Заев: Лично ќе ги заштитам децата на пратениците


Децата на пратениците, лично јас, а и сите околу мене ќе ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите пред домовите на пратениците на СДСМ поради изгласувањето на Законот за употреба на јазиците. – Протестот е уставно право и дозволиво е протестирање на граѓаните и тоа е право […]

Заев вели дека снимката за „Поткуп“ била нецелосно објавена


Адвокатите на Зоран Заев на почетокот на денешното рочиштето за „Поткуп“ побараа од судот јавноста да присуствува на гледањето на снимките како доказ, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителите од СЈО се против ова барање. Обвинителката од СЈО Валентина Бислимовска кажа дека станува збор за класифицирани материјали, што се […]

„Илинденска“ бр. 2 пред широка реконструкција


СДСМ, можеби и ДУИ ќе треба да отстапат по едно министерско место во владиниот кабинет, а и натаму е отворена можноста за воведување вицепремиерско место за спроведување на реформите. Вакви се првичните очекувања од реконструкцијата на извршната власт што премиерот Зоран Заев ја најавува веќе подолго време, а сега повторно ѝ даде гласност – на […]

Продолжува судењето на Заев за „Поткуп“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште. Предвидено е исказ денеска да даде Николов Сачевалиев […]

Анализа: Кој ги прекрши процедурите и Уставот за Законот за јазиците?


Претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, парламентарните партии и дел од експертската јавност деновиве изнесоа низа меѓусебни обвинувања за тој кој го прекршил Уставот, законите и процедурите при носењето на Законот за јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Иако најави дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на […]

Заев: Ќе има реконструкција на Владата, ќе се зголеми парламентарното мнозинство


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата и оти почнуваат разговори за зголемување на парламентраното мнозинство. – Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ, истакна Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ. Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што посочи, ќе […]

Иднината на СЈО трајно ќе се реши преку судските реформи


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека иднината на Специјалното јавно обвинителство трајно ќе се реши преку судските реформи. – Во делот на правосудните реформи, законот за судство, законот за Судски совет и другите закони кои што се тема на преговорите, низ тие закони преку судските реформи ќе се реши трајно иднината на Специјалното јавно обвинителство, […]

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот


„Законот за употреба на јазиците нема ништо да промени во Македонија ниту ќе ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише […]

Заев: Никој не е над Уставот, Законот за јазици е донесен пред 17 години


Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години. Никој не е, и не може да биде над Уставот. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик и е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“, смета […]

Заев: Да се искористи потеницијалот за соработка со Турција


Премиерот Зоран Заев на работна средба со седнаесетина компании членки на Стопанска комора Македонија – Турција, МАТТО ги потврди заложбите на Владата на Република Македонија да ја интензивира економската соработка со Република Турција и посочи дека токму ваквиот тип на средби се во правец на остварување на тие заложби. Како што соопшти владината прес-служба Заев […]

Средба Мичел – Заев: Кога ви е тешко се викаат пријателите


САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името. Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите. Ова го порача американскиот помошник-државен секретар за Европа […]

Заев-Буриќ: Реформите и политиките за добрососедство отвораат перспективи за Македонија


Позитивните реформски промени и политиките за добрососедство отвораат перспективи за Македонија, оценила хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ на денешната средба во Скопје со премиерот Зоран Заев. Владината прес-служба соопшти дека вицепремиерката Пејчиновиќ-Буриќ истакнала дека премиерот Заев внел позитивен дух на придвижување на сите процеси важни за граѓаните и за државата и […]

Заев бара решение за судирот меѓу адвокатите и нотарите


Премиерот Зоран Заев закажал состанок со министерот и со заменик-министерот за правда, неговиот советник за правни работи и со претседателите на коморите на нотари и на адвокати, како и со претставник на Стопанската комора, за да се најде решение за несогласувањата меѓу адвокатите и нотарите. – Верувам дека денеска ќе најдеме решение кое е прифатливо […]

Одбележани 75 години од депортацијата на македонските Евреи


Жалење и осуда за депортираните и убиени македонски Евреи во логорот Треблинка пред 75 години и порака да не се повтори такво злостороство беа искажани на денешното одбележување во дворот на Тутунскиот комбинат во Скопје, некогашниот Монопол од каде што во смрт биле пратени 7144 Евреи од Македонија. Се обратија премиерот Зоран Заев и бугарскиот […]

Заев: Нека се реализира Законот за јазици ќе видиме дека не е ништо болно


Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена. – Сите кажаа се што имаа, […]

Заев за приведениот од МВР: Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства


Во врска со приведувањето на вработениот функционер во МВР, пред малку на „фејсбук“ се огласи и премиерот Зоран Заев. „Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место […]

Македонија ќе ја интензивира соработката со ЕБОР


„Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на Владата на Република Македонија за оваа 2018 година. Ќе ги разгледаме сите можни аспекти и ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР во насока на реализација на овие цели“, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставниците на ЕБОР. На средбата присуствувале Анка […]

Заев со кавалерски потег: Го придржуваше мегафонот додека жените говореа за женските права


Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на маршот за женските права и родова еднаквост што се одржа во центарот на Скопје. Тој со кавалерски потег самоиницијативно се понуди да го придржува мегафонот додека една од жените говореше за правата на жената. Госпоѓата се пожали дека не може да го држи мегафонот бидејжи е тежок, па премиерот […]

Телефонски разговор на Заев со Гутереш: поддршка за разговорите за името


Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев попладнево имал телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, соопштија од владиниот прес-центар. Гутереш ги поздравил реформите што ги прави македонската владата, вклучително и, како што е наведено, позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите. Позитивно бил оценет и Договорот со Бугарија, во […]

Заев: За поздравување одлуките за оставки на членови на Aнтикорупциска


Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат оставки. – Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни меѓународни […]