Во Ел Салвадор за 24 часа регистрирани 219 земјотреси


  Најмалку 130 станбени згради се оштетени во силната сеизмичка активност во Ел Салвадор, предизвикани се свлечишта, а повеќе луѓе се евакуирани во засолништа, соопштија властите на оваа централноамериканска земја. Како што се наведува во соопштението, од неделата попладне до понеделник наутро се регистрирани 219 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според […]

Седум земјотреси ноќеска во областа Клос, североисточно од Тирана


Седум земјотреси се регистрирани во Албанија од синоќа до утрово во областа Клос, североисточно од Тирана. Од синоќа во 20 часот и 30 минути до утринава во 6 часот и 36 минути во тоа подрачје се регистрирани седум земјотреси со јачина од 2 до 3,5 степени според Рихтеровата скала, јави Еј-Би-Си Њуз. Тресењето на земјата […]

Серија земјотреси ноќеска во Тетовско


Три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар. Земјотресите се со ниска магнитуда и ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради. Граѓаните велат дека е вообичаено после невреме да се тресе тлото. […]

Серија земјотреси во охридско-преспанскиот регион


Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион регистрираше по полноќ Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите биле на 85 километри југозападно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца. Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека два од овие земјотреси, и тоа 50 минути по полноќ и 59 минути по полноќ биле со Рихтерова […]

За 24 часа над 35 земјотреси во Кукуш


По вчерашните земјотреси со интензитет од 4 и 4.7 степени според Рихтеровата скала, чии епицентри беа во реонот на грчкиот град Кукуш и беа почувствувани и во Македонија, потресите не запреа. Според професорот по геологија и претседател на грчката организација за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, во изминатите 24 часа во поширокиот регион […]

Серија земјотреси ги тресеа Дојран и Гевгелија


Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје. Најсилниот, со интензитет од 6-7 степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 […]

Земјотрес ја погоди Грција


Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околку полноќ во реонот на грчкиот град Катерини, во северозападното крајбрежје на Егејското Море. Атинскиот геодинамички институт соопшти дека еприцентарот на потресот бил на 24 километри северно од Катерини и на 300 километри северозападно од Атина. Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети […]