Анѓушев: БДП ќе се зголеми ако порасне извозот
Извозот во бруто домашниот производ учествува со 53 проценти и за да се обезбеди поголем раст на економијата од четири, пет или шест отсто, учеството на извозот во БДП треба да биде меѓу 60 до 70 проценти. Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“ […]