Гвардиола донираше 150.000 евра за помош на бегалци


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 150.000 евра во невладина организација, која се занимава со спасување бегалци во Средоземното море. Фудбалерот го одреди износот за обновување на брод за спасување, на кој итно му треба поправка. Организацијата, наречена „Проактива опен армс“ (Proactiva Open Arms), е основана во 2015 година и помогнала да се спасат […]

Австриски доктор донира бионичка рака за пациент од Македонија


Доктор од Австрија донира бионичка рака за пациент од Македонија, на кого раката му е ампутирана над надлактицата. Професор д-р Оскар Асман ја овозможи донацијата за време на вториот меѓународен симпозиум IASPT, во организација на Медицинскиот универзитет во Виена, соопштија од Министерството за здравство. – Остеоинтегративната бионичка протеза, која првпат се вградува кај пациент од […]

КИЦ доби ново пијано по 46 години


Културно-информативниот центар од Скопје доби ново пијано за потребите на музичката активност во „Салон 19,19“. Пијаното е донација од Интернационалната фондација за музика и уметност (IMAF), со седиште во Вадуц, Лихтенштајн, која неодамна помогна и во реновирањето на камерниот салон на КИЦ. „Сиве овие години КИЦ користеше пијано од марката „Петроф“, кој веќе одамна е […]

Да му помогнеме на Марко за безгрижно детство


Шестмесечниот Марко има вродена срцева мана, дијагностицирано му е VSD (меѓукоморен дефект) за кое е потребно операција која треба да се изврши во Република Бугарија на 14.5.2018 година. Операцијата изнесува 13.800 евра, сума која без нашата хуманост  родителите не се во можност да ја обезбедат. Донирајте за да му обезбедиме на  Марко шанса за подобар […]

Се донираат книги во училишни библиотеки од рурални средини


Повеќе од 1.200 книги од 15 наслови ќе бидат донирани во 39 рурални училишни библиотеки низ Македонија. По повод 2 април, Светскиот ден на литературата за деца и роденденот на Ханс Христијан Андерсен донацијата ја реализира издавачката куќа „Вермилион“ во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и здружението „Конект“. Меѓу […]

Деца од Македонија донираат коса за болни од рак во Холандија


Малата надежна балерина, велешанката Бојана, пред две години не се двоумела дали да ја потстрижи својата долга коса, иако за една балерина пунџата е дел од имиџот. Фактот дека таа ќе се искористи за перика и ќе му биде донирана на дете што останало без коса поради хемотерапија бил пресуден Бојана да се вклучи во […]

Македонијо, да и помогнеме на Ања


Македонија е на нозе по повикот на социјалните мрежи да и се помогне на младата штипјанка, Ања Минова, која е хоспитализирана пред неколку недели и по извршен зафат на срцето е префрлена на хемофилтрација во клиниката на Жан Митрев. Со цел да се врати минимум нормалната функција на срцето и да се спаси животот на […]

Со купување леб на парчиња на Жито Лукс донирате за медицинска опрема


Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за […]

Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари на Центарот за сензорна терапија


Општина Аеродром ќе издвои 300.000 денари од својот буџет за стручни лица кои ќе работат во втора смена во Центарот за сензорна терапија „Во мојот Свет“. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин кој заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е Иван Петков го […]

Во Струмица доделени два тона храна на социјално загрозени семејства


Организацијата „Банка за храна“ во соработка со општина Струмица и партнер здружението Организација на жени доделија два тона храна на социјално загрозените семејства во Струмица. Од Банката за храна велат дека од идната година планираат воведување системско решение за оваа акција. „Традиционално во овој период делиме пакети за социјално загрозените семејства. Малку да им компензираме […]

ЕЛЕМ ќе донира за прочистувачи на воздух во градинките во Тетово


Тетово – Заменик генералниот директор на ЕЛЕМ Фатмир Лимани ја посети денеска градинката „Младост“ во Тетово и се сретна со директорката Рамије Даути за да ја информира околу одлуката на компанијата за донирање средства за набавка на прочистувачи на воздух. За овој проект за набавка за прочистувачи на воздух за повеќе детски установи низ градовите […]

Хрватската претседателка мора да врати 300 долари кои ги добила како подарок


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе мора да врати 300 австралиски долари, кои ги добила како подарок за време на посетата на Австралија летово. Кабинетот на Китаровиќ побарал мислење од хрватската Комисија за судир на интереси, откако забележале дека во подароците дадени од страна на Хрватите со кои се сретнала во Австралија има и паричен подарок. […]

Ветено-сторено: Антиќ донираше за Гешовски


Перо Антиќ го исполни ветувањето и донираше средства за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје и Работнички Стеван Гешовски – Гешо, кому му се е потребна помош за лекување во Русија. Откако преку соопштение КК Гостивар најави дека нивниот претседател Перо Антиќ ќе ја покрие сумата од 8.000 евра која недостасуваше Гешовски да замине на лекување, […]

Чичаковски го донирал бонусот од над четири илјади евра


Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски средствата од бонусот за локалните избори, во износ од 260.000 денари, ги донирал во граѓанската организација „Полио плус – Движење против хендикеп“. Средствата, како што се соопштува, ќе бидат искористени за унапредување на политичката партиципација на лицата со попреченост. – Вчера имав средба со претседателот на ДИК. Ние […]

Вардарци донираа 265 книги на нашинците во Нашице


Европскиот ракометен шампион Вардар ја исполни својата цел, па на македонската заедница која живее во Нашице, Хрватска и донира 265 книги. Вардарци изминатиот период спроведоа акција за собирање и донација на македонски книги и не вчерашното гостување во Нашице во дуелот против Нексе од регионалната СЕХА лига, беа донирани 265 книги на македонски јазик, како […]

Откажана прославата за Нова година во Скопје, парите ќе се донираат


Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов. Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, пречекот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат […]