Европската комисија објави инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за одржливо поврзување во Западен Балкан


Европската комисија денеска објави значителен инвестициски пакет од 3,2 милијарди евра за поддршка на 21 проект од областа на транспорт, дигитализација, клима и енергетско поврзување во Западен Балкан. Ова е првиот голем пакет на проекти во рамки на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој Комисијата го усвои во октомври 2020 […]

Европската комисија предложи закон за минимален данок за сите компании


Европската комисија денеска предложи закон со кој ќе се овозможи имплементација на глобалниот договор за минималната стапка на корпоративниот данок во Европа, што го постигна Групата 20 најголеми светски економии (Г20). Предлогот на Комисијата вклучува збир правила за тоа како да се пресмета глобално договорената ефективна даночна стапка од 15 отсто, за таа доследно да […]

Заслужува ли Богов уште еден гувернерски мандат?


Димитар Богов е во трка за нов седумгодишен гувернерски мандат. За многумина тој е очекуван предлог на претседателот Ѓорѓе Иванов. Шефот на државата ја поткрепи поддршката за Богов со наводни двомесечни консултации со двете стопански комори, со банкарскиот еснаф и со академиците, како и со позитивната оценка на Европската комисија за севкупната работа на Народната […]

Могерини не виде обединети


Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ги повика вчера политичките лидери во Македонија да бидат горди што земјата се врати на патот каде што припаѓа и да не заборават како дојде до тука, по најтешката политичка криза досега. – Ова е местото каде што треба да бидете, со јасна неусловена препорака за влез во […]

Османи: По извештајот и препораката, очекуваме датум за преговори


Извештајот на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака за почнување преговори за членство е патоказ кој ни покажува во кој правец понатаму треба да се движиме. Во Извештајот има позитивни, но и негативни забелешки, а нашата нова цел е мошне блиску. Тоа е јунскиот Самит на ЕУ каде очекуваме да добиеме датум за почеток […]

Анѓушев: Извештајот на ЕК реално ги отсликува состојбите во економијата


Извештајот на Европската комисија реално, прецизно и точно ги отсликува сите состојби во македонската економија, владиниот план за економски раст треба да помогне да се подобрат состојбите на кои се укажува, како сивата економија, а покрај на нејзино сузбивање мора да бидеме посветени и на иновативните процеси, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. […]

Могерини: Ова е само првиот чекор од еден долг пат, потребно е поголемо единство и работа


Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, која изрази задоволство што опозицијата се врати во законодавното тело. – Вие ја споделувате обврската за иднината на […]

Оптимизмот на Могерини и Заев во фокусот на грчките медиуми


Оптимизмот изразен од Могерини и Заев дека може да се најде решение на името се најде во фокусот на грчките медиуми во извештаите за вчерашната средба на македонскиот премиер со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ и комесарот за проширување. „Комесарот за проширување ја отвори вратата на Европската унија за ПЈРМ“; „Оптимизам за изнаоѓање […]

Брисел ни даде награда за добро однесување: Македонија на чекор до преговори


Европската комисија ја награди вчера Македонија со чиста препорака, но веста едвај предизвика некаква егзалтираност во земјата, иако беше дочекана како позитивна. Фактот дека е десетта, дека само од неа не зависи дали Македонија ќе започне преговори за членство и дека граѓаните се изначекаа – фрли сенка на гордоста што конечно нашата држава беше посочена […]

ЕК: Големата сива економија е клучна економска слабост


Во Извештајот за Македонија 2018, Европската комисија во делот на економските критериуми констатира дека земјата постигна одреден напредок и е на добро ниво на подготвеност за развој на функционална пазарна економија. „И покрај политичкиот застој во првата половина од годината, дојде до значајно подобрување, посебно во управувањето со јавните финансии и транспарентноста. Остануваат клучните слабости […]

Брисел ни даде препорака и порака: Направената штета ќе се поправа со години


„Европската комисија, како резултат на постигнатиот прогрес, препорачува отворање на преговорите за членство со Македонија. Задржувањето и продлабочувањето на сегашниот реформски моментум околу ургентните реформски приоритети ќе бидат решавачки за идниот прогрес на земјата. За да го поддржи ова, Европската комисија ќе примени зајакнат пристап за преговарачките поглавја околу судството, фундаменталните права и правдата,слободите и […]

Брисел утре ќе ги објави извештаите за прогресот: Препораката за Македонија е напишана


  Европската комисија утре ќе ги објави извештаите за прогресот на Македонија и другите земји кандидати во Стразбур. Според увидот на „Радио слободна Европа“ (РСЕ) во извештаите, невралгични точки во сите држави од Западен Балкан остануваат владеењето на правото, организираниот криминал и корупцијата, како синоними за секоја држава во регионот. Исто така, ЕК повторно во […]

Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9, очекуваме чиста препорака


Македонија успеа да испорача исклучително поволна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел. Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над […]

Повеќе од една четвртина пензионери во Хрватска се на праг на сиромаштија


Најновите податоци на Европската комисија за животниот стандард во ЕУ, предупредуваат дека 26,5 отсто од хрватските државјани на возраст над 65 години се на прагот на сиромаштијата. Тоа е, според истиот извор, речиси двојно повеќе стари лица изложени на ризик од сиромаштија во Хрватска отколку европскиот просек (14,7 проценти), со што Хрватска е рангирана меѓу […]

Европската унија се подготвува да создаде „воен Шенген“


Европската комисија денеска ќе претстави акционен план за создавање на „воен Шенген“ за да го олесни транспортот на војници и техника во Европската унија, за кој моментално има повеќе административни формалности и недостиг на инфраструктура. Акцискиот план предвидува да се одредат потребите на воениот транспорт и да се провери инфраструктурата што се употребува. – Овие […]

Борисов: Има напредок во инфраструктурното поврзување на Западниот Балкан


Напредокот во иницијативите за зголемување на меѓусебната поврзаност на Западниот Балкан е едно од постигнувањата меѓу приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ, што се однесуваат на европерспективата на регионот, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович. Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, на средбата било изразено […]

ЕК очекува европските часовници да се синхронизираат до Велигден


Европската комисија денеска изрази очекување дека нарушената работа на дигиталните часовници на континентот ќе се нормализира до Велигден, односни кон почетокот на април. Комисијата појасни дека досега е објаснето како дa се надоместат недоволните количества струја во европскиот енергетски систем. Портпаролот на институцијата изјави дека досега вакво нешто не се случило. Фреквенцијата на електрична енергија […]

Претседателот на ЕК со охрабрувачки пораки: Јункер ќе ги спојува географијата и историјата


  „Импресивно е, но продолжете“, беше охрабрувањето на претседателот Жан Клод Јункер за премиерот Зоран Заев, за време на вчерашната посета на Накедонија. Тој не штедеше комплименти за реформите, но не беше дециден кога Европската комисија ќе ја тргне условената препорака за Македонија, најавувајќи ја како реална можност за наредните месеци. „Не дојдовме овде за […]

Јункер на балканска турнеја, ќе ја почне од Македонија


Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ќе ја започне в недела на 25 февруари со посета на Македонија, во рамки на која до 1-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан. Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за […]

ЕК: Изјавата на Рама за заеднички претседател е несоодветна


Изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна. Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи. – ЕУ очекува да продолжи изградбата на […]