Еврото паѓа


Вредноста на европската заедничка валута во однос на доларот денеска падна на најниско ниво во последните четири и пол месеци, пренесува порталот „Трејдинг економија“. Според податоците на берзата, во 10 часот еврото се продавало за 1,06875 долари, што значи дека е најслабо од крајот на јуни во однос на американската валута. Инвеститорите внимателно ги следат […]

Доларот зајакна во однос на еврото откако ЕЦБ ги намали каматите, но остро падна во однос на јенот


На валутните пазари курсот на доларот во однос на еврото порасна минатата недела, откако Европската централна банка ги намали каматните стапки, но овој раст беше минимален бидејќи се очекува следната недела и американската централна банка да ги намали каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни […]

Доларот зајакна, еврото ослабе


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, по две недели пад, додека инвеститорите проценуваат дека е речиси сигурно дека и американската ФЕД и Европската централна банка ќе ги намалат каматните стапки во септември . Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни […]

Еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во последните 13 месеци


Вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, а еврото го достигна највисокото ниво во последните 13 месеци во однос на доларот бидејќи е речиси сигурно дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки во септември. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте […]

Еврото на рекордно ниво во однос на доларот во последните седум месеци


Денеска европската валута е на највисоко ниво во последните седум месеци во однос на доларот, покажуваат податоците на берзата. Во 16 часот и 40 минути еврото се продаваше на меѓународната берза Forex (Forex) за 1,095 долари, што е за 0,14 отсто повисоко од вчера и највисоко од јануари годинава. Тековните податоци за инфлацијата на производителите […]

Бислими: Од утре еврото е официјална валута во Косово


Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека утре ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. – Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. […]

Вјоса Османи: На граѓаните да им се даде одреден рок пред целосното спроведување на одлуката за укинување на динарот


Косовската претседателка Вјоса Османи денеска порача дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните за да може без проблеми да се спроведе новата Регулатива на Централната банка на Косово која предвидува исфрлање на српскиот динар од употреба во Косово. Од 1 февруари во Косово стапува во сила новата Регулатива на Централната банка за […]

Во изминатите 25 години, еврото покажа издржливост и покрај лошите предвидувања


  Валутата на Европската унија, еврото, и помага на Европа да остане самоопределена на глобално ниво, вели претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во текстот по повод претстојната 25-годишнина на валутата. „Воведувањето на втората најважна валута во светот ни даде поголема независност во турбулентен свет“, напиша Лагард во заедничката статија со Урсула фон дер […]

Еврото слави 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера


Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута. Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, […]

Еврото достигна максимум


 Европската валута денеска го достигна највисокото ниво во последните два месеци во однос на американскиот долар. Според податоците на меѓународната берза Forex, еврото денеска во 16 часот се продаваше за 1,08305 долари, што е највисока од почетокот на септември. Европската валута зајакна веќе во текот на денот, откако истражувањето на Лајбниц Центарот за европски економски […]

Бугарија: Еврото ќе мора да почека


Бугарската влада објави дека го одложува целниот датум за воведување на еврото до 2025 година. Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на 2024 година, владата соопшти дека сè уште не е направено многу за да се создадат правни предуслови за овој акт. „Неколку експерти се сомневаа во […]

Руската рубља падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година


Руската рубља денеска падна на најниско ниво во однос на еврото од март 2022 година. Според податоците на Московската берза, денеска, за прв пат од 25 март минатата година, еврото во еден момент вредеше повеќе од 107 рубљи, пренесува „Комерсант“. Во 9 часот и 38 минути вредноста на еврото се зголеми за 0,37 отсто на […]

Бугарија постави краен рок за воведување на еврото


Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека земјата се подготвува да го воведе еврото најдоцна до 2025 година. Според информациите, за ова било разговарано на средбите на министерката за финансии Росица Велкова со претседателот на Еврогрупата Паскал Донаху и европскиот комесар Валдис Домбровскис за време на состанокот на ЕКОФИН на 27 и 28 април, пишува […]

„Мудис“: Усвојувањето на еврото во Бугарија може да се одложи до 2025 година


Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ го потврди долгорочниот рејтинг на Бугарија во странска и домашна валута со стабилна перспектива, објави Министерството за финансии (МОФ), цитирано од БТА. Според „Мудис“, Бугарија сѐ уште може да ја исполни својата цел за усвојување на еврото од 2024 година, но во главното сценарио за земјата се претпоставува дека овој процес […]

Во Хрватска наплатени 234.000 евра казни за неправедно зголемување на цените


Државниот инспекторат во Хрватска изрече 151 казна во вкупна вредност од 234.000 евра за економските оператори кои прибегнале кон нефер деловни практики по усвојувањето на еврото како законско средство за плаќање во Хрватска на 1 јануари, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. – Проверките ќе продолжат, рече хрватскиот премиер. Тој истакна дека Владата има три […]

Моравјецки: Хрватска е пример дека воведување на еврото во време на инфлација е долевање масло на огнот


 Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Хрватска е пример дека воведување на еврото за време на инфлација е долевање на масло на огнот бидејќи во земјата настана хаос, а во Полска воведувањето на еврото би предизвикало инфлација поголема од сегашните 16 отсто. – Инфлацијата во Полска пристигна од надвор, беше увезена. Тоа е […]

Тарик Филиповиќ објаснува како ќе се вика квизот „Милионер“ по воведувањето на еврото


Многу гледачи сметаат дека хрватскиот квиз „Кој сака да биде Милионер?“ треба да го смени името откако еврото ги замени хрватските куни, па така, натпреварувачот кој ќе го одговори точно последното, 15-то прашање, ќе добие 150.000 ерва, место милион куни. По првата епизода со новата валута и бројните критики на ХРТ, од телевизијата на официјалниот […]

Хрватскиот државен инспекторат утврдил 1.738 прекршувања при воведувањето на еврото


  Хрватскиот државен инспекторат денеска соопшти дека досега утврдил 1.738 прекршувања на одредбите од Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска и обврската за двојно објавување на цените, како и 51 случај на продажба на одредени прехранбени производи над максимално дозволената цена на големо утврдена со одлука на Владата. Од Хрватскиот државен […]

Економисти: Хрватска преминува на евра во вистински момент


  Транзицијата на Хрватска кон еврото како нејзина официјална валута се случува во идеално време, оцени главниот економист на Хрватската стопанска комора Горан Шаравања, додавајќи дека 2022 година покажала дека фактот што една земја има своја валута не е заштита од инфлација. Во Хрватска од 1 јануари официјална валута станува еврото, а во Загреб се […]

Хрватска го пречекува еврото. Еве како ќе се одвива замената


Хрватска од 1.1.2023 г. го воведува еврото. Хрватското здружение на банки (ХУБ) претходно го објави планираниот тек на настаните по месеци. Подолу е соопштението од ХУБ за тоа како ќе изгледа процесот на преминување кон еврото од денес па натаму, пренесе Индекс. НОЕМВРИ 2022 г. Продолжува авансното снабдување со банкноти и монети евра. Завршни подготовки […]