Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје


Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа […]

Андоновски: Засега не се планираат ограничувања на социјалните мрежи за деца по примерот на Австралија


Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години. -Секоја забрана […]

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести


 Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција – со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и […]

Образованието и комуникацијата се неопходни за ресоцијализација на деца во судир со законот


 Средбата на деца со нивните осудени родители им овозможува на семејствата полесно да ја пребродат траумата додека нивниот член издржува казна затвор, смета Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во врска со отворањето на детското катче во Казнено-поправната установа Идризово. Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда денеска го […]

Секое дете да има право да учи, да игра и да биде прифатено


Министерствата за образование и наука и за спорт, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Фудбалската федерација на Македонија и УНИЦЕФ, на Светскиот ден на детето – 20 ноември, почнуваат кампања против дискриминација во фудбалот, насловена „Еден тим за секое дете – нулта дискриминација“. „Светскиот ден на детето е симбол на правата, надежите и иднината […]

Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување


Еден од пет тинејџери во Србија има ментални проблеми, 27 проценти од нив доживеале семејно насилство додека 4,5 проценти се обиделе да се самоубијат. Тоа се цифри од новата студија на Институтот за ментално здравје, Медицинскиот и Филозофскиот факултет во Белград. Како што објави Време во најновиот број – тие поминаа речиси незабележано иако се […]

Десет болни и повредени деца од Газа пристигнаа во Велика Британија на лекување


Критично болни и повредени десет деца од Газа пристигнаа со своите семејства во Велика Британија на лекување, објави денеска британската Влада. Светската здравствена организација (СЗО) објави дека учествувала во евакуацијата на десетте деца, а во наредните недели се очекуваат уште. Децата и нивните семејства прво беа евакуирани од Газа во Јордан, каде што за нив […]

Застрелан таткото кој избега со деца во дивина, децата пронајдени


Двете деца на бегалец убиен од полицијата на Нов Зеланд во понеделник се пронајдени по речиси четири години бегство, соопштија властите. Том Филипс исчезна на Северниот Остров во декември 2021 година со своите три деца. Со семејството ретко се гледа оттогаш. Филипс беше убиен од полицијата во понеделникот откако полицајците реагираа на пријава за провала, […]

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо


Продолжен е притворот на 43 годишниот родител од Скопје, кој на 24 август  на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев  денеска за […]

Децата учат како да фрлаат бомби: Русија создава нова генерација војници во летни кампови


Во Русија, училиштето започнува на почетокот на септември, а многу ученици – околу 4,5 милиони од нив – ги поминуваат последните денови од летото во летни кампови. Но, наместо пливање, работилници и игри, некои од нив учествуваат во воена обука и учат „како да ја сакаат Мајка Русија“. На бреговите на Дон, недалеку од Ростов […]

Зошто емоционалната исцрпеност е сè почеста кај децата?


Во брзиот, дигитализиран свет, децата се справуваат со голем број емоционални предизвици, а родителите можат да им помогнат на одредени начини. Според експертите, детството некогаш се сметало за безгрижен период, но младите луѓе сега почесто доживуваат емоционална исцрпеност. Сепак, отворената комуникација, поставувањето граници и давањето приоритет на менталното здравје се клучни за одгледување генерација која […]

Зошто пристапот на нежно родителство не се препорачува при воспитување деца


За многу родители, концептот на нежно родителство е добредојдено отстапување од строгата дисциплина и викањето, но експертите велат дека овој пристап не е соодветно решение. Имено, нежното родителство има свои ограничувања и понекогаш не ги дава очекуваните резултати. Сето ова не значи дека е лош пристап, но треба да се применува внимателно, флексибилно и прилагодено […]

Овие фрази од егоцентрични родители негативно влијаат врз емоционалниот развој на детето


Некои фрази што децата ги слушаат од егоцентрични родители можат да останат врежани во нивната меморија цел живот. Како што објаснува Саманта Силверман, авторка на книгата „Silver Linings: From Surviving to Thriving After“, кога сме млади, нашите мозоци сè уште се развиваат и сме најподложни на влијанија, па затоа е природно да им веруваме на […]

Лани 19,5 милиони деца во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост


Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%), објави Евростат.  На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), […]

Заврши „Квалитет 2025“ во Скопје: Турнир што ја покажа иднината на македонскиот шах


 Со учество на околу 200 талентирани деца од осум држави, викендов во Скопје заврши престижниот шаховски фестивал „Квалитет 2025” во категориите до 8, до 10 и до 20 години. Младите шахисти ја демонстрираа својата страст, талент и борбеност, играјќи седум партии поделени во сабота недела и понеделник. Во конкуренцијата до 8 години, доминација покажа Јован […]

Овие родителски навики можат да ја нарушат самодовербата на децата


Самодовербата кај децата не се развива преку ноќ, туку се гради преку секојдневни интеракции, поддршка и чувство на сигурност што детето го добива од своите родители. Иако повеќето родители го сакаат најдоброто за своите деца, одредени навики можат да ја нарушат самодовербата на детето. Наместо да се чувствува ценето онакво какво што е, детето почнува […]

Инџиково добива градинка за 48 деца


Општина Гази Баба ќе добие нова градинка во населба Инџиково, која се гради со средства од државниот буџет, преку проект од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот Бобан […]

УНИЦЕФ: Седумдесет и три проценти од децата се подложени на насилна дисциплина во домот


 Седумдесет и три проценти од децата се подложени на насилна дисциплина во домот, а најдискриминираните деца се од ромската популација, е заклучок од денешната презентација на клучните наоди од Анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите и на Заклучните согледувања на Комитетот за правата на детето, што се одржа во Собранието. Силвија Ќијаручи, […]

Директор на СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа. Како доктор, јас сум бесен


Директорот на Програмата за вонредни ситуации на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека умовите и телата на децата во Газа се скршени по два месеци блокади на помошта и континуирани напади. Израел го блокира влезот на храна, гориво и медицински материјали во Газа од 2 март. „Ги скршивме телата и умовите на децата од […]

Страв, гнев и вознемиреност најчести проблеми пријавени на линијата за помош на деца „Ало Бушавко“


Линијата за помош на деца „Ало Бушавко“ при Првата детска амбасада „Меѓаши“ во текот на изминатата година примила 208 повици, при што поддршка добиле вкупно 222 деца и млади лица. Најзастапени проблеми биле оние поврзани со менталното здравје, а најчесто пријавуваните состојби се страв, вознемиреност и проблеми со гневот. Според возрасната група, најмногу се однесувале […]