Столтенберг до Заев: Вратата на НАТО е отворена, вие сте на потег


Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со македoнскиот премиер Зоран Заев во Брисел. -Проблемот со името фрли сенка за предолго време на регионот, сега имаме шанса за подобра иднина. […]

Заев во Брисел на средба со Туск


Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе учествува на Форумот Кран Монтана во Брисел, но, според дипломатски извори, тој ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Средбата треба да се одржи во два часот попладне, непосредно пред почетокот на состанокот на Европскиот совет. Посетата на Заев на Брисел следува по завчерашната одлука на […]

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија


Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред […]

Премиерот Заев во посета на Полска


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Полска. Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски. Премиерот Заев вчера престојуваше во Виена, каде што оствари средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц. 

Премиерот Заев денеска во Австрија, утре во Полска


Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, денеска ќе престојува во официјална посета на Австрија, а утре ќе биде во работна посета на Полска. Како што соопшти владината прес-служба, Заев во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Претседателот на македонската Влада ќе има […]

Премиерот Заев му ја честиташе победата на Ердоган


Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган по повод победата на претседателските избори во Турција. Во честитката, македонскиот претседател ги реафирмира традиционално добрите односи со Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес. – Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример […]

ВМРО – ДПМНЕ: Зад нападот на штабот стои сценарио диригирано од Заев


На вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и […]

Заев за „Политика“: Верувам во успех на референдумот


Патриотска должност е на секој политичар, посебно на секој премиер, да се грижи за интересите на граѓаните кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Подготвен сум на лидерство, да водам во сите процеси што значат безбедност, зацврстување на меѓународните позиции на Македонија, а и на регионот. Се чувствувам исполнето, бидејки им служам […]

Заев: Дај боже сите да имаме повеќе за да платиме повеќе данок на државата


Нема да брзаме, туку ќе отвориме дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, а целта е да постигнеме позитивни и квалитетни ефекти, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа до каде е постапката со подготовката на даночните реформи. Тој истакна дека ниту една реформа не треба да го плаши народот доколку произлезе од […]

Инаетот посилен од заканата со импичмент


Пред точно две години Ѓорге Иванов стана првиот македонски претседател за кој е покрената постапка за утврдување одговорност за кршење на Уставот, која сосема очекувано заврши неуспешно. Иницијативата потекна од тогаш опозицискиот СДСМ, а причина беше колективната аболиција за можните обвинети околу случаите што произлегоа од масовното прислушување. Сега, Иванов е повторно соочен со закана […]

Иванов: Останувам на ставот за договорот, Заев да покрене постапка за импичмент


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го повикува премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, наглaсувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет. – Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор нема да донесе подобар живот


Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја донесоа Република Македонија во потчинета положба. Капитулантскиот договор кој го потпиша Заев е понижувачки за целата држава. Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван, соопштија од опозицијата. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е националната катастрофа и цунами за Република Македонија


Зоран Заев продолжува со дрските и груби манипулации. Тој е новиот Барон Михаузен кој мисли дека со лаги и измислици ќе може да ја дефокусира јавноста од капитулантското дело. Иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на Уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки премиер Ципрас изјавува дека македонска националност […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев посакува нов 27 април за да може да се прогласи за жртва


Зоран Заев на најподмолен начин посакува и создава насилство во државата. Тој капитулацијата која што ја потпиша сака да ја покрие со сценарио во кое ќе вовлече недолжни граѓани во насилство и потоа ќе ги обвини дека ја рушат државата. Всушност Зоран Заев посакува нов 27-ми април за да може подоцнa себе си да се […]

Потпишувањето на Договорот низ фотографии


Денешниот ден 17 јуни 2018 од многумина е карактеризина како ден од историско значење, бидејќи Македонија и Грција ставија крај на тридеценискиот спор околу името. Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско […]

Инциденти, повредени и солзавец на протестите во грчка Преспа


Неколку лица се повредени, во инцидентите што речиси четири часа траеле во селото Писодери во близина на Псарадес за време на протестот за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, јавуваат грчките медиуми. Инцидентите, според истите информации се случиле во шумскиот дел, кога полицијата ги спречила демонстрантите да се упатат кон местото каде што премиерите Зоран […]

Сите детали од денешната средба Заев – Ципрас


Денешниот ден е историски бидејќи Македонија и Грција го потпишаа Договорот со кој го решаваат 27-годишниот спор околу името. Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија. На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи […]

(ВО ЖИВО) Заев и Ципрас пристигнаа со глисер во Отешево


Делегацииите кои денеска присуствуваа на потпишувањето на договорот за името во Псарадес на грчка страна, пристигнаа во Отешево каде е планиран заеднички ручек. Присутни се премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, медијаторот на ОН Метју Нимиц и […]

Заев на ФБ: Со овој договор ја остваруваме вековната аспирација на македонскиот народ


Македонскиот премиер Зоран Заев објави на Фејсбук дека денешниот Договор со Грција за решавање на спорот со името е паметно и правично решение. – Имаме правично и паметно решение. Со овој договор ја остваруваме вековната аспирација на македонскиот народ. Да има своја македонска држава признаена од сите, од целиот свет. Во која ќе живее признаен […]

Заев: Со конечниот договор поместивме планини


Колку убав, величествен и историски ден. Нека ни е со среќа, е поздравот со кој премиерот Зоран Заев се обрати пред потпишувањето на Договорот за името со грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Тој парафразира две мисли од славниот грчки филозоф Аристотел, за храброста како најголема доблест и за надежта како сон. -Моето чувство денес е дека […]