Бах: Израел не ја прекрши Олимписката повелба и затоа може да учествува на Олимпијадата


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах одговори на прашањето зошто на Израел, за разлика од Русија, му беше дозволено учество на Олимпијадата во Париз без никакви ограничувања. На крајот на 2023 година, ИОК објави прием на Игрите во 2024 година на спортисти од Русија и Белорусија во индивидуален неутрален статус, со исполнување на […]

Ленарчич: Израел не презентираше докази за обвинувањата против УНРВА


Највисокиот функционер на Европската унија за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, синоќа изјави дека не видел докази од Израел како поткрепа за неговите обвинувања против персоналот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА (UNRWA), која треба да продолжи да игра „клучна“ хуманитарна улога во Појасот Газа.  УНРВА, која обезбедува помош и услуги за палестинските бегалци […]

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа


Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри денеска изјави дека Израел го уништува системот за исхрана во Газа како дел од пошироката „кампања за изгладување“ во војната против членовите на палестинската милитантна група Хамас. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, тој рече дека телото не прави доволно за да им […]

САД ја блокираа изјавата во СБ на ОН со која Израел се обвинува за смртта на Палестинците во Газа


САД ноќеска ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН, предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, со која се посочува дека израелските сили се одговорни  за отворање оган врз Палестинците кои чекале да им се достави храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и за убиство на повеќе од […]

Бразилскиот претседател Лула предизвика гнев кај Израел споредувајќи ја војната во Газа со Холокаустот


Израел го обвини бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за тривијализирање на холокаустот и навреда на еврејскиот народ, откако ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со нацистичкиот геноцид во Втората светска војна. „Она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ нема споредба со другите историски моменти. Всушност, тоа постоело кога […]

Зголемен притисок врз Израел пред големата акција, Бајден го предупреди Нетанјаху


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа повторно му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да продолжи со воена акција во Рафа без кредибилен и спроведлив план за заштита на палестинските цивили, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери синоќа разговараа по вторпат за помалку од една недела, при што Бајден повторно го предупреди Нетанјаху да […]

Бајден: Израел претера со одговорот во Појасот Газа


Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека бил претеран воениот одговор на Израел во Појасот Газа. – Јас навистина се залагам хуманитарната помош да стигне во Газа. Јас сум и за прекин на огнот, за да се овозможи ослободување на заложниците. Сето ова мора да престане што поскоро, има многу невини луѓе, многу оние […]

Израел се нафрли на ОН со сите средства, дури и со обвинувања за тероризам


Главната агенција на ОН во Газа е во метеж откако Израел обвини некои од вработените за вмешаност во терористичките напади на Хамас на 7 октомври. Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа (UNRWA) отпушти неколку вработени по обвинувањата, кои не беа објавени во јавноста. САД и неколку други земји, исто така, го прекинаа финансирањето […]

По повод еврејскиот празник Ту би Шват, засадени дрвца во паркот пред Меморијалниот центар


По повод еврејскиот празник Ту би Шват (Нова година на дрвото), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска организираше садење на дрва, во п арк пред Меморијалниот центар на холокаустот. Беа засадени пет дрвца, а учествуваше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел.  По повод 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од […]

Најмалку 21 израелски војник загина во експлозија во Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека 21 нејзин војник загинале во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија, а тенк бил погоден од проектил. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадминистраторот Даниел Хагари, соопшти дека вкупно 21 војник загинале во вчерашниот инцидент во центарот на Газа, во близина на пограничната заедница Кисуфим. Тој вели […]

Борел в понеделник во Брисел ќе го претстави планот за мир меѓу Израел и Палестинците


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, утре на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел ќе го претстави планот од 10 точки за мир меѓу Израел и Палестинците. Во писмото до земјите-членки, Борел напиша дека неговиот патоказ „ќе го елаборира, со практични предлози, договорениот принцип дека […]

