Најмладиот сопственик на компанија во Србија има две години


Точно 171 компанија во Србија имаат најмалку едно дете во сопственичката структура. Податоците од крајот на минатата година покажуваат дека тоа е само околу 0,001 отсто од сите компании во Србија. Нешто поголем е бројот на помали сосопственици. Со оглед на тоа што во некои компании ја делат сопственоста со браќа и сестри, ги има […]

Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родител поради трагедијата во Кочани


Во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба, Триглав осигурување Живот искрено сочуствува со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител. Со цел да им пружиме […]

Разговарајте со децата, скусете го времето посветено на трагедијата, одржувајте рутина


Совети за родителите како да разговараат со децата и да им го објаснат трагичниот настан од дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, испрати МОН до сите училишта, а тие преку Советите на родители, ги споделија до сите што имаат школски деца. Во трагедијата беа жртви и деца на основношколска возраст, од 14 години па […]

Скопјанец ги претепал сопругата и нејзините три малолетни деца


Случај на семејно насилство во скопски Петровец.  – На 12.03.2025 во 12 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 4 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три […]

Страшни детали од Брчко: Сѐ уште непознати родители на пронајдени деца, некои заразени со паразити


Окружното обвинителство Брчко утврди шокантни детали од куќата во која минатата среда беа пронајдени 31 дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден, ниту кои се нивните родители. Главниот обвинител изјави и дека децата не знаеле каде се и со кого се и дека живеат во нехумани услови, поради што на некои им биле дијагностицирани […]

Колку строгиот однос на родителите кон децата може да влијае врз нив во зрелоста


Строгите родители можат да имаат долгорочно влијание врз личноста и начинот на размислување на детето. Специфичните стандарди, строгите правила и потребата да се исполнат родителските очекувања може да ги обликуваат моделите на однесување кај децата кои остануваат присутни и до зрелоста. Некои од овие особини претставуваат предизвици со кои луѓето мора да се справуваат во […]

Тригодишно дете заболено со голема кашлица


За една недела, односно во периодот од 24 до 30 јануари годинава, пријавен е еден нов случај на голема  кашлица, за разлика од претходниот седмодневен период кога биле пријавени два случаи. Станува збор за дете од Пробиштип на возраст од 3 години, вакцинирано согласно возраста, кое е епидемиолошки поврзано со претходно заболен член од  истото […]

Пет скандинавски зимски правила за среќни деца


Родителите во Скандинавија имаат посебни начини да ги запознаат децата со зимата и да уживаат во студеното време. Како резултат на тоа, децата во Скандинавија се посреќни и поздрави бидејќи се навикнати на свеж воздух и движење, дури и во зимските месеци. Ни претстојат уште неколку зимски недели, а снегот е на пат. Возрасните понекогаш […]

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спорт


 Спортот како поправна мерка за малолетниците на возраст од 12 до 18 години, осудени за блага деликвенција ќе се користи во Грција, а децата ќе бидат вклучени во аматерски спортски клубови во Грција со цел нивна интеграција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за иновативна мерка презентирана од надлежните грчки министри за спорт […]

Производите на прехранбените гиганти поттикнуваат зависност кај децата, поднесена тужба во САД


 Група прехранбени гиганти, вклучувајќи ги Крафт Хајнц, Монделез и Кока-Кола, се под лупа во САД поради наводно дизајнирање и промовирање на „ултра-обработена“ храна која предизвикува зависност кај децата и промовира развој на хронични болести. Тужбата пред судот во Филаделфија ја поднел Брајс Мартинез од Пенсилванија, кој тврди дека конзумирањето на производите на компанијата предизвикало развој […]

Што ѝ порачаа децата на Владата на средбата со Мицкоски и министрите?


Денес, на Светскиот ден на детето, децата и адолесцентите ја предводеа дискусијата на средба со Владата на високо ниво, каде што ги споделија гледиштата за три мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатската криза, напредните технологии и демографските промени. Околу 45 деца на возраст од 13 до 17 години од целата земја се сретнаа со премиерот Христијан […]

Почнува кампањата „Сите права за сите деца“


На Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“ и Народниот правобранител во Северна Македонија почнуваат кампања „Сите права за сите деца“ со подготвено едукативно видео за правата на децата.  Како што соопшти Фондацијата, видеокампањата е дел од проектот „Децата на 1-во место!“, финансиран од Европската Унија, […]

Бесплатна градинка за децата Роми од ранливи семејства во „Раде Јовчевски – Корчагин“


Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“. Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во […]

Мали работи кои децата ги забележуваат повеќе отколку што мислат нивните родители


Да се ​​биде родител не е лесно бидејќи има многу работи за кои треба да се грижите. Меѓутоа, понекогаш родителите не се ни свесни дека децата ги забележуваат малите нешта што ги правиме за нив или пред нив. Ниту еден родител не може да му понуди на своето дете совршено детство, но децата се природно […]

Во дел од Австралија, 10-годишните деца ќе можат да одат во затвор


Деца од 10 години наскоро ќе можат повторно да бидат затворени во Северната Територија на Австралија (НТ), откако тамошната влада ја намали возраста за кривична одговорност. Австралиските држави и територии беа под притисок да се зголеми возраста за кривична одговорност од 10 на 14 години, во согласност со другите развиени земји и советите на ОН. […]

Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија


Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 […]

Москва забрани странци во чии земји е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца


Руската Државна дума (долниот дом на Парламентот) го одобри денеска на прво читање предлог-законот со кој се забранува граѓани од држави каде е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца – мерка која според законодавниот орган е неопходна за зачувување на „традиционалните вредности“. Минатата година Русија воведе забрана за нејзините граѓани да го менуваат […]

Две деца се здобиле со изгореници по пожар во куќа во Прилеп


Две деца се здобиле со изгореници откако избувнал пожар во куќа во Прилеп. Децата биле оставени сами во една од просториите на куќата. „Вчера  во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп , во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца […]

УНИЦЕФ: Над 2.000 деца во Франција се бездомници


Повеќе од 2.000 деца во Франција се принудени да спијат на улица, покажуваат податоците на УНИЦЕФ Франција и Федерацијата на актери на солидарноста (ФАС). -Неприфатливо е едно општество да се однесува на овој начин со своите деца. Многу сме загрижени што ситуацијата секоја година се влошува, трагедија е кога знаеме за погубните последици и за […]

Франција започнува со тестирање на забраната за користење мобилни телефони за деца под 15 години во средните училишта


Во околу 200 средни училишта во Франција, децата на возраст под 15 години ќе мора да ги предадат своите мобилни телефони при влегувањето во училиште, во тест процес кој, доколку биде успешен, ќе се спроведе низ целата земја. Во Франција во 2018 година беше воведена забрана за користење мобилни телефони за учениците во средните и […]