СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии


Пратеничката групана СДСМ ќе бара одложување на Законот за пазарџии. Од владејачката партија велат дека се залагаат за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение. „Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и […]

Антикорупцискиот закон влезе во Собрание – со европско знаме и без договор со ВМРО-ДПМНЕ


Владата го пуштила во собраниска процедура предлог – законот за спречување корупција, но овој пат со европско знаменце, за да се спречи негова можна блокада, информира денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа појасни дека законот веќе извесно време се подготвува и е еден од типичните примери како треба да се работи на […]

ОБСЕ ќе презентира правен коментар на Законот за кривична постапка


Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира правниот коментар на Законот за кривична постапка, кој ќе им помогне на адвокатите, судиите и обвинителите да го применат правото на подобар и поунифициран начин во судовите. Правниот коментар, кој е прв од таков вид, беше подготвуван од група правни експерти. Од Мисијата на ОБСЕ информираат […]

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија за сите обвинети за 27 април


ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април. „Мислам дека веќе в понеделник  медиумите ќе го имаат Законот за амнестија за лицата од 27 април што е составен од страна на  врвни правници“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања. Арсовски меѓудругото денеска одговори и на […]

Антикорупциска – „тапа џонсон“ или прв непријател на власта?


Новините во Законот за спречување корупција со кои се зголемуваат надлежностите на Антикорупциската комисија, но и се заоструваат критериумите за избор на нејзините членови, го вратија оптимизмот кај јавноста дека таа конечно професионално и независно ќе профункционира. Експертите, сепак, посочуваат дека без оглед на квалитетот на правната рамка неколку фактори ќе бидат пресудни за тоа […]

Пратениците, конечно, ќе си ги скратат трошоците


За 33 отсто се намалува надоместокот за патни трошоци за пратениците од внатрешноста по бурата реакции во јавноста на секое објавување информации за високите суми што се исплаќаат од државниот буџет за оваа намена. На пример, пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој лани беше прогласен за рекордер со наплатени над 12,8 илјади евра за патувањата […]

Нов закон со ригорозни глоби: 5.000 евра казна за тој што ќе дискриминира


Вкупно 5.000 евра наместо досегашните 1.000 евра ќе треба да плати правно лице (институција, општина, училиште, градинка…) доколку направи потежок облик на дискриминација кон граѓанин. За најмалку шест пати се зголемува и казната за функционерот во правното лице – наместо од 80 до 120 евра, како сега, во иднина казната ќе биде од 700 до […]

Факултети бараат автономија, Сенатот не им дава


Жестока расправа за предлог-статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се водеше на седницата на сенатот. Со мнозинство гласови беше одбиен предлогот факултетите да можат да станат самостојни правни субјекти, што би значело да можат сами да одлучуваат за финансиите, проектите и развојот. Професорката Маја Стефановиќ подвлече дека ова право го овозможува новиот Закон за […]

Дескоска: Можни се само технички измени на Законот за референдум


Законот за референдум е застарен и не е прилагоден на Изборниот законик кој се носеше подоцна. Сепак, нема сѐ уште конечен став дали Законот за референдум ќе се менува пред престојното изјаснување за договорот за решавање на спорот за името, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска. Таа најави дека ако се прават измени тие ќе […]

Со закон ќе се отпишуваат камати за долгови за неплатена сметка за комунални услуги


Предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште вчера до Собранието поднеле пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, партијата ГРОМ и партии од парламентарното мнозинство. – […]

Промовирана Стратегијата за образование 2018-2025 година


Промовирана Стратегијата за образование 2018-2025 година со која треба да се обезбеди сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено пред сѐ кон ученикот. Со современи програми, кои ќе им овозможат на идните генерации да се стекнат со знаења, вештини и компетенции, согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки […]

Поддршка од Собранието за Предлог законот за енергетика, во прво читање


Предлог законот за енергетика, во прво читање, попладнево  доби поддршка од Собранието, кое препорача да биде проследен во натамошна процедура. Со Предлог-закон за енергетика се врши усогласување со законодавството на ЕУ, со цел да има пренос и диструбуција на електрична енергија за сите. – Целта на овој закон е и да се заштитат правата на […]

Болните деца ќе учат од дома


  Болните деца ќе учат од дома, во саботите нема да се одработуваат неработни денови, а во паралелките нема да има повеќе од 30 ученици. Ова се дел од најважните измени на Законот за основно образование, кои денеска беа презентирани од Министерството за образование и наука. Предвидено е и намалување на неделниот фонд на часови […]

Пратениците ги донесоа измените на Законот за заштита од пушењето


Пратениците денеска на продолжението на 11. седница ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка. За Законот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан при присуство на 61 пратеник. На седницата не присуствуваа пратенциите од редот на опозицијската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на дебатата по Законот беа изнесени спротивставени ставови […]

Пет пратеници од СДСМ и коалицијата, Зијадин Села, Африм Гаши не гласаa за Законот за јазици


Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласаа за Законот за јазиците, покажуваат собраниските листинзи. Според листингот, не гласале ни Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците, ни Африм Гаши, лидер на Движењето Беса. Собранието денеска  го изгласа Законот за употреба на јазиците без да ги разгледа […]

Законот за укинување на поддршката за музичката продукција помина во прво читање


Предлог-законот со кој се бара прекинување на важноста на Законот за поддршка на домашната музичка продукација го помина првото читање во Собранието на Република Македонија. Предложеното законско решение беше поддржано на денешната пленарна седница со 61 глас „за“. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, образложувајќи го укинувањето на овој закон, појасни дека тој не ги дал […]

Франција: Сексуален однос со лице помладо од 15 години ќе се смета за силување


Франција ќе објави дека сексуален однос со малолетници помлади од 15 години автоматски ќе се смета за силување, изјави денеска министерката за полова рамноправност Марлен Скиапа. Реформата, која е дел од новиот закон за борба против сексуалната агресија, се носи по случај во кој маж во доцни 20-ти години е ослободен од обвинение за сексуален […]

Собранието ги изласа измените на Законот за ПИОМ


Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, […]

Нов закон за буџети со среднорочно буџетирање до крајот на годинава


Нов ревидиран закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување фискален совет, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на првиот состанок на Советот за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 – координативно тело задолжено […]

Законот за финансиска поддршка на инвестиции поставен на ЕНЕР


Законот за финансиска подршка на инвестиции со кој ќе се применуваат мерките од владиниот план за економски раст е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). – Со законот се регулира финансиската подршка на инвестициите во државата врз основа на начелата на транспарентност, еднаков третман и јавност, се наведува во описот на законот. […]