Израел нападна цел во Сирија како одговор на напад со дрон


Израелската војска денеска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно. – Пред кратко време, ИДФ ја нападнаа организацијата во Сирија која изврши лансирање на беспилотно летало кон Еилат вчера (четврток), кој погоди училиште во градот, соопштија израелските одбранбени […]

САД испраќаат бомби во вредност од 320 милиони долари во Израел


 Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го извести американскиот Конгрес дека планира да испрати прецизно наведувани бомби во Израел во вредност од 320 милиони долари, изјави извор запознаен со планот. Како што пренесуваат британските медиуми, американскиот „Вол стрит Џурнал“ испратил формално известување до лидерите на Конгресот за планираното пренесување на „Spice Family Gliding Bomb Assemblies“, […]

Појасот Газа практично е поделен, ИДФ подготвени за офанзива на север


Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, со што појасот Газа практично е поделен на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари. И началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, синоќа изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да почне офанзива […]

ОН во кавга поради војната меѓу Израел и Хамас


Конфликтот на Израел со Палестинците е стар речиси колку и Обединетите нации. Но, тој едвај некогаш предизвика толкав хаос во типично мирната институција како што се случи  во последниот месец. Израелските власти го повикаа генералниот секретар да поднесе оставка, висок функционер за човекови права се повлече со гнрвно писмо во кое обвини за „геноцид“, а дипломатите […]

Нападот на израелската војска врз амбулантно возило во Газа предизвика глобална згрозеност


  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, е „згрозен“ од нападот на Израел врз конвојот амбулантни возила во Газа, се вели во соопштението на ОН. Во нападот во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа, најголемата медицинска установа во енклавата, во петокот загинаа најмалку 15 луѓе, а 50 други беа ранети, според здравствените власти управувани […]

Поранешниот премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради реакцијата на нападот на Хамас


Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ за својот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Барак изјави за FP дека „целта е да се ограничат воените и владините можности на Хамас […]

Израелската армија ја проби првата линија на одбрана на Хамас


Израелската армија утрово соопшти дека уште еден војник загинал во борбите во северниот дел на Појасот Газа. Вкупно 17 израелски војници се убиени од 27 октомври кога почна копнената операција врз Појасот Газа минатиот петок. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари посочи дека војниците ги пробиле првите линии на одбрана на Хамас во северниот дел […]

Израел испрати воени бродови во Црвеното Море поради ракети испалени од Јемен


Војската на Израел (ИДФ) објави дека распоредила ракетни чамци во Црвеното Море. Овој потег уследи откако ИД вчера пресретна ракета земја-земја и „непријателски цели“ во регионот Еилат, што подоцна беше потврдено од јеменските Хути. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, ИД рече: „Според ситуационата проценка и како дел од одбранбените напори во областа, ракетни […]

Медиумите во Израел станаа главни носители на пораката на државата


  Кога 85-годишната Израелка Јошевед Лифшиц беше ослободена од заробеништво на Хамас минатата недела, таа беше топло пречекана дома. Потоа таа почна да зборува. Обраќајќи им се на новинарите од инвалидска количка во болница, Лифшиц го опиша ужасното искуство во заробеништво на Хамас, но исто така рече дека таа била праведно третирана. Израелските медиуми веднаш […]

Лекарите предупредуваат дека Израел ја бомбардира болницата во Газа


Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека израелската војска бомбардирала неколкупати во близина на нивната болница во центарот на Газа, предизвикувајќи штета и ставајќи ги во опасност цивилите и пациентите.  -Израелската Армија намерно продолжува да лансира ракети директно во близина на болницата Ал Кудс со цел да го принуди медицинскиот персонал, раселените лица и пациентите да […]

Израел „ги премина црвените линии“, вели иранскиот претседател Раиси


 Воените дејствија на Израел во Појасот Газа отидоа предалеку и ќе вовлечат други во конфликтот, предупреди иранскиот претседател Ебрахим Раиси. – Злосторствата на ционистичкиот ентитет, хуманитарни и воени, ги преминаа црвените линии што може да ги принудат сите да дејствуваат, рече Раиси во интервју за телевизијата Ал Џезира. Како што пренесе ДПА, Раиси ги заостри […]

(Видео) Почна копнената офанзива на Израел – колони тенкови одат кон Газа


Војната на Израел и Хамас продолжува да беснее и влезе во својот 22 ден. Воската на Израел започнува копнена офанзива.Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледаат долги редици тенкови и други возила во движење, со краток коментар дека покажува активност на копнените сили во Газа. „Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите“, изјави […]

Израелците тврдат дека пресретнале проектил истрелан од Либан


 Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета земја-воздух истрелана од Либан кон еден од нејзините беспилотни летала. Војската додаде дека тие одговориле со напад на локацијата на лансирање. Оваа информација доаѓа откако претходно ИДФ објави дека во текот на ноќта ја нападнала инфраструктурата на Хезболах. Хезболах, моќна милитантна група со седиште во Либан, постојано разменува оган […]

Израелец пушти страшна снимка од обид за обезглавување на седницата на ОН


Амбасадорот на Израел Гилад Ердан пушти видео на кое терорист на Хамас се обидува да обезглави тајландски работник со градинарска мотика за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври, на вчерашната седница на Обединетите нации (ОН). Ттој сакаше да ги убеди членовите на Генералното собрание да не ја поддржуваат јорданската резолуција со која […]

Инвазијата на Израел во Газа е одложена поради внатрешни поделби и меѓународниот притисок


Израел се уште не почна копнена инвазија врз Газа, и покрај тоа што ја најави, а доцнењето медиумите и експертите го припишуваат на меѓународниот притисок, политичко-воените поделби и загриженоста за заложниците.  Осумнаесет дена по најсмртоносниот напад што некогаш бил извршен врз Израел од страна на палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа, израелската војска […]

Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот


Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“. Израелскиот министер за надворешни […]

Израелската воена авијација гранатира сириски воени позиции


Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа воени позиции во Сирија како одговор на гранатирањето од земјата, соопшти денеска ИДФ. – Пред кратко време, борбени авиони на ИДФ погодија воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија како одговор на вчерашното лансирање кон Израел, соопшти израелската војска на социјалните мрежи. Израел редовно бомбардира цели во соседната Сирија разорена […]

Ослободената заложничка ја опиша „пајажината“ од тунели во Газа и добриот третман од киднаперите


  Со нејзиниот глас кој е едвај шепот, ослободена како заложник на Хамас, Јохевед Лифшиц (85), на прес-конференцијата пред болницата „Ичилов“ во Тел Авив опишува како терористичката организација ја однела со мотор од кибуцот Нир Оз во Појасот Газа на 7 октомври во „пајажина“ од тунели. „Поминав низ пекол што никогаш не ни го замислувавме. […]

Кац: Израел нема да ја одложи офанзивата во Газа поради заложниците


Израел нема да ја одложи копнената офанзива во Појасот Газа поради заложниците кои таму ги држи исламистичкото движење „Хамас“, кое ја контролира палестинската територија, изјави израелскиот министер за енергетика Израел Кац, цитиран од британските медиуми. Кац, кој е претставник на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во интервју објавено денеска за весникот „Билд“ вети […]

Началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви : Подготвени сме за копнена офанзива


 Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека израелските копнени сили се „многу добро подготвени“ за најавената копнена офанзива на северот на Појасот Газа.  -Сакаме да го сведеме Хамас до степен на исчезнување. Нивните водачи, нивното воено крило. Затоа напаѓаме со сета наша сила. Ги убиваме нивните високи команданти, оперативци, ја уништуваме нивната […]