До ноември лани извезени стоки за 7,65 милијарди евра, а увезени за 11,1 милијарда, дефицитот 3,46 милијарди евра


  Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2022 година, изнесува 471,37 милијарди денари или околу 7,65 милијарди евра и е зе 20,8 отсто повисок во однос на истиот период од претходната 2021 година. Истовремено во земјава биле увезени стоки во вредност од 684,6 милијарди денари, или […]

ДИХК: Германскиот извоз веројатно ќе опадне во следната 2023 година


  Германската трговска и индустриска комора (ДИХК) денеска излезе со проценка дека германскиот извоз најверојатно следната 2023 година ќе се намали за два отсто поради глобалното економско забавување. Тоа може да значи дека заработката на германските извозници би се намалила за 70 милијарди евра. -Извозот веќе почна да се намалува, изјави првиот човек на комората, […]

Извозот зголемен за 20,1 отсто, а увозот за 28,9


  Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 6,15 милијарди евра и бележи пораст од 20,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8,99 милијарди евра, што е за 28,9 отсто […]

Турскиот извоз на Балканот годинава зголемен за 25 отсто


Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигна 15,7 милијарди долари. Најмногу е извезено во Романија, 4,7 милиони долари, додека најголем пораст во однос на истиот период лани забележа Црна Гора, пишува агенцијата Анадолија. Според податоците што од Здружението на турски […]

За осум месеци трговскиот дефицит достигна 2,5 милијарди евра


  Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 5.396.652.000 евра и бележи пораст од 18,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.894.510.000, што е за 26,2 отсто повеќе во лани. Трговскиот дефицит, во […]

Во првите три квартали компаниите од ТИРЗ реализирале извоз од 2,8 милијарди евра


  Економијата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) и покрај предизвиците го одржува трендот на добри резултати. Во првите три квартали годинава е регистриран вкупен извоз од 2,8 милијарди евра, а само во септември извозот достигнал половина милијарди евра, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Посебно радува фактот, напомена Деспотовски, што продолжува да […]

Извезуваме производи со низок степен на финализација


Македонскиот извоз има многу системски проблеми и пред овој кризен период низ кој поминуваме. Македонската економија има неповолната извозна структура – најголем број од производите што ги извезуваме се со ниска додадена вредност, што де факто е еден од нашите сериозни недостатоци кој се рефлектира на хроничниот трговски дефицит на земјата, рече денеска претседателот на […]

Извозот во првите седум месеци зголемен за 19,4 проценти, а увозот за 26,9 проценти


Во првите седум месеци од годинава од државава се извезени стоки во вкупа вредност од 4 767 002 000 евра, што претставува пораст од 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 912 713 000 евра, што е за 26,9 проценти повеќе во споредба […]

Вучиќ: Ако се забранува извоз на одредени производи, тоа нема да важи за земјите од Отворен Балкан


Од успехот на овој проект зависи колку ќе успееме да ја осигураме економската иднина на нашите земји, но и да го сочуваме мирот, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска претседава со Самитот „Отворен Балкан“, на кој учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер. „Сигурен сум дека органите на нашите три држави ќе продолжат да […]

Украина месецов може да извезе четири милиони тони земјоделски производи


  Извозот на земјоделски производи од Украина месецов веројатно ќе достигне околу четири милиони тони, во однос на трите во јули, благодарение на договорот со посредување на Обединетите Нации (ОН), со што се деблокираа украински морски пристаништа, информираа денеска од Украинскиот аграрен совет. Украинскиот извоз на жито падна откако Русија започна инвазија врз земјата во […]

Се забранува извоз на семе од сончоглед


Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство […]

Во Истанбул преговори за извоз на жито од Украина


 Руската делегација пристигна во Истанбул, каде денеска треба да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите нации за извоз на жито од Украина, изјави за руските медиуми неименуван дипломатски извор. Според изворот, големи се шансите да се постигне консензус за извоз на украинско жито на преговорите кои се водат на тајна локација. Украина […]

Во првите пет месеци од годинава извезени стоки во вредност од 3,356 милијарди евра


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – мај годинава изнесува 3.356.208.000 евра и бележи пораст од 18,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 4.973.195.000 евра, што е за 29,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната […]

Украина почна да извезува струја во ЕУ


  Украина почна да извезува струја во Европската Унија преку Романија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Поминавме важен чекор во нашето приближување кон ЕУ“, рече синоќа Зеленски. Киев „почна значително да извезува струја на територијата на ЕУ, преку Романија“, рече Зеленски и додаде дека се работи само за прв чекор. Како што додаде, Украина е […]

Охридската цреша ќе се извезува надвор од Балканот


 Охридската цреша ќе се извезува на пазарите надвор од Балканот, а со тоа се очекува и повисока откупна цена, смета Ванчо Стојаноски од земјоделската задруга „Охридска черешна“. По затворањето на рускиот пазар, каде години наназад се пласираа црешните од охридскиот регион, земјоделците стравуваа за продажбата, но и цената, бидејќи околните пазари се мали и неможат […]

Во првите четири месеци извозот на стоки изнесувал 2,6 милијарди евра, а увозот 3,9 милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април годинава, изнесува 2.622.000.000 евра и бележи пораст од 15,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, е 3.922.662.000 евра, што е за 27,3  отсто повеќе во споредба со […]

САД, Франција, Германија и Британија апелираат да не се забранува извозот на храна


 САД, Франција, Германија и Велика Британија апелираат до членките на ОН да го задржат пазарот на храна, како и земјоделскиот пазар, со што ќе се избегнат рестриктивните мерки. Тие ги повикаа „сите членки на ОН да ги спречат неоправданите рестриктивни мерки, како што се забраните за извоз на храна или ѓубрива“, кои ја зголемуваат нестабилноста […]

Продолжен рокот за ограничување на извозот на пченица, јачмен, луцерка…


На денешната седница Владата го продолжи рокот на примена на ограничување за извоз на одделни стоки, до 15 мај 2022 година. Продолжувањето на рокот за ограничување на извозот се однесува на пченица и наполица; јачмен; пченка; брашно од пченица и наполица; семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено; масла од семе од сончоглед, шафраника или […]

Во првите два месеци годинава извозот се зголемил за 13,5 отсто, увозот за 30,6 во однос на лани


Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 110,32 милијарди денари или 1,788 милијарди евра, односно […]

Владата го ограничи извозот на одделни житарки, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, одлучи Владата на 26-тата седница.   -Одлуката за ограничување на извозот на овие стоки Владата на Северна Македонија  ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и […]