Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси


Турција годинава ја погодија вкупно 53.262 земјотреси, во просек шест земјотреси на секој час, што е втора година со најмногу регистрирани потреси во земјата, веднаш по 2023 година, изјави денеска професорот на Универзитетот Гази во Анкара, Булент Озмен. Според него, во текот на 2025 година се забележани 437 земјотреси со јачина поголема од 4 степени […]

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала


ајмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала. Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер. Земјотресите предизвикаа и материјална штета, […]

Четири земјотреси за еден час во Исланд


Четири слаби и мали земјотреси во рок од еден час денеска попладне се регистрирани на Исланд. Исландскиот Завод за геофизика соопшти дека епицентарот на првиот земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала бил на 79 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик на длабочина од 12 километри. Неколку минути по првиот земјотрес, […]

Училиштата на четири грчки острови, поради земјотресите, ќе останат затворени и следнава седмица


 Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе останат затворени следнава седмица, информираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Училиштата се затворени од почетокот на месецов откако се интензивираше сеизмичката активност, а новата одлука е […]

Два земјотреси ноќеска во Косово, се почувствуваа и во Македонија


Земјотрес со интензитет од 3,9 степени рано утринава ја погоди околината на Призрен, а два часа по првиот се случи и вториот земјотрес со интензитет од три степени. Првиот земјотрес се случи во 00:46 часот, а вториот нешто пред 03:00 часот, на 20 односно на девет километри од Призрен. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) претходно […]

Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени


Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот земјотрес што не предизвика никакви […]

Два од земјотресите со епицентар во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци


 На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од […]

Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години


Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 […]

На Исланд за неколку часа регистрирани околу 900 земјотреси


Околу 900 земјотреси денеска се регистрирани во јужниот дел на Исланд, покрај десетиците илјади потреси што го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција. Поради земјотресите во текот на викендот беа евакуирани речиси 4.000 луѓе. Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е […]

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол


Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во […]

Штетата од земјотресите во Турција изнесува 37 милијарди долари


Вкупните трошоци за земјотресите годинава ќе изнесува еден трилион турски лири (37 милијарди долари), изјави турскиот потпретседателот Џевдет Јилмаз. Тој истакна дека трошоците поврзани со земјотресите од буџетот на централната Влада ќе бидат околу 762 милијарди лири. Покрај тоа, ќе има и други трошоци, како што се средства наменети за локалното население, за властите, за […]

Показна вежба за заштита на културното наследство од земјотреси


Форум и Показна вежба „Управување со ризици од земјотрес за заштита на човечкиот фактор и културното наследство – прв дел Заштита и евакуација на човекот и укажување на прва помош“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ во соработка со ЈУ. […]

Два земјотреса почувствувани во Штип и околината


Два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1 и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани рано утринава, во 03:24 часот и 04:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресите беа почувствувани од […]

(Видео) Шефот на вселенската агенција во Турција тврди дека се работи на оружје кое предизвикува земјотреси


  Шефот на турската вселенска агенција Сердар Хусеин Јилдирим изнесе шокантно тврдење за оружје способно да предизвика земјотреси. Тoj на јавен состанок рече дека постојат системи за оружје кои работат на принцип на лансирање долги метални столбови од вселената, кои потоа се забиваат длабоко во земјата и предизвикуваат земјотреси. 'There are no weapons here, no […]

Најмалку четворица турски новинари под истрага поради известувања за земјотресот


Најмалку четворица турски новинари се под истрага поради пишување за последиците од разорните земјотреси во Турција, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во таа земја и Сирија. Независниот новинар Мир Али Кочер е обвинет за „споделување информации без детални истражувања и анализи“, а организацијата Репортери без граници (РСФ) оваа истрага ја нарече „апсурдна“, пренесува британски […]

Нов земјотрес во Романија


Земјотрес со јачина од 4 степени повторно ја погоди Романија, соопшти ЕМСЦ. Според нивните податоци, епицентарот бил на околу 20 километри од градот Таргу Зију, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Инаку, ова е 22-ри земјотрес во Романија во изминатите 70 часа. На ова место вчера е регистриран и земјотрес со јачина […]

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 45.000 лица


Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800. Турските спасувачки тимови и денеска продолжуваат да […]

Шешов: Објектите градени со дозвола се сеизмички сигурни – слаба алка се дивоградбите и доградбите


  Од 90-тите години на минатиот век во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а од 2013 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) доби дополнително мандат од Владата да врши контрола за нивната примена, како при проектот, така и при изведбата, што заедно со одговорноста која сè […]

Најмалку 43.844 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и Сирија


    Турските власти соопштија дека најмалку 38.044 луѓе загинаа во земјотресите што ја погодија земјата. Сириската влада и Обединетите нации соопштија дека во Сирија загинале повеќе од 5.800 луѓе. Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет […]

Најсилните земјотреси во 21 век – во еден од нив загинаа повеќе од 300.000 луѓе


Во земјотресите кои ја погодија Турција и Сирија на почетокот на неделава, до овој момент потврдени се околу 20.000 жртви, а се очекува бројката да расте. Со тоа, ова е еден од најсмртоносните земјотреси во последниов век. Но, од 2000 година наваму забележани се многу поразорни земјотреси со уште поголем број жртви. Наити во 2010 […]