Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево 


Јапонија донира повеќе од 80.000 ерва за реконструкција на училиште во Кичени, а денеска, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.    Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите […]

Општина Гази Баба донира финансиска помош за Словенија


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во Фејсбук објава соопшти дека денеска имал средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Словенија во земјава, каде што истакнал дека Општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе да помогнат […]

Учениците од турскиот град Малатја ќе учат во новото училиште „Северна Македонија“, донација од МATTO


 Средношколците од турскиот град Малатја што на почетокот на годинава беше погоден од катастрофалниот земјотрес, претстојната учебна година ќе ја почнат во новото училиште кое ќе го носи името „Северна Македонија“, донација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО). МАТТО денеска во Скопје го потпиша Протоколот за соработка за изградба на училиштето кое ќе […]

Со донација од Комерцијална банка од 5 милиони денари целосно е реновиран Одделот за ревматологија и кардиологија на Детската клиника


Со донација од Комерцијална банка ад Скопје, во вредност од 5 милиони денари целосно е реновиран Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести која што доби целосно нов и прилагоден ентериер за потребите на пациентите и на медицинскиот персонал. Со оваа вредна финансиска поддршка, Комерцијална банка во духот на својата мисија […]

Пуштање во употреба на реновиран оддел во Клиниката за детски болести, донација од Комерцијална банка


На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје денеска ќе биде пуштен во употреба реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија, со донација од Комерцијална банка АД Скопје. На настанот предвидено е да присуствуваат министерот за здравство Фатмир Меџити, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. организацискиот директор Аркин Јахији, како и главниот финансов […]

Хрватска планира да увезува сперма од Шпанија, Данска, Италија и други земји од ЕУ


Хрватска планира да увезува сперма и јајце клетки од ЕУ, пишува Јутарњи лист, наведувајќи дека нема локални донатори, а половите клетки треба да доаѓаат од лиценцирани банки. Паровите од Хрватска на кои им треба донирана сперма или јајце-клетки за овој вид медицинско потпомогнато оплодување за да се стекнат со родителство, наскоро повеќе не треба да […]

„Ферари“ донираше еден милион евра помош за поплавените подрачја


 Италијанската Формула 1 екипа Ферари ѝ донираше на Агенцијата за територијална безбедност и цивилна заштита на областа Емилија – Ромања еден милион евра помош за поплавените подрачја. Обилните поплави усмртија најмалку 13 луѓе, а илјадници се евакуирани во северната италијанска област Емилија – Ромања. Дури 23 реки се излеаја од коритата, а повеќе 400 патишта […]

Герасимовски ја донираше платата за болно дете, ги повика и советниците да донираат


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.  По извршената донација Герасимовски ја повика општинската администрација, и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, […]

Донација од Грција за прилепската градинка „Гоце Делчев“


Школски прибор, храна и сокови донираа грчките компании во земјава преку амбасадата на Република Грција во Скопје и преку конзулатот од Битола за децата во прилепската градинка „Гоце Делчев“. Костадинос Прокакис од грчката амбасада во земјава рече дека донацијата е симболична, ама е најава за соработка. -Донацијата е мала и симболична, но битно е што […]

Донација од учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ за Турција и Сирија


Дечињата од Аеродром уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. На иницијатива на ООУ „Лазо Ангеловски”, советот на родители и со силна поддршка на учениците, актуелните и поранешни вработени во училиштето, локалното население изминатите денови во ова основно училиште беше спроведена хуманитарна акција во чии рамки беа собрани донации за настраданите во земјотресот во […]

Турската полиција уапси мажи кои се обиделе да украдат шест камиони со хуманитарна помош


Турската полиција деновиве има полни раце работа со оние кои крагат од празните куќи по земјотресот, но и со оние кои се обидуваат да ја украдат донацијата. Само вчера во текот на денот полицајците приведоа 40 осомничени за кои е утврдено дека краделе од оштетените куќи во разурнатиот град Хатај на северот на земјата. Уапсени […]

Министерството за одбрана и Армијата испратија шлепер со хуманитарна помош кон Турција


Согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош. Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.  Пратката ќе биде доставена до […]

Пендаровски со семејството донираше за настраданите во Турција и Сирија


Претседателот Стево Пендаровски заедно со неговото семејство денеска донираа храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија. -Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит, порача претседателот. Вчера беше соопштено дека Македонија преку донаторските телефонските линии и од Фондот на […]

Јапонија донира повеќе апарати за Здравствен дом – Скопје


Јапонија овозможи ЈЗУ Здравствен дом – Скопје да добие три дефибрилатори, четири аспиратори, две пумпи за шприцови, две пумпи за инфузија, 10 спинални даски, два стола за евакуација и 20 електрокардиографи, во вкупен износ од 40.420 евра.  „Во текот на 2021 година, службата за итна медицинска помош направи 6.485 ЕКГ записи, 3.362 интервенции кај сообраќајни […]

Италијанците со донација ги облекоа припадниците на шумската полиција


Денеска, во кругот на касарната Ѓорче Петров во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во присуство на италијанскиот амбасадор,  Андреа Силвестри и воениот аташе за одбрана на Италија,  Стефано Анџиони,  ја прими огромната донација на униформи и опрема од италијански карбинери, наменета за шумската полиција. Постапката за оваа огромна донација започна во декември […]

Чешка очекува 80 отсто од воената помош за Украина да и биде надоместена од НАТО и ЕУ


Чешка очекува 80 отсто од воената помош доставена за Украина да и биде вратена од фондовите на НАТО и на ЕУ, до крајот на оваа или во текот на наредната година, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова. „Од првиот момент кога почнавме да испраќаме воен материјал во Украина, доставивме и барања за компензација. Фондот […]

Здружението „Заедно посилни“ донираше лекови и медицинска опрема за Инфективната клиника


Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ – Скопје на Клиниката за инфективни болести и предаде донација во биомедицинска опрема, која, како што велат, ќе и помогне во понатамошното справување со Ковид-19 на оваа здравствена установа. Донацијата, како што информира Задружението, потекнува од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и […]

Ранци и комплетен прибор добија сите 280 првачиња од Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“


  Среќен почеток на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор за да редат големи успеси во учењето и во животот им посакаа генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов. На радоста на првачињата и немаше крај, а добија […]

ГОБ „8 Септември“ доби софистицирани медицински апарати од Јапонската амбасада во Скопје


 Заокружени се два значајни проекта финансирани преку јапонската Програма за мали грантови (GGP) чија вредност е околу 160 илајди евра. Во ГОБ „8 Септември“ од денеска пациентите со кардиоваскуларни заболувања ќе имаат можност за дијагностика и лекување со новиот дигитален подвижен ангеограф на одделот за кардиологија во вредност од околу 100 илјади евра, информира министерот […]

Општина Кисела Вода и РК „Алкалоид” го опремија кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”


  Општина Кисела Вода соопшти дека со донација од РК „Алкалоид” целосно е опремен кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”. Градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Ракометниот клуб „Алкалоид”, Горан Минов, заедно со други претставници од раководството на клубот, денеска го посетија ова училиште, каде компјутерската опрема е веќе поставена и подготвена […]