Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата


Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и […]

Економијата лани порасна за 3,5 отсто


  Реалниот раст на БДП во 2025 година изнесуваше 3,5 отсто што е во линија со проекциите на Министерството за финансии, а номиналниот раст е нешто повисок од очекуваниот, соопшти денес на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. „Денеска Државниот завод за статистика ги објави податоците за растот на економијата во 2025 година и тоа […]

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата


По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за […]

Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува економскиот раст во второто полугодие од годинава да биде над три отсто. Тој, коментирајќи ги прогнозите на Светска банка дека Македонија годинава ќе има раст од само 1,8 отсто, најнизок меѓу земјите од Западен Балкан, рече дека во втоарата половина од говината очекува забрзување на стопанската динамика што ќе се рефлектира […]

Косово годинава очекува економски раст од 3,9 отсто


Централната банка на Косово (ЦБК) предвидува дека државата ќе ја затвори 2024 година со економски раст од 3,9 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на ЦБК, прогнозите укажуваат дека се очекува побрз раст на економијата на земјата во текот на 2024 година, поддржан од растот на реалниот расположлив доход, благодарение на намалувањето […]

Полска и Ирска со највисок економски раст во еврозоната во вториот квартал


Економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто на квартална основа во вториот квартал од оваа година, исто како и во претходното тримсечје, што значи дека закрепнувањето продолжува, покажаа во средата првите проценки на Евростат. Економијата на ЕУ исто така порасна за 0,3 отсто на тримесечна основа во вториот квартал, по растот од 0,3 отсто во […]

Интервју со Бранимир Јовановиќ: Неодговорни фискални политики може да нè втурнат во должничко ропство


  Предлог-ребалансот на Буџетот што го изготви новата Влада веќе е доставен до Собранието и наредната недела ќе се најде на дневен ред на матичната Комисија за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница. Со оглед на соодносот на силите во Собранието, нема сомневање дека владиниот предлог ќе помине и ќе ја добие […]

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто во 2024 година


Светската економија ќе порасне за 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели во јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена денеска. Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. – Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, што беше поддржано од силната […]

Пекинг призна дека има економски тешкотии, предвидува раст од пет проценти во 2024 година


Во Пекинг денеска официјално започна годишната седница на кинескиот Парламент, кој за оваа година постави цел за раст од околу пет проценти. Премиерот Ли Кианг ја објави целта за раст на отворањето на годишниот Национален народен конгрес. Ли рече дека економските перформанси на Кина се соочуваат со „тешкотии“ и додаде дека многу од нив „допрва […]

По стагнацијата на почетокот на годината, во вториот квартал мал раст во еврозоната


  Економијата на еврозоната забележа благ раст во вториот квартал, по стагнацијата во првите три месеци од оваа година, додека стагнираше на ниво на Европската унија, покажа во средата извештајот на Евростат, што е во согласност со првата проценка објавена на крајот на јули. Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на 20-члената еврозона порасна за 0,3 […]

По летните горештини, економско заладување


  Додека Европа ги пресметува трошоците од шумските пожари и рекордно високите температури, владите се соочуваат со дефинитивно студена есен и зима. Погодена од зголемените трошоци за задолжување и падот на довербата на бизнисот и потрошувачите, економијата на еврозоната брзо слабее. Каматните стапки оваа недела беа зголемени на рекордни нивоа, инфлацијата паѓа, но останува упорно […]

Годишната инфлација на крајот на вториот квартал беше 9,3 отсто, економскиот раст умерен


  Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се заклучува дека во текот на вториот квартал, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, додека Народната банка за стабилизација на инфлацијата и на инфлациските очекувања ја затегна монетарната политика, но презеде и други […]

Економскиот раст во САД нагло забави во првиот квартал


Економскиот раст на САД нагло забави во првиот квартал од 2023 година, и покрај силната потрошувачка, бидејќи Федералните резерви продолжија со својата историска кампања за заострување на монетарната политика. Најголемата светска економија порасна за 1,1 отсто на годишна основа во периодот од јануари до март, според прелиминарните податоци објавени од Министерството за трговија во четвртокот, […]

(Во живо) Прес-конференција на Битиќи и министерот за економија Бектеши за исплата на државна помош


На прес-конференција  денекса ќе се обратат вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши, на тема – Инвестициски циклуси на компаниите и исплата на државна помош по Планот за економски раст (Закон за финансиска поддршка на инвестиции). Проследете ја во живо:

СБ: Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година


Економскиот раст на Србија ќе забави на 3,2 отсто во 2022 година од претходно проектираните 4,4 проценти под влијание на неколку економски кризи во светот, вклучително и војната во Украина, се наведува во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Србија според извештајот објавен од канцеларијата на […]

Народна банка ја задржа каматната стапка на 1,25 отсто, инфлацијата се искачи на 7,1 отсто, се очекува забавување на растот


Народната банка ја задржа основната каматна стапка на постојнот ниво од 1,25 отсто, беше одлучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ, на којашто беа разгледани најновите движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Инфлацијата во првите […]

Годинава економскиот раст на ЕУ изнесува четири отсто


Белгија – Европската унија ќе забележи економски раст од четири отсто во 2022 година и 2,8 отсто во 2023 година, соопшти денеска Европската комисија. Во 2021 година ЕУ имаше економски раст од 5,3 отсто. Зимските економски прогнози за 2022 година наведуваат дека Унијата како целина го достигнала нивото на бруто домашен производ (БДП) од пред пандемијата […]

Економијата на Јужна Кореја со најголем раст во последните 11 години


Во 2021 година, економијата на Јужна Кореја расте со најбрзо темпо во последните 11 години. Ова се должи на стабилниот извоз и силната активност во услужниот сектор, соопшти Централната банка на земјата. Годишниот раст од 4 проценти доаѓа во време на пандемија која ги наруши глобалните синџири на снабдување. Сепак, Централната банка се обидува да […]

Кои земји најбрзо закрепнаа од пандемијата?


Ирска постигна импресивен раст во улови на корона кризата и бележи најбрзо закрепнување меѓу 23 земји на ОЕЦД. Од европските земји најлошо е рангирана Шпанија, но последиците од кризата ги трпат и Велика Британија, Италија и Португалија. Кога подетално ќе се анализираат другите важни економски показатели, излегува дека Данска, Словенија и Шведска најдобро се справиле […]

ММФ: Раст од 4,2 и инфлација од 3,9 проценти во 2022, пандемијата и понатаму предизвикува неизвесност


Тимот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува економскиот раст во државава да се зголеми од 4 проценти годинава на 4,2 проценти в година, главно поттикнат од големата домашна побарувачка. Очекува инфлацијата во 2022 година да биде 3,9 проценти во просек и да се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во […]