Што стои во Декларацијата од Гранада?


  Лидерите на ЕУ, и покрај заканите од вето од Унгарија и Полска заради несогласувањата околу миграцијата, попладнево ја усвоија Декларацијата од Гранада во која начелно се обврзаа на реформи во Унијата за да се примат нови членки. 27-те лидери на ЕУ усвоија изјава од Гранада  без планираниот дел за миграцијата кој е изоставен, а […]

Санчез: Проширување на ЕУ со осум нови членки ќе создаде многу предизвици


Шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница порача дека проширувањето на ЕУ „ќе создаде многу предизвици внатре“ за Унијата, но дека Шпанија е отворена за тоа.    -Преминувањето од ЕУ со 27 во ЕУ од 35 ќе создаде многу предизвици […]

Гранада: Сите сакаат проширување, ама без парите и гласовите


  ГРАНАДА, Шпанија – Францускиот претседател Емануел Макрон денес на самитот на Европската политичка заедница во Гранада дојде со цел да ги собере земјите зад историско проширување на Унијата, што би ја интегрирало разурнатата од војна Украина и неколку други земји кандидати. Но, загриженоста меѓу земјите-членки за механиката и одржливоста на толку голема експанзија претставува […]

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ


Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи. – Не е мудро да се поставуваат […]

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ


  Дали Македонија ја чека уште една депресивна фаза по многуте што ги имаше досега? Според овдешните објави, ветувања и заколнувања Собранието нема да ги усвои уставните измени неопходни за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Додека противниците на „бугарскиот диктат“ во преговарачката рамка ќе го слават успехот ќе можат да наздрават со чаша […]

Цените на домовите во ЕУ последниве 13 години зголемени за 46, а на наемнините за 21 отсто


Во периодот од 2010 година, па до вториот овогодишен квартал, цените на становите и куќите во земјите членки на ЕУ се зголемија за 46 отсто, додека наемнините за домување пораснаа за 21 процент, јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат, во вториот квартал од 2023 година цените […]

Еврокомисијата подготвува закон за заштита од странско влијание во ЕУ


Европската комисија подготвува нов закон чија цел е заштита на европските демократии од странско влијание, преку воведување обврски за транспарентност на изворите на финансирање и поврзаноста со трети земји за оние ентитети кои „сакаат да влијаат врз јавното мислење и демократската сфера“.  – Не треба да бидеме наивни, видете ги постапките на Кремљ и другите […]

ЕУ денеска го почна процесот за реформи за да може да се проширува


  Европската унија денеска ја помина првата фаза од проектот за реформи на блокот за да може тој да прими нови членки со измена на некои одредби за одлучување, како и финансирањето. На состанокот во јужниот шпански град Мурсија, министрите за европски прашања на ЕУ ги усвоија заклучоците за кои ќе одлучува самиот на европските […]

ЕУ го намали увозот на енергија за 11,3 отсто


Европската унија и во вториот квартал го намали увозот на енергија за речиси 40 отсто, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика, што е одраз на значително намаленото снабдување од Русија. Вредноста на увозот на енергија е намалена од април до јуни за 39,4 отсто во однос на истиот период лани, а обемот на увозот […]

Годишен раст на приходот од висока технологија во ЕУ од над 10 отсто


Приходите од продажба на високотехнолошки производи во ЕУ во 2022 година достигнаа 355 милијарди евра, што претставува раст од 10,2 отсто во споредба со претходната година, кога заработката во овој сектор изнесуваше 322 милијарди евра, соопшти Европската статистичка служба – Евростат. Според податоците на Евростат, во периодот од 2012 до 2022 година просечниот годишен раст […]

Рикверцот на Макрон


Наспроти гласноста за тоа кој со кого преговара за уставните измени, на политичката сцена владее громогласен молк околу француско-германскиот официјален предлог за реформа на ЕУ, кој ја зацрта 2030 година како рок кога треба да добиеме членство. Иако сите многу се возбудија и вознемирија кога францускиот претседател Емануел Макрон пред повеќе недели порача дека ЕУ […]

Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ


Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ.  Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер […]

ЕК предлага нова рамка за намалување на трошоците за даночно усогласување на компаниите


Европската комисија денеска усвои нова рамка за оданочување на големите корпорации на ниво на ЕУ, наречена „Бизнис во Европа: Рамка за оданочување на приход“ (БЕФИТ) со која, како што најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен уште минатата година, треба да се воспостави единствен систем на „даночни правила за водење бизнис во Европа“. Како […]

ЕУ ќе ѝ помогне на Грција со 2,25 милијарди евра за справување од последиците од поплавите


За справување со последиците од невремето „Даниел“, преку фондови од Европската унија, Грција ќе може да добие до 2,25 милијарди евра, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Фон дер Лајен ја изрази поддршката за Грција и грчкиот народ, […]

Над половина од жителите на ЕУ лани користеле смарт телевизори – најмногу на Малта, најмалку во Бугарија


Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат. Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред […]

Во ЕУ немало волку банкротства на компании уште од 2015 година


Бројот на корпоративни банкротства во Европската унија во вториот квартал од 2023 година достигна највисоко ниво од 2015 година, кога почнаа да се собираат овие податоци, објави денеска Евростат. За зголемувањето на нивниот број најмногу придонесоа стечаите во секторот давање сместувачки и угостителски услуги, се вели во извештајот на заводот за статистика. Бројот на стечаи […]

ЕУ: Србија би можела да се најде под санкции поради тензиите во Косово


По Косово, Србија би можела да се најде под санкции од Брисел доколку членките на Европската унија оценат дека Белград не прави доволно за да придонесе за деескалација на кризата на северот на Косово, изјавипортпаролот на Европската комисија Петер Стано. На крајот на јуни, Европската унија усвои мерки против Косово затоа што не презема никакви […]

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ги усогласуваат мерките за справување со миграциски кризи


Министрите за внатрешни работи на ЕУ направија чекор напред кон усогласувањето на Пактот за миграција и азил на Унијата, постигнувајќи напредок во прецизирањето на мерките насочени кон ефикасно справување со вонредни миграциски кризи, информира шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. – Се надеваме дека пред крајот на овој месец ќе го имаме ставот на […]

ЕУ без договор за барањето на Турција за одмрзнување на кандидатурата за членство во Унијата


Министрите за надворешни работи на Европската унија постигнаа договор за повторно ангажирање околу Турција но поставија и одредени услови и не го поддржаа барањето на Анкара да ја одмрзне својата кандидатура за членство во Унијата. – Разговаравме како да ја обновиме соработката со Турција. Убедени сме дека постои реципрочен интерес за развој на посилни односи […]

Анкета: Повеќе од половина Британци сакаат назад во ЕУ


Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска. Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, […]