Анѓушев: Наскоро законско решени за имплементација на Планот за економски раст


Текстот на законот во кој се формулирани мерките од Планот за економски раст е веќе изготвен од службите на Владата во соработка со сите чинители и наскоро ќе биде ставен на електронската база ЕНЕР, каде ќе можат да го видат сите заинтересирани, а до крајот на март ќе заврши и собраниската процедура по што ќе […]

МАР: Измените на Законот за минерални суровини ќе ги затвори рудниците


Измените на Законот за минерални суровини кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат во скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија, реагира Македонската асоцијација на рударство (МАР). Според МАР, тврдењето, како што стои во Предлог-текстот, дека законските измени нема да имаат финансиски последици, не е точно […]

Практиканството ќе се регулира со посебен закон


Практиканската работа во моментот е регулирана само преку законите за средно и за високо образование и има потреба од донесување на закон за практиканство со кој би се регулирале условите под кои треба да се развива овој сегмент. Од стопанските комори во Македонија посочуваат дека еден од проблемите со кои се соочуваат е токму непостоењето […]

Кредитното биро ќе изготвува извештаи за кредитната способност на граѓаните


Кредитното биро ќе изготвува извештаи за кредитната способност на граѓаните што ќе бараат кредит. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за кредитно биро, кој Министерството за финансии го достави до системот ЕНЕР на јавна дебата. Според Министерството за финансии, овие законски измени се со цел воведување извештај за кредитна способност на кредитобарателите. – […]

Нема веќе зграда до зграда, мора да има тревници и дрвја


Инвеститорите на нови згради ќе имаат обврска најмалку 20 отсто од градежната парцела да биде со тревници и дрвја. Секоја општина ќе мора да има зелен катастар во кој ќе има попис на целото зеленило со стандард од 25 квадратни метри зелена површина по жител за сите идни генерални урбанистички планови. Кај веќе изградените станбени […]

Рама: Мојата партија е заслужна за официјализирањето на албанскиот јазик


Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која […]

Автомобилите ќе имаат еко-налепници


Сите автомобили ќе имаат посебни еколошки налепници. Тие ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. На овој начин полесно ќе се селектираат сите оние што ќе треба да бидат исклучени од сообраќајот при енормно загадување на воздухот. Ова го предвидуваат измените на Законот за возила на кои во моментов работи […]

Новиот Закон за енергетика ќе донесе поголема конкурентност во секторот


Изработката на новиот закон за енергетика е во фокусот на економскиот сектор на Владата. Со новиот закон, велат, се обезбедува конкурентност во енергетиката и слобода граѓаните да одберат од кој снабдувач ќе се снабдуваат со енергенси, а се елиминира и конфликтот на интереси, како и заканата од санкции за земјава заради неспроведувањето на третиот енергетски […]

Собранието ги донесе измените на Законот за Судски совет


Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 22-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа ги донесе измените на Законот за Судскиот совет, по скратена постапка. Целта на измените е да се префрли надлежноста што досега ја имаше Советот за утврдување на факти при утврдувањето на одговорноста на судиите на Судскиот совет […]

Законот за амнестија ја помина првата фаза


Законот за амнестија ја помина денеска во парламентот првата фаза од процедурата за негово донесување. Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски образложи дека со овој закон треба да бидат ослободени од издржување казна затвор приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а на 3. 097 лица казната да биде намалена за 30 проценти. […]

Поделеност околу потребата од измени на Законот за медиуми и регулација на порталите


Крајот на јануари е последниот рок за доставување предлози за измени на Законот за медиуми. На денешната дебата на медиумските организации и претставници на Владата, министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, беа отворени прашањата дали треба да има вакви измени, за евиденција, регистрација или регулација на интернет медиумите, за процесот на саморегулација и за лажните […]

За парно ќе плаќаме толку колку што сме потрошиле


Граѓаните ќе плаќаат парно толку колку што потрошиле, а не по квадратурата. Секое домаќинство ќе треба да постави мерачи на секој радијатор за да може да се измери колку топлинска енергија потрошило.Ова го предвидува новиот закон за енергетика, што Владата го претстави минатата недела. Трошокот за поставување на мерачите ќе биде на товар на граѓаните […]

Амандманската расправа за законот за јазиците продолжува утре а не на 25 декември


Амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците ќе продолжи утре во 13:00 часот, соопшти вечерва собраниската Комисија за европски прашања. Расправата почна денеска, а претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по […]

Тензична расправа за законот за јазици-Прекината седница на Комисијата


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците, но нема да расправа за амандманите, туку тоа ќе го стори на 25 декември. Министерот за правда Билен Салиу одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Артан Груби не им даде […]

Македонската прохибиција не издржа


Министерството за економија во наредните два месеца ќе работи на измени на Законот за трговија со кои ќе се укине ограничувањето за продажба на алкохол по 19 односно 21 часот, а ќе се овозможи продажба и во киосци со поседување лиценца. Иако трговците бараа и укинување на лиценците за продажба на алкохол, според првичните информации […]

Младите ќе полагаат за возачка дозвола со наполнети 17 години


Наместо на 16 години, тинејџерите на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65. Ова се предвидува во измените на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата кој […]

Фармерите алармираат: Измени на Законот за персонален данок ќе удрат по најсиромашните земјоделци


Измените на Законот за персонален данок на доход негативно ќе се одразат врз земјоделците, а дел од предвидените решенија посебно ќе удрат по најмалите и најсиромашни производители, смета Националната федерација на фармери (НФФ). Измените, реагира НФФ, се направени многу брзо, без јавна, транспарентна расправа и без да се информираат и консултираат засегнатите страни, вклучително и […]

Земјоделците ќе плаќаат персонален данок за приходи од продажба на сопствени производи


Приходите од продажба на сопствени земјоделски производи ќе подлежат на оданочување, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход што ги предлага Владата. Согласно измените, овие приходи ќе бидат утврдени како посебна категорија во Законот. – Со цел да се олесни плаќањето на персоналниот данок на доход за оваа категорија лица, со […]

Државните органи месечно ќе информираат колку должат


Државните органи од следната година на месечно ниво ќе треба да објават колку должат. Ова ќе биде уредено со закон, за што предлогот е веќе подготвен во Министерството за финансии. Оттаму информираат дека Предлог законот е подготвен и со него јасно ќе биде уредено ова прашање и јасно ќе се знае институциите што должат. Ова […]

Ќе се менува Законот за заштита на сведоци


Владата ќе му предложи на Собранието да усвои предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, соопштија од владината прес служба. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. […]