Заев: Може да им купиме возила на сите пратеници или да им обезбедиме станови во Скопје


Патните трошоци на пратениците кои се пресметуваат според постојните закони претставуваат голема сума за граѓаните. Преку дебата треба да се најде прифателиво решение и за граѓаните и за пратениците. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање дали денеска пред пратениците ќе се најде некаков предлог за измени на овие закони. -Може да […]

Заев тврди дека е невин за „Поткуп“


Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата. – Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе […]

Заев дојде на судење за „Поткуп“, сведокот Николов не се појави


Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Во судницата е присутен Заев, но е дојден сведокот Иван Николов, за кого, како што беше речено на рочиштето немало доказ за уредна достава на поканата. Одбраната побара да се утврди дали имало наредба за тајно снимање и потоа […]

Заев денеска на обвинителна клупа за „Поткуп“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето. Заев во случајот „Поткуп“ […]

Средба Заев-Сарацин: Неопходна реализација на судски реформи за владеење на правото


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг, придружуван од германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих. Пратеникот Сарацин пренесе позитивни впечатоци од официјалната посета на премиерот Заев и на владината делегација на Германија и изрази надеж дека Владата и Република Македонија ќе продолжат по започнатиот реформски пат и политиките на […]

Поделени ставови во албанскиот блок: Ја губи ли Заев довербата и кај Албанците?


Деновиве „правната држава на Заев“ потклекна пред локален и градски криминалец. Ова беше класичен пример дека во Македонија не владее правото, туку има владеење над правото, смета политикологот Џенур Исени По последните парламентарни избори и формирањето на владата предводена од СДСМ, актуелниот потпретседател на оваа партија, Мухамед Зекири, изјави дека социјалдемократите добиле дури 70 илјади […]

Коѕијас во Скопје и нова рунда преговори за името до крајот на март


Втората половина на март шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас треба да пристигне во посета на Скопје на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а нова рунда за преговарчкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април, најави премиерот Зоран Заев. […]

Недопирливоста на Асани – слика за релациите меѓу СДСМ и ДУИ


Бекир Асани е еден од ретките функционери на ДУИ кои, во екот на политичката криза во земјава, се најдоа во „бомбите“ на тогашната опозиција. Поранешниот претседател на еден од највлијателните партиски ограноци – во Чаир, во снимка од прислушуван разговор зборува со Али Ахмети за купување некое земјиште за кое „треба да се извадат по […]

ВМРО-ДПМНЕ на чело на ДИК. Се отвора пат за враќање во парламент


ВМРО-ДПМНЕ, како најголема опозициска партија, ќе го преземе претседателското место во Државната изборна комисија, како што е договорено на средбата на новиот партиски лидер Христијан Мицкоски со премиерот Зоран Заев, вечерва во владата. Тоа значи врачање на стариот концепт на состав на ДИК, кој функционираше до постигнувањето на договорот во Пржино, односно до парламентарните избори […]

СДСМ: Палењето на фотографија на политички лидер е напад на демократијата


Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ, реагира СДСМ. (ВИДЕО) Македонските иселеници запалија слика од Зоран Заев „Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не […]

Заев: Осудувам секаков напад, макар и вербален


Осудувам секаков вид насилство, макар и вербално, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по завршувањето на Осмомартовскиот марш во Куманово, кој го организираше Форумот на жените на СДСМ под мотото: „Заедно можеме! Со љубов за Македонија!“. – Она што го знам од државните институции и после разговорите на министерот со полицајката, прво […]

(ВИДЕО) Македонските иселеници запалија слика од Зоран Заев


Македонските иселеници во Австралија на денешниот протест против менување на уставното име запалија фотографија од премиерот Зоран Заев. Демонстрантите облечени во патриотска облека и македонски обележја ја запалија сликата, а видеото кружи по социјалните мрежи. Слични вакви собири денеска се одржуваат и во Нов Зеланд, Холандија, Англија, Италија, Чешка, Словенија и Малта.

Заев ќе маршира со жените во Куманово


Форумот на жени на СДСМ го организира традиционалниот Марш во чест на 8 март, утре, 4 март, во Куманово со почеток во 12 часот. На маршот ќе се обрати и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Покрај претседателот на СДСМ, свои обраќања на Маршот ќе имаат и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на […]

Бакојани: Груевски е радикален националист, Заев е прозорец на можност


Се плашам дека е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика, вели поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани во однос на изгледите за решавање на прашањето за името, а паралелно упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите. На панел дискусија на Економскиот […]

Владимир Милчин: Признавам дека веќе не верувам во Заев


Владимир Милчин на неговиот Фејсбук профил напиша дека се излажал и дека веќе не верува во премиерот Зоран Заев. – Признавам дека верував во Заев. Признавам дека се излажав. Признавам дека сакав да верувам дека Заев е во ред, а дека тие околу него не чинат. Признавам дека веќе не верувам во Заев, напиша Милчин […]

Ташковиќ бил избран на оглас, исполнувал критериуми


На 28 ноември минатата година Владата именуваше нови меѓународни членови на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој и тоа: Кларис Бехар Молад – претседател, Дон Левис, Никос Георгоулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи. Изборот на петте меѓународни експерти, членови на Комитетот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Макеоднија на сајтот на „The Economist“ […]

Заев: Препораките од компаниите со странски капитал важна порака за идните инвеститори


Компанијата „Мермерен комбинат“ од Прилеп ги најави новите инвестициски планови за дополнителен развој и нивните намери да вложуваат и во други области, особено во енергетиката, во делот на производство на електрична енергија од обновливи извори. Како што информира владината прес-служба, за ова денеска разговарале премиерот Зоран Заев и делегација на сопствениците и на менаџментот на […]

Заев го информираше Гаши за суштинската фаза во текот на преговорите


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев одржа работен состанок со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши. Од владината служба за информирање соопштија дека на средбата било разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија. Премиерот Заев го информирал претседателот на движењето Беса […]

Заев: Македонија има шанси за безусловна препорака во април и датум за преговори во јуни


Македонија има шанси, нашите очекувања се, во април месец да добиеме безусловна препорака, а во јуни месец да добиеме датум за отпочнување на преговорите, изјави денеска во Софија, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Тој учествуваше на работната средба меѓу лидерите на земјите-членки на Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод […]

Заев на состанок со Јункер, Борисов, Хан, Могерини и лидери од Западен Балкан


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, учествуваше на работниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што се одржа во Софија. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, […]