ЗНМ бара конкретни мерки од МВР против лицето што ги спречило новинарите на Алсат да си ја вршат работата


ЗНМ бара итна реакција од општина Сарај за вчерашната случка со екипата на Алсат, каде што тие, од страна на локалните жители биле спречени да снимаат. Вчера напладне новинарската екипа на телевизијата Алсат во состав Мелихате Рустеми (новинарка) и Бојан Костовски (снимател) биле спречени да ја вршат својата работа. Екипата пристигнала во селото горно Свиларе […]

Годишно неизборно собрание на ЗНМ: Како  да се подобрат условите за работа во медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска го одржа годишното неизборно собрание. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во своето обраќање потсети на сработеното и спроведените проекти, како и заложбите за подобрување на условите на медиумските работници. – 2021 беше уште една година на предизвици за новинарството, во отежнати услови за работа и здравствена криза поради пандемијата на […]

Новинарските здруженија со писмо до државниот врв: „Не“ за медиумска корупција


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките партии. […]

ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи „негативно мислење“


 Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета […]

ЗНМ и СЕММ: Нема простор за сензации во медиумите кога има лични трагедии


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи.   ЗНМ и СЕММ соопштија дека со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации […]

Меморандум за соработка меѓу ЗНМ и Лекарската комора


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Лекарската комора со  Меморандум се обврзуваат заедно да работат на подигнување на нивото на соработка меѓу професиите кои ги застапуваат и унапредување на здравствената култура во нашата земја. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа претседателите на двете организации, Младен Чадиковски и Калина Гривчева-Старделова. Како што соопшти ЗНМ, двете […]

ЗНМ со осуда за пратеникот Стевананџија за ширење дезинформации за новинарите Јованоски и Христов


Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје […]

ЗНМ: Собранието да ги забрза реформите, a Владата да се воздржи од оценки за работата на МРТ


Здружението на новинарите на Македонија реагира на заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 8-ми мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија. Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. Неспорно е […]

Наградите на ЗНМ за најдобри новинарски стории за 2018 година


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи од ТВ Нова, која на своите постари колеги им порача да работат со помладите за се врати квалитетот […]

Бесмислен напад врз новинари на Водици


Новинарката на телевизијата Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, која настрада за време на инцидентот на Водици во саботата во Скопје, случката ја пријавила во полиција. Мирчевска-Јовановиќ се здоби со повреди на вратот и раката, а била и туркана, влечена и навредувана од страна на вработени на агенцијата за обезбедување НИКОБ, кои биле ангажирани од Македонската православна […]

ЗНМ ќе го промовира годишниот извештај за степенот на слобода на медиумите


Здружението на новинари на Македонија денеска ќе го промовира годишниот Извештај за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите за 2018 година. Извештајот содржи наоди и препораки во делот на медиумската легислатива, социјалните права и безбедноста на новинарите и медиумските работници. Изготвен е во рамки на проектот „Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување […]

ССНМ го поздравува изборот на новото раководство на ЗНМ


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) му честита и го поздравува изборот на колегата Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ и му посакува успешно раководење со организацијата. ССНМ го поздравува и им го честита и изборот и на сите други колешки и колеги во управните и надзорните тела на ЗНМ, како и во Советот […]

Новинарите си избраа нов лидер: Младен Чадиковски го наследува Насер Селмани во ЗНМ


Младен Чадиковски од ТВ „24 вести“ е избран за нов престедател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Функцијата од Насер Селмани ја презема со 86 гласа „за“ наспроти 77. што ги доби неговиот противкандидат, Столе Наумов од „Канал 77“. Во тек е пребројување на гласовите за членови во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и […]

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот 18


Здружението на новинари на Македонија бара од Владата да ги врати медиумските реформи во Планот 18 и сериозно да се посвети на ветувањата дадени на новинарската заедница и на Советот на Европа за корекција на Изборниот законик, кој летоска беше изменет и дополнет без дебата и нетранспарентно. -Здружението на новинари на Македонија протестира што Владата ги […]

Новинарите побезбедни, но напаѓачите не се казнуваат


Неказнивоста на насилството против новинарите поттикнува самоцензура на медиумите. Безбедноста на новинарите во Македонија полека се подобрува, но политиката на неказновост на насилството врз новинарите се уште има длабоки корени. МВР континуирано да гради соработка без закани, без насилства, без какви било пречки што би било проблем за кој и да е медиум или новинар. […]

ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основен суд Скопје 1, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, лани на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци затвор. – Оваа пресуда на судијата Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар […]

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира медиумските реформи


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на денешната прес-конференција изрази загриженост затоа што, како што велат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски го блокира донесувањето на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој е клучен за почнување на медиумските реформи во земјата и со кој […]

ЗНМ со осуда за физичките напади на новинари и сниматели на вчерашниот протест


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува физичките напади на новинари и сниматели на протестот против договорот за името пред Собранието на РМ. Во соопштението на ЗНМ се потенцира дека загрижува фактот што незадоволните граѓани се уште нивниот револт го истураат врз новинарите и го повикуваат МВР итно да ги идентификува напаѓачите и […]

ЗНМ: Дискредитирањето на онлајн-медиумите е обид за нивно лиценцирање


Здружението на новинарите е незадоволно како Граѓанскиот суд и Апелацискиот суд во Скопје го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и од тоа што и покрај одредбата со која се регулира одговорноста на електронските публикации, овие судови и натаму ги одбиваат тужбите за клевета и навреда против онлајн-медиумите. Објаснувањето дека тие не […]

Емисијата „Код“ и Атанасова Точи добитници на наградата за истражувачка сторија на ЗНМ


Здружението на новинари на Македонија денеска одбележа 72. години од основањето. Доделени беа и награди за истражувачки стории на тимот од емисијата Код и Снежана Лупевска Созен, за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија и Менче Атанасова Точи за сторијата за гинеколгот кој девет месеци лажел жена дека е бремена. Награда за […]