Што предвидува ЕК во Пролетните прогнози: Македонија со раст од 2,9 отсто годинава


Европската комисија во најновите Пролетни прогнози предвидува раст за Северна Македонија од 2,9 отсто оваа година и 3 отсто во 2025 година, како и намалување на инфлацијата на три отсто годинава и 1,9 отсто иднарта година. Сепак, кд ЕК предупредуваат дека прогнозираните стапки за раст на БДП годинава би можеле да дојдат во прашање доколку […]

Епл може да биде казнет со 500 милиони евра, ги мамеле корисниците во Европа


Епл може да се соочи со казна од ЕУ од дури 500 милиони евра за ограничување на пристапот до услугите за стриминг на музика, што би било голем удар за американската технолошка компанија, пишува Гардијан. Европската комисија истражува дали американската компанија ги блокирала музичките апликации да им нудат на корисниците поевтини начини за претплата без […]

ЕК: Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување


Генерално, нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството и подобрување на правната рамка за заштита на основните права, оценува Европската комисија во Извештајот за 2023 година. Политичките актери, се вели во Извештајот, треба да се воздржат од јавно коментирање на судските постапки, додека Судскиот совет да ја зголеми транспарентноста во процесот на одлучување, а […]

Европската комисија ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ


Европската комисија денеска треба да гo усвои пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. По нивното усвојување на седницата на Колеџот на комесари, извештаите за напредокот за секоја од земјите кандидати ќе бидат јавно презентирани од страна на ЕК. Пакетот […]

Американката Фиона Скот Мортон се откажа од функцијата главен економист на Европската комисија


Еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргрете Вестагер денеска објави дека Американката Фиона Скот Мортон се откажала од нејзиното именување на функцијата главен економист на Европската комисија. Вестагер не ја откри позадината зад одлуката, но таа доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон и големите европски политички групи го критикуваа предлогот да се назначи Американка на клучна позиција […]

ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ


 Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија. Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со […]

ЕК предлага мерки за намалување на штетното влијание на транспорт врз животната средина


Европската комисија предложи мерки за намалување на емисиите на штетни гасови во транспортниот сектор, преку создавање на поефикасен и поодржлив товарен транспорт, подобро управувањето со железничката инфраструктура, давање поголеми стимулации за еколошки камиони и подобрување на информациите за степенот на емисии на стакленички гасови во товарниот транспорт. Целта на ваквите мерки, како што јави специјалниот […]

Македонската економија годинава со раст од 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто, предвидува Европската комисија


Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент. Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Северна Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на […]

Европската комисија ја прошири дефиницијата, но и санкциите за корупција


  Европската комисија предложи нови правила за борба против корупцијата во ЕУ и надвор од неа, а ја прошири дефиницијата и санкциите за корупција. Комисијата сака да вклучи проневера, трговија со влијание, злоупотреба на положбата, попречување на правдата и незаконско богатење со коруптивни дела, пренесува Хина. Стандардизирањето на правните дефиниции и санкции ќе помогне во […]

Нови 53 милиони евра од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животната средина


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од страна на Европската комисија на Северна Македонија и се одобрени уште три проекти, преку повикот за инвестициски грантови во вредност од 53,015,968 евра. – Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните. […]

Европската комисија предложи нови фискални правила, ги омекнува строгите критериуми за штедење


Изгледа дека Европската унија е подготвена да се откаже од штедењето бидејќи ги презема првите формални чекори за реформирање на долгогодишните фискални правила кои ги ограничуваат прекумерните владини трошоци. Правно обврзувачките правила, кои датираат од Договорот од Мастрихт во раните 1990-ти, ги принудуваат државите на ЕУ да го задржат буџетскиот дефицит под 3 отсто во […]

Што содржи предлогот на ЕК за ублажување на енергетскиот ценовен шок


  Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ги презентираше предлозите за олеснување на ценовниот шок врз граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел. – Главната мерка што ја предлага Европската Комисија е ограничување на цената на рускиот гас, и истовремено диверзификација на изворите на гас, преку увоз на течен природен гас од […]

ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови


Европската комисија  испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата. „Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки“, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава“, пренесе Бета. На крајот […]

Европската комисија предлага да се преполови употребата на пестициди до 2030 година


Европската комисија денеска предложи воспоставување правно обврзувачки цели за намалување на употребата на хемиски пестициди за 50 проценти до 2030 година и целосна забрана за пестициди на места како што се јавни паркови, игралишта и училишта. Според ЕК сегашните регулативи за ограничување на употребата на пестициди се премногу слаби и не се применуваат доследно низ […]

„Политико“: Европската комисија ќе препорача кандидатски статус за Украина


Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори. Еврокомесарите разговарале за тоа прашање во текот на вчерашниот ден, по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во саботата на Украина. „Комисијата не заборава дека […]

Европската комисија можа да препорача кандидатски статус за Украина, со јасни услови


Европската комисија (ЕК) може да препорача на Советот на министри и лидерите на ЕУ да и дадат кандидатски статус на Украина, но со јасни услови дека земјата прво треба значително да го подобри владеењето на правото и системот на борбата против широко распространетата корупција, велат европски дипломатски извори во Брисел, истакнувајќи дека неколку членки на […]

ЕК предлага нови правила за конфискација на имотот на руските олигарси


Европската комисија денеска го претстави предлогот нови правила, кои ќе овозможат конфискација и продажба на имотот на руските олигарси и предлог прекршувањето на санкциите да се вметне на списокот на злосторства во ЕУ. Според предложената директива, имотот ќе биде конфискуван од физички и правни лица кои ги прекршуваат или заобиколуваат санкциите и на оние кои […]

Европска комисија: Плаќањето за гас во рубли ги прекршува санкциите на ЕУ


Со плаќањето на рускиот гас во рубли, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерната нота на Европската комисија што ја пренесува Хина. Во документот, кој е технички и прелиминарен и се заснова на неофицијален превод на рускиот претседателски декрет од 31 март, се вели дека законот додава неколку нови […]

ЕК: Методологијата на пописот е во согласност со сите стандарди


Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали Европската комисија има коментар за разните заедници и чинители кои не се согласуваат или не ги признаваат резултатите од пописот, Европската комисија вели дека е задоволна од методологијата. – […]

Северна Македонија доби 225,6 милиони евра грант за инфраструктурни и енергетски проекти преку ЕК


Министерството за финансии попладнево информираше дека земјата добила грант во висина од 225,6 милиони евра од Европската комисија за поддршка на инфраструктурни и енергетски проекти. Грантот е одобрен во рамки на инвестицискиот пакет на Европската унија од 3,2 милијарди евра за Западен Балкан. Конкретно, поддршката се однесува за кофинансирање на проектот за рехабилитација на источниот […]