Еврото и британската фунта ноќеска на ново рекордно ниско ниво во однос на доларот


  Еврото во текот на ноќта падна на ново 20-годишно најниско ниво во однос на доларот, а британската фунта на историски рекордно ниско ниво, јавија германските веб-страници за финансиски информации. Заедничката европска валута се тргуваше по 0,95 долари, ниво што не е регистрирано од 2002 година. Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок […]

Еврото утрово благо порасна во однос на доларот


  Курсот на еврото во однос на доларот денеска остана без голема промена во однос на американската валута. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт, еврото се задржа на 1,008 долари, што е за 0,006 евра повеќе во однос на нивото пред вчерашното затворање, јавија германските медиуми за финансии. Европската централна банка (ЕЦБ) вчера го одреди референтниот […]

Еврото повторно падна во однос на американскиот долар


Еврото утринава падна под 0,99 долари, што е најниско ниво во последните 20 години, по минатонеделната најава дека Русија ќе ја намали испораката на гас за Германија преку гасоводот „Северен тек 1“. Еврото падна за 0,7 отсто на 0,9884 долари во раната трговија, што е најниско ниво од декември 2002 година. Еврото се тргува под […]

Еврото потона под еден долар


  На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово дополнително се зголеми и се приближи на највисокото ниво во последните 20 години, бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни […]

Скулптурата на еврото во Франкфурт оди на аукција, недостигаат пари за одржување


  Скулптурата на еврото е еден од најпознатите симболи не само на Европската унија и нејзината валута, туку и на градот Франкфурт. Сега може да оди на лицитација бидејќи недостигаат пари за одржување. Годишното одржување чини 200.000 евра, изјави Манфред Пол, претседател на Комитетот за култура во Франкфурт, кој е сопственик на скулптурата на плоштадот […]

Доларот посилен од еврото, прогнозите за европската валута не се добри


  Денеска, за прв пат од 2002 година, заедничката европска валута вредеше помалку од доларот, а во споредба со истиот датум минатата година еврото загуби 20 отсто од вредноста. Ако се погледне периодот од почетокот на оваа година, еврото падна за околу 14 отсто во однос на доларот, пишува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Еврото денеска […]

Може ли силниот долар да ја загрози македонската економија


  Порастот на вредноста на доларот во последните недели загрижи многумина кои се прашуваат дали ваквиот тренд ќе се одрази врз националната валута денарот и врз домашната економија. Економистите велат дека нема простор за загриженост бидејќи Македонија и трговски и валутно главно е врзана за еврото. Јавниот долг претежно е изразен во заедничката европска валута, […]

Само „слабите“ членки на ЕУ сакаат евро?


„Треба да се постави прашање зошто силните членки на ЕУ, како Данска и Шведска, не го сакаат еврото… На крајот, друштвото на слабите членки на еврозоната само ќе се зголеми“, велат економистите   Линк до целиот текст на Дојче веле тука

Драматично на валутните пазари: Доларот вреди колку еврото, за прв пат од 2002 година


Курсот меѓу еврото и американскиот долар се изедначи во вторникот, за прв пат по 20 години. Од утрово, едно евро е еднакво на точно еден долар, што значи дека вредноста на еврото е намалена за над 12 отсто во однос на неговата вредност на почетокот на годината. Тоа значи дека еврото е најслабо во однос […]

Доларот се изедначи со еврото, американските стоки стануваат поскапи


  ВАШИНГТОН – Американскиот долар расте толку многу што по вредност е речиси еднаков на еврото за прв пат по 20 години. Тој тренд, сепак, се заканува да им наштети на американските компании, бидејќи нивните производи стануваат поскапи за странските купувачи. Ако извозот на САД ослабне како резултат на тоа, исто така ќе ослабне и […]

Европскиот парламент го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска


Европскиот парламент во Стразбур денеска со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната. Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за […]

Во пресрет на влезот во еврозоната, во Хрватска паѓа поддршката за еврото


Поддршката за воведувањето на еврото во Хрватска за една година паднала за седум отсто, покажува истражувањето на Евробарометар, според кое Хрватите најмногу се плашат од растот на цените и сметаат дека куната ќе замине во историјата како дел од нејзиниот идентитет. Евробарометар во петокот ги претстави резултатите од истражувањето спроведено во април за ставовите на […]

Бугарија: Оние што се против кревање на ветото за Македонија се и против воведување на еврото


  Бугарската владејачка коалиција од четири партии не е обединета по прашањето за пристапување на земјата во еврозоната на почетокот на 2024 година и поделена по истата линија како и со неповрзаното прашање за ставање вето на почетокот на преговорите за пристап на соседна Северна Македонија во ЕУ. Постои кревок политички консензус за ова прашање […]

Хрватска влегува во клубот на еврото на 1 јануари 2023


  Хрватска е на пат да ја усвои единствената валута почнувајќи од 2023 година, откако ќе исполни голем број поставени критериуми, објавија во средата Европската комисија и Европската централна банка. „Денес е историска пресвртница на европското патување на Хрватска, што ги одразува решителните напори што хрватските власти ги направија за исполнување на критериумите за влез […]

Хрватска е подготвена да го користи еврото


Хрватска ги исполнува критериумите за конвергенција и Европската комисија заклучи дека е подготвена да стане 20-та членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година. -Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор кон усвојување на еврото, нашата заедничка валута. Помалку од една деценија по пристапувањето во ЕУ, Хрватска сега е подготвена да се приклучи на […]

Хрватска би можела на 1 јуни да добие позитивна оценка за еврото


Хрватска– Европската комисија планира на 1 јуни да објави извештај за конвергенција, во кој Хрватска би можела да добие конечна оценка за подготвеноста да го воведе еврото. Според агенцијата Хина, извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис, денеска потврди дека Комисијата планира да објави извештај за конвергенција на 1 јуни. – Во Хрватска, показателите за задолженоста […]

Хрватска одобри воведување на еврото во 2023 година


Хрватските пратеници денеска го одобрија законот со кој се отвора патот за воведување на еврото следната година. Земјата треба да ја замени хрватската куна со евро на 1 јануари 2023 година. Пратениците гласаа со 117 „за“ и 13 „против“ за законот за воведување на еврото. Еден пратеник од 151-члениот парламент беше воздржан, објави Еуроњуз. Десничарските […]

Еврото во Бугарија во официјална употреба од 1 јануари 2024 година


Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска изјави дека владејачката коалиција постигнала договор за Националниот план за воведување на еврото, јави дописникот на МИА од Софија. На речиси тричасовниот експретски совет, свикан од министерот Асен Василев, тие се договориле датумот за официјален почеток на употребата на еврото во Бугарија да остане 1 јануари […]

Бугарија сака да го воведе еврото од 2024, јавноста сè уште поделена


Бугарија не се откажува од својот план да ја замени националната валута со евро почнувајќи од 2024 година.  Сепак, официјална Софија мора да ги засили напорите за да им ја објасни промената на своите граѓани, кои се уште се поделени по ова прашање, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за Блумберг. Њујоршката агенција пишува […]

Курсот на еврото повторно е под прагот од 1,13 долари


Германија– Курсот на еврото денеска повторно е под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута остана речиси непроменета на 1,1277 долари. Европската централна банка вчера одреди референтна стапка на еврото од 1,1295 долари.