„Фајнанс Тинк“: Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал


Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во […]

Eкономскиот раст наречен желба


Трите децении независна држава, покрај неспорните придобивки во одделни општествени сегменти, покажаа дека на планот на економијата е направено недоволно, дури и премалку, за поголема позитивна оцена. Можеби некому ова ќе му изгледа престрого, имајќи предвид дека во изминатите три децении Македонија се соочуваше со енормни предизвици со кои тешко би се справиле и поголеми […]

Ципрас ја претстави стратегијата за економски раст на Грција


Грчката владина стратегија за економски раст по излегувањето на земјата од последната економска програма во август се потпира на туризмот, енергијата и бродоградењето, објави ДПА. Другите сектори на кои се потпира грчкиот премиер Алексис Ципрас за поддршка на растот на земјата се земјоделството, храната, транспортот, фармацијата, иновативните технологии и услужниот сектор. Клучна компонента од стратегијата […]

Тевдовски: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст


Безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Блумберг. Во интервјуто министерот наведува дека како резултат на солидната приватна потрошувачка и високите стапки на извоз, годинава се очекува забрзување на […]

Анѓушев: Наскоро законско решени за имплементација на Планот за економски раст


Текстот на законот во кој се формулирани мерките од Планот за економски раст е веќе изготвен од службите на Владата во соработка со сите чинители и наскоро ќе биде ставен на електронската база ЕНЕР, каде ќе можат да го видат сите заинтересирани, а до крајот на март ќе заврши и собраниската процедура по што ќе […]

Анѓушев: Економската поддршка ќе биде достапна за сите компании


Мерките за поддршка на економијата ќе бидат достапни за сите компании поддеднакво, без разлика дали се домашни или странски, доколку ги исполнат предвидените критериуми, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во Топ тема на телевизија Телма. – Оваа програма има критериуми. Нема да има разговарање, договарање, или преговарање, туку само критериуми. Секој […]

ОН: Светот бележи значително забрзан економски рас


Глобалниот економски раст годинава забрза на околу три отсто, што претставува највисока стапка на раст од 2011 година, соопштија ОН. Во годишниот економски извештај со прогнозите на ОН, „Светската економска ситуација и перспективите за 2018 година“, наведено е дека напредокот е остварен главно поради забрзаниот развој на сите големи економии, како и дека Источна и […]

Влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата


Сојузот на сметководители денеска ќе информира за влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата во услови на глобализација. Прес-конференцијата ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, а најавено е присуство на претставници од Сојузот на сметководители

Светска банка ни прогнозира раст од 1,5 отсто годинава и 3,2 отсто догодина


Поради пролонгираната политичка криза, Светска банка проектира економски раст на Македонија до крајот на годинава од  1,5 проценти. Следната година проекцијата за растот е 3,2 процента, а за 2019 година 3,9 проценти, или во просек  3,5 проценти, во очекување да закрепнат инвестиците и потрошувачката, наведува Светска банка во редовниот есенски економски извештај за Западен Балкан. […]

Анѓушев: Инвеститорите однапред ќе знаат каква поддршка може да очекуваат од Владата


Владата е отворена и транспарентна, а со Планот за економски раст се обезбедува одржливост на економијата и секој инвеститор однапред ќе знае каква поддршка може да очекува од Владата, без да мора да се спогодува со претставници на власта, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска беше главен говорник на панелот „Македонија – вртење на нова […]