Заев: Имаше протести и за договорот со Бугарија, но Македонија ништо не загуби


Со потпишувањето на договорот со Грција, Македонија ќе испрати сигнал за европско однесување и манири во период кога Балканот раководи со ЕУ, изјави сношти во Струмица премиерот на Македонија Зоран Заев. – Важно е што сето тоа се случува во период кога Балканот раководи со Европската унија, односно Бугарија претседава со ЕУ. Посебно сум среќен […]

Во недела во Преспа потпишување на договорот за името


Министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и  Никос Коцијас во недела во регионот на Преспа ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји, соопшти денеска прес центарот на Владата. На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат […]

Иванов му затвори врата на Заев! Ќе го затвори ли и името во фиока?


Ги прими во претседателската резиденција и потоа нервозно си замина… Ваков нов скандал приреди вчера претпладне претседателот Ѓорге Иванов кога во неговиот кабинет пристигнаа премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров за да го информираат за деталите од договорот со грчката влада за надминување на спорот за името. Претходно, Иванов бараше да биде […]

Најавена средба Заев-Мицкоски


Прес-службата на Владата најави дека во 14:30 часот ќе се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заеви претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски утрово преку прес-конференција побара итна и неодложна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев на која ќе се разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас […]

Заев: Република Северна Македонија – име за иднината


Република Северна Македонија, како географска одредница, е дефинитивно името што е договорено меѓу владите на Грција и на нашата земја. Тоа предмалку и официјално го соопшти премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во владата, по неговиот денешен телефонски разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас. Заев рече дека Грција ги прифати македонскиот јазик и идентитет. Решението што […]

Заев во 18.30 ќе објави што договорил со Ципрас


Премиерот Зоран Заев, заедно со сите членови на неговиот кабинет, ќе ѝ се обрати на јавноста во 18.30 за да информира за договорот околу надминување на спорот со името. Прес-конференцијата во Владата е закажана по денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, од кој се очекуваше премиерите на Македонија и на Грција да го заокружат договорот […]

Заврши разговорот Заев – Ципрас, се чекаат детали од договореното


Завршил денешниот телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, дознава „Независен весник“. Во секој момент се очекува, премиерот Заев да закаже термин за свое обраќање, за да ѝ ги соопшти на јавноста деталите од денешниот разговор со Ципрас, кој беше најавен како клучен за постигнување на договор за […]

Телефонскиот разговор Заев – Ципрас ќе биде попладне


За попладневните часови е закажан телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, но и според она што на прес-конференција го кажа лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој рече дека „грчкиот премиер денеска попладне очекува да има телефонски разговор со Заев“. Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да […]

Заев се надева на договор денеска


Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува во денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас да бидат заокружени сите апекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името. – Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да ѝ соопштиме на јавноста. Реков дека сум […]

Иванов: Несериозно е да се решава за името по телефон


„Очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално референдумско изјаснување“. Вака претседателот Ѓорге Иванов ја оценува вчерашната изјава на претседателот на Владата Зоран Заев, во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и […]

Заев и Ципрас конечно си кажаа „ало“: Телефонот заѕвони, разговорите продолжуваат


Долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, конечно се реализираше вчера, а за утрово е најавено продолжение на разговорите. Двајцата премиери, како што беше соопштено, разговарале еден час во периодот меѓу 14 и 15 часот и комуникацијата поминала во „добра клима“. Денешниот разговор се најавува како финален […]

Заев и Ципрас разговарале еден час, денес ќе се слушнат повторно


Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас го реализирале денеска конечно телефонскиот разговор што го најавија како своевидна завршница на договорот за името. Како што дознава „Независен весник“, Заев и Ципрас се слушнале во 14 часот и разговарале околу еден час. Детали од комуникацијата не се познати засега. Единствено се дознава […]

Коѕиас: Заев и Ципрас ќе си телефонираат денеска


Денеска ќе се реализира разговорот меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ова го соопшти шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, по денешната вонредна средба со премиерот Ципрас. Телефонскиот разговор меѓу двајацата премиери се одложува веќе извесно време, иако тој чин беше најавен како клучен за договорот меѓу нашата земја […]

Ѕанакопулос: Оптимист сум дека Заев ќе го направи решителниот чекор


Оптимизам дека македонскиот премиер ќе го направи „решителниот чекор“ и ќе се постигне договор, изразува портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкиот весник „Неа селида“. – Преговорите, но и политичката одлука за решавање на спорот со името не се лесни. Господинот Заев треба да размисли за сите аспекти […]

Бошњаковски: Нема поделби во Владата на Заев


Владата ги отфрла тврдењата во некои медиуми за наводни поделби и разногласија. Тврди дека е единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија. Како што вели за МИА владиниот портпарол Миле Бошњаковски, не постојат никакви поделби во Владата на Заев. – Премиерот Зоран […]

Tри месеци во „џебот“ на претседателот: Јазиците не можат да дишат од Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов веќе трет месец го чува во „џеб“ Законот за употреба на јазиците, така што СДСМ и ДУИ ниту на годишнината од формирањето од Владата не можеа да се пофалат дека е реализирана клучната точка од нивниот преткоалициски договор. Законот, кој беше наведуван  како главна причина за повеќемесечните протести пред парламентот, го помина […]

Владата сè уште без официјален став за разговорот Заев-Ципрас


Владата се уште без официјален став за тоа кога би се реализирал евентуалниот телефонски разговор или средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во рамки на процесот на преговорите за решавање на спорот со името. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција не прецизира до каде се преговорите и […]

Заев побара од Иванов да стави потпис на Закон за јазици


Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството. Заев на маргините на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+ одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и […]

Заев: Во прашање се денови кога ќе се случи разговорот со Ципрас


Во прашање се денови да се случи телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, и во моментот се уште се создаваат околностите за да се реализира тоа. Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев на маргините на завршната конференција на проектот Мрежа 23+ поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добор владеење?, одговарајќи […]

Заев: Очекувам покана за влез во НАТО во јули


Ако се насочиме сите кон изнаоѓањето решение, 2018 година може да биде година за паметење и за Република Македонија, но и за регионот, и за ЕУ и за НАТО. Затоа, неуморен оптимист сум и очекувам во јули покана на Македонија за влез во НАТО, истакнал премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот CorD, кој се […]