Македонија една од 15-те земји што ЕУ ги гледа како „безбедни“ за враќање мигранти


  Во понеделникот (8 декември), земјите-членки на ЕУ се согласија за својот став за два дела од законодавството за азил врз основа на концептот на „безбедни земји“. Првиот воведува листа на земји на потекло на ниво на ЕУ кои се сметаат за „безбедни“. Вториот им овозможува на земјите-членки на ЕУ да ја префрлат одговорноста за […]

Колку заработуваат Европејците? Евростат објави преглед на просечните плати


Почетокот на новата година за многумина е идеално време за промена на работното место, а платата игра клучна улога во одлуките на многу вработени. Дали некогаш сте се запрашале колку заработуваат вашите европски соседи? Јануари е популарен месец за барање нови можности, бидејќи вработените ги спроведуваат новогодишните одлуки, додека компаниите ги прилагодуваат своите планови за […]

ЕУ: Заседание на Советот за општи работи, меѓу темите и Заклучоците за проширувањето


Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ, заклучоците на Советот за проширувањето, повеќегодишна финансиска рамка на блокот, годишниот извештај на Европската комисија за поедноставувањето и програмата за работа за 2026 година, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел. Со состанокот ќе претседава данската министерка за европски прашања […]

Седум земји од ЕУ бараат да не се отстапува од планот за замрзнатиот руски имот


Седум земји од Европската Унија денеска упатија соопштение до високите функционери на ЕУ во кое образложуваат зошто, според нив, Унијата треба да продолжи со планот за искористување на замрзнатиот руски имот за заем за Украина. Во писмото упатено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Полска, […]

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата


Два дена откако Европската унија му изрече голема парична казна на X, платформата за социјални медиуми го избриша профилот за реклами на Европската комисија, додека Илон Маск го спореди блокот со нацистичка Германија. – Вашиот рекламен профил е укинат, напиша синоќа шефот на одделот за производи на X, Никита Биер, во одговор на објавата на […]

Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ


Претставници на Данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор околу текстот на Предлог-регулативата за постепено укинување на увозот на руски природен гас во Европската Унија. Согласно договореното, Регулативата предвидува правно обврзувачка постепена забрана за увозот на течен природен гас (ЛНГ) и природен гас од Русија во земјите на […]

Европарламентот го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година


Европскиот парламент денеска со 419 гласа „за“, 185 „против“ и 53 „воздржани“ го одобри Буџетот на ЕУ за 2026 година, со кој се обезбедува поголема поддршка за истражувања, развој на прекуграничната инфраструктура, контрола на границите, климатски активности и за надворешната политика. Во Буџетот вкупно 192,8 милијарди евра се предвидени за „обврски“, а 190,1 милијарди евра […]

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили,  за 5,8 отсто повеќе од лани 


Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA). Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво. Шпанија регистрира […]

Сакаме да бидеме најдобри во одделението: Мицкоски објаснува што ќе се донесе, а што не од Реформската агенда


  Пазарот на електрична енергија за домаќинствата нема да се либерализира иако тоа е дел од Планот за раст, односно Реформската агенда, како една од 12-те преземени обврски од страна на Владата до крајот на оваа година. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата посветена на […]

Европските земји предложија радикално поинаков план за Украина од оној на Трамп


  Европските земји во неделата предложија радикален алтернативен мировен план за Украина, кој ги изоставува некои од проруските точки изнесени во оригиналниот документ поддржан од САД и повикува на почитување на суверенитетот на Киев. Контра-предлогот се појави откако американските, украинските и меѓународните преговарачи се состанаа во Швајцарија. Документот од 28 точки на САД, кој протече […]

ЕУ сака водечка улога во изградбата на нови полициски сили за Газа


Европската Унија се подготвува значително да ги прошири своите полициски и гранични мисии во Газа како дел од напорите за поддршка на мировниот план на САД, според информациите добиени од dpa. Се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ да постигнат договор во Брисел во четврток за предлозите за посилна улога на ЕУ и, доколку […]

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата


По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за […]

Вадефул пред посетата на Западен Балкан: ЕУ не е далечно патување, туку конкретна перспектива


Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека државите од Западен Балкан треба да ги спроведат понатамошни реформи, бидејќи тоа е од суштинско значење за да нивните долгогодишни напори за членство во ЕУ, но и да се спротивстават на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот, јави Германската новинска агенција (ДПА). […]

Ништо не може да ја запре: Албанија го отвори и последниот кластер во преговорите со ЕУ


  Нашиот сосед Албанија го направи незамисливото, ги отвори сите шест кластери во преговорите со ЕУ за само 12 месеци. Таа го отвори и последното групно поглавје од пристапниот процес: Ресурси, земјоделство и кохезија. Официјалниот почеток на преговорите за овој шести кластер ќе биде на 17 ноември во Брисел на седмата меѓувладина конференција. Отворањето на […]

Лидерките на институциите на ЕУ во обид за договор за следната буџетска рамка


Претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола денеска ќе одржат онлајн средба во обид за надминување на разликите околу Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, вредна 2.000 милијарди евра.   Главна спорна точка во буџетот е […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Извештајот на ЕУ – „извештајче“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение призна дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е лош и него го оквалификува како метод на притисок. А во исто време тврди дека е „реален“. Во едно конфузно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека „извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел […]

Земја во соседството најблиску до ЕУ: Ги отвори сите поглавја од преговорите


Како што објави Радио Слободна Европа (RSE) а се повикуваат на извештајот, кој официјално ќе биде објавен од ЕК на 4 ноември, се наведува дека Црна Гора ги отворила сите 33 поглавја од преговорите. Особено беше пофалена континуираната политичка посветеност на црногорските власти кон стратешката цел за европска интеграција, која, како што е наведено, постигна […]

Советот на ЕУ даде зелено светло за зајакнување на влијанието на работниците во мултинационалните компании


 Советот на ЕУ денеска ја усвови ревидираната Директива за европски работнички совети, чија цел е зајакнување на влијанието на работниците во мултинационалните компании.   Со регулативата се утврдуваат нормите за формирање на работничките совети и обезбедувањето на ресурси за нивно функционирање и се гарантира заштита на нивните членови.  Со измените на Директивата се предвидува обврска […]

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. заем за репарација за финансиска поддршка на Украина за 2026 и 2027 година. Во заклучоците од вчерашниот Самит на ЕУ, усвоени доцна синоќа, во делот за […]

ЕУ размислува за прием на нови членови, но да немаат право на вето


  Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски „Политико“ од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им […]