Случајот на новинарката Анета Блажевска: Судот ја осуди, ЗНМ ја награди за истражувачко новинарство


  Дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска, доби признание за придонес во промоција на професионалното новинарство на теми од локално и регионално значење од Здружението на новинари на Македонија за серијата текстови објавени во нашиот медиум поврзани со злоупотреби на поранешната директорка на Средношколскиот дом во Битола. Новинарското истражување на Блажевска започна во февруари […]

(Галерија) ЗНМ одбележа 80 години постоење, ги додели годишните награди меѓу кои и за дописничката на „Независен“ од Битола, Анета Блажевска


  Со свечена академија во Операта Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) синоќа одбележа 80 години од постењето и при тоа ги додели годишните награди на новинарство. Годишната награда за истражувачко новинарство ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во […]

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес, како што велат, е […]

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите. Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа […]

ЗНМ ги додели наградите за најдобри фотографии по повод Светскиот ден на слободата на медиумите


По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година. На јавниот повик што го распиша ЗНМ […]

ССНМ и ЗНМ: Бараме одговори од МВР и АЦВ зошто новинари беа повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал протестот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со […]

ЗНМ: Препораки за политичарите и носителите на јавни функции за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во услови на трагични настани кои ја засегаат целата јавност. Целта е да се зајакне транспарентноста и да се овозможи навремен и коректен пристап до информации. 1️⃣ Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба […]

Поскапе членарината за ЗНМ


Статутот и  Правилникот за членство во Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска беа измените на Годишното неизборно собрание на ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски истакна дека измените се однесуваат на тоа кој се може да биде член на Зздружението. -Се наметна потреба за ова, бидејќи доста од нашите колеги членуваат во комисии, кои […]

Промоција на нова дигитална платформа за борба против дезинформации


Кревање на свеста и зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат подобро подготвени да препознаат дезинформации и да се борат со нив има за цел дигиталната платформа jasno.mk креирана во партнерство на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), што ќе биде промовирана денеска во Скопје.  Платформата, […]

Дебата на ЗНМ „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“. Како што информираат од ЗНМ, на дебатата новинари и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство ќе имаат можност да разменат видувања и практични искуства […]

Работилница на ЗНМ: Потребна е поголема свесност за почитувањето на авторските права


Преземањето фотографии е кривично дело, а „Гугл“ не треба да биде основен извор и архива. Ако за некоја фотографија на интернет нема наведено дека е дозволено споделувањети и под кои услови, тогаш се подразбира дека сите права се задржани и тогаш нејзино користење е можно само во договор со авторот. Ова беше порачано на денешната […]

ИРЛ за „Нечиста крв“ добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели годишните новинарски награди. Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребала“ ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за „Нечиста крв“.      Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Драган Ѓоргоски.     Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење му припадна […]

ЗНМ ќе ги додели годишните новинарски награди


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на настан во Мала Станица (12.00) ќе ги додели годишните новинарски награди.   Ќе бидат доделени награди во три категории, за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ и за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење.

МВР и ЗНМ со протокол за безбедност на новинарите на интернет


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, на која беше промовиран изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките. Како резултат на изработката на овој протокол, меѓу другото, во МВР е назначено […]

Чадиковски: Излегуваме да кажеме дека новинарството е јавно добро, условите за работа мора да бидат достоинствени


Чувствуваме дека работите тапкаат во место, дури и се влошуваат, а законите важни за медиумите не се спроведуваат. Јавните функционери и денес имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Излегуваме за да кажеме дека новинарството е јавно добро и дека условите во кои работат новинарите мора да бидат достоинствени, потенцира во изјава за МИА претседателот […]

ЗНМ на средба со Арсовска – побараа да се унапреди комуникацијата со новинарите


  На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ. На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што […]

Младен Чадиковски доби уште еден мандат да го води Здружението на новинари


  По целодневно заседание на изборното собрание на Здружението на новинарите на македонија Младен Чадиковски повторно е избран да биде негов претседател во трка со уште двајца кандидати. По пребројувањето на гласовите, тој го доби потребното мнозинство и со убедлива разлика победи пред Марјан Николовски и Филјана Кока. И тројцата се професионални новинари: Чадиковски работи […]

ЗНМ: Директорот на топланата „Скопје Север“ да си поднесе оставка поради грубите навреди кон новинарка


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара директорот на топланата „Скопје Север“ Куштрим Рамадани веднаш да си поднесе оставка поради груби навреди кои ги упатил кон новинарката Катерина Додевска од МКД.мк. – Наместо одговор на легитимно поставено новинарско прашање за работата на топланата !Скопје Север“, директорот Куштрим Рамадани упати груби навреди и омаловажувања кон […]

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство


  Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот, свикува редовно Изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ. Изборното собрание ќе се одржи на трети декември 2022 година во Скопје, а новинарките, новинарите и медиумските работници што сакаат да учествуваат, треба да […]

Прва работилница на секцијата на спортски новинари при ЗНМ во Охрид


Изминатиот викенд во Охрид се одржа едукативна средба помеѓу спортските новинари од повеќе спортски медиуми во земјава. Иницијатор за оваа средба беше Секцијата на спортски новинари при ЗНМ, која во рамките на своите активности за оваа година планира уште неколку средби помеѓу претставници од спортките федерации во државата. Основната цел за ваквите средби помеѓу новинарите […]