањето на други познати затвореници чие ослободување […]

„Трамп е како нескротлив џин“: Како беше склучен договорот за примирје во Газа


  Во политиката е добро позната поговорка дека успехот има многу родители, но неуспехот е сирак. Освен кога е вмешан Доналд Трамп, во тој случај има само еден родител. Сепак, многу земји и поединци имаат право да истапат напред за да побараат авторска улога во договорот за кој се надеваат дека ќе стави крај на […]

Израелската влада го одобри договорот со Хамас


Израелската влада синоќа го одобри договорот со кој Хамас ќе ги ослободи сите 48 преостанати заложници во Газа, соопшти Кабинетот на премиерот. Со усвојувањето прекинот на огнот стапи во сила. Ослободувањето на заложниците, во замена за околу 2.000 палестински затвореници и делумно повлекување на израелската армија (ИДФ), претставува прва фаза од мировниот план за Газа […]

САД преместуваат 200 војници во Израел


САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници. Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, […]

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот. Трамп: Знаеме што доаѓа


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа. „Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. Остатокот од објавата гласи: „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги […]

Во Израел им се оддава почит на жртвите од нападот на Хамас од пред две години


Семејствата и пријателите на жртвите од нападот на радикалната палестинска група Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година, утрово им оддадоа почит на втората годишнина од крвопролевањето со што започна војната во Појасот Газа, јавија западните агенции. Ожалостените семејства се собраа на местото на музичкиот фестивал Нова, што беше нападнато од палестински исламисти.  […]

Израел денеска депортира во Турција уште 137 активисти од флотилата „Сумуд“


 Уште 137 активисти од Глобалната флотила „Сумуд“ кои се обидоа да ја пробијат израелската поморска блокада на Појасот Газа се депортирани во Турција, објави денеска израелското Министерство за надворешни работи. Според извештаите, меѓу депортираните активисти има државјани на САД, Италија, Обединетото Кралство, Јордан, Кувајт, Либија, Алжир, Мавританија, Малезија, Бахреин, Мароко, Швајцарија, Тунис и Турција. Израелското […]

Политичкото раководство на Израел ѝ нареди на армијата да ги намали офанзивните активности во Газа


Врвните функционери на Израел ѝ наредија на војската да ги намали офанзивните активности во Газа откако изјавија дека се подготвуваат за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, објавија израелските медиуми. Медиумите известуваат дека политичката елита на Израел го наредила ова откако Хамас одговорил на планот. Хамас објави […]

Турција побара од УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел


Турција официјално стана првата членка на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која јавно повика на суспензија на Израел од меѓународниот фудбал, оценувајќи ја ситуацијата во Газа како „нехумана и неприфатлива“. Агенцијата Анадолија јави дека претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу, испратил во петокот писмо до лидерите на светскиот фудбал, пред седницата на Извршниот комитет […]

САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари


Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа. Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди […]

Еврокомисијата предложи пакет санкции кон Израел и Хамас


Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел и за робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници и субјекти кои ја поддржуваат неказнивоста на Западниот Брег, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.  – Сакам […]

„Газа гори“: Израел започна копнена офанзива за заземање на градот


Израел започна копнена офанзива доцна во понеделник, обидувајќи се да го заземе градот Газа по неколку недели силно бомбардирање. Локалните медиуми објавија дека израелските тенкови влегле во градот по масовните воздушни напади. „Газа гори“, изјави рано во вторник израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додавајќи дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) удираат „со железна тупаница врз […]