Израел соопшти дека за 24 часа во Газа се убиени околу 60 палестински милитанти


Израелските сили убиле околу 60 палестински борци во појасот Газа во последните 24 часа, се вели во денешното соопштение на армијата. Околу 40 борци биле убиени во областа Кан Јунис на југот на областа и уште неколку во северниот дел на Појасот Газа. Според армијата, милитанти биле убиени и во напади врз објекти што ги […]

Не вртите глава од обвинувањата за геноцид од страна на Израел


Расправата дали Израел врши геноцид во Газа сега пред Меѓународниот суд на правдата администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја дочека со отфрлања. Се чини дека „незаслужено“  е договорениот термин меѓу американските официјални лица. „Обвинението за геноцид е неосновано“, изјави државниот секретар Антони Блинкен од говорницата во Тел Авив оваа недела. „Безвредни, контрапродуктивни и без […]

Почна судењето на Израел за геноцид во Хаг по тужбата на Јужна Африка


  ХАГ – Од  континент далеку од борбите меѓу Израел и Хамас, Јужна Африка им рече на судиите во највисокиот суд на Обединетите нации во четвртокот дека Израел изврши геноцид во Газа и побара судот итно да му нареди на Израел да ја запре својата воена операција. Израел жестоко ги отфрли ваквите аргументи. Јужноафриканските адвокати […]

Израел влегува во нова фаза на војната. Дали сè уште се обидува да го „уништи“ Хамас?


  Пред три месеци, зборувајќи пред граѓаните потресени од ужасниот ден на напади на Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување. „ИДФ веднаш ќе ја употреби сета своја сила за да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече Нетанјаху. „Ќе ги уништиме“. Сега, израелските одбранбени сили (ИДФ) се префрлаат во нова фаза од својата војна против […]

Минатогодишната претставничка на Франција на Евровизија повика да се исфрли Израел од натпреварот


Ла Зара, претставничката на Франција на минатогодишниот Евросонг, јавно повика на исклучување на Израел од натпреварот. Учеството на Израел на Евровизија 2024 година веќе предизвика контроверзии, иако ЕБУ изјави дека нема намера да ја исклучи оваа земја од натпреварот. Ла Зара, француско-канадска уметница со мароканско потекло, конкретно ги замоли своите следбеници на Инстаграм да размислат […]

Цели во северен Израел нападнати од либанска територија


Северен Израел изминатата ноќ бил цел на интензивни ракетни напади од либанска територија, на што е одговорено со удари врз „терористичка ќелија“ во јужен Либан, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ). Набргу откако во повеќе места во северен Израел се огласија сирените за воздушни напади, ИДФ објави дека „околу 40 ракети се истелани од Либан во […]

Израел следната недела пред меѓународниот суд под обвинение за геноцид


Израел на 11 и 12 јануари ќе одговори на обвиненијата за геноцид пред меѓународен суд за прв пат од почетокот на инвазијата на Појасот Газа, откако Јужноафриканската Република започна процес пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) на Обединетите нации. Судот во Хаг го објави распоредот на рочиштата вчеравечер. Јужноафриканската Република (ЈАР) ќе го изнесе своето […]

Берни Сандерс го повика американскиот Конгрес да ја блокира воената помош за Израел: „Доста е“


Американскиот сенатор и поранешен американски претседателски кандидат Берни Сандер го повика американскиот Конгрес да ја блокира воената помош за Израел. Осврнувајќи се на американско-израелските односи, Сандерс рече дека војната во Појасот Газа е предизвикана од варварскиот напад на Хамас, но нагласи и дека одговорот на Израел е непропорционален, неморален и го крши меѓународното право. „Доста […]

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата


Израелската јавна обвинителка Гали Бахарав-Миара изјави пред Вишиот суд дека израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир незаконски се мешал во работата на полицијата околу правото на протести за време на војната во Појасот Газа.  -Како министер задолжен за полицијата, Бен Гвир може да ја утврди политиката, но не му е дозволено да ѝ […